RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЉУБОВ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
ДЕПРЕСИВЕН ФЕЈСБУК
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ЕМОТИВНИ РЕКЛАМИ ЗА СКЕПТИЦИ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
ИНТЕЛИГЕНТЕН АЛКОХОЛ
Среда, 03 Август 2011
Слика
ПОДОБРЕТЕ ЈА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА
Недела, 30 Октомври 2011
Слика
СТО ЦЕНТИ ПОВРЕДНИ ОД ЕДЕН ДОЛАР
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
ШТО Е ДЕПРЕСИВЕН РЕАЛИЗАМ?
Четврток, 04 Октомври 2012

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ЧИТАЊЕ, ПИШУВАЊЕ, МАТЕМАТИКА - СМРТ! PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4206 пати
Недела, 06 Ноември 2011 10:49

Едно ново истражување за однесувањето на децата во Шпанија покажува дека е добро да се вклучува темата за смртта во училишната програма...

пишување

Исто така, истражувањето покажува дека луѓето кои имаат факултетска диплома помалку се плашат од смртта отколку оние што имаат понизок степен на образование.

Исто така, истражувањето покажа дека жените повеќе се плашат од смртта отколку мажите, а тоа може да влијае врз самиот став што децата го формираат во однос на смртта. Во истражувањето, 76 проценти од децата покажаа дека се плашат од смртта поради тоа што нивните мајки ја избегнуваат таа тема.

деца читаат

Повеќето од децата се плашат од прерана смрт и затоа си формираат лоши ставови во однос на смртта.

За ова истражување, научниците од Универзитетот во Гранада, Шпанија, повикале 288 деца на возраст од 8 до 12 години заедно со нивните родители, тутори и наставници. Истражувачите анализирале како концептот кој возрасните го имаат за смртта влијае врз однесувањето на нивните деца, врз нивните стравови, верувања и ставови за смртта.

Истражувањето покажало дека, кога станува збор за смртта и крајот на животот, треба да се промени начинот на размислување и во семејството и на училиште. Правилниот пристап кон смртта е клучен за здравјето на децата и правилното развивање на нивната личност.

смрт

80 % од наставниците потврдија дека смртта не е дел од училишната програма. Шест од десет наставници признале дека од време на време разговараат за смртта со учениците, и тоа најчесто се случува кога умира некој близок на децата.

Истражувачите од Универзитетот во Гранада сметаа дека воведувањето теми за смртта е од големо значење. На смртта треба да се гледа како „начин на кој се цени животот, односно како инструмент со кој ќе се надминат нереалните идеа кои се пренесуваат преку медиумите. Ваквиот начин на едукација ќе им помогне на децата да смислат стратегија за пристап кон смртта додека се живи, со што ќе се избегнат негативните влијанија врз нивното физичко и психичко здравје."

гробишта

Уште еден податок што го даде истражувањето е дека повисокото ниво на образование ги намалува негативните влијанија како што се стравот од смртта и избегнувањето на темата.

„Моментално, образовниот систем нема формален систематски метод за справување со прашањето за смртта. Ако смртта како тема се воведе во образовниот систем, децата ќе развијат пореален пристап кон животот и со тоа ќе се намали болката која се јавува во текот на повозрасните години кај луѓето."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.