RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВИСТИНАТА ВО СОНОВИТЕ
Вторник, 12 Јули 2011
Слика
ЖИВОТ ИЛИ СМРТ
Четврток, 15 Декември 2011
Слика
МММ, ПОМФРИТ...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
НА ДРУГАТА СТРАНА
Петок, 13 Јануари 2012
Слика
КАКО УСПЕВА МАГИЈАТА?
Среда, 08 Декември 2010
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
КАКО ДА СТАНЕТЕ ВОЕН ПСИХОЛОГ?
Среда, 26 Октомври 2011
Слика
ЗАВИСНИЦИТЕ - НАЈДОБРИ ЛИДЕРИ
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
ИНФЕРИОРНОСТ, ШТО Е ТОА?
Петок, 01 Април 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


ТАНЦ ТЕРАПИЈА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 3021 пати
Вторник, 23 Ноември 2010 22:12

Танцувањето има бројни позитивни физички, но и психолошки ефекти – го подобрува расположението и создава чувство на исполнетост и контрола.

африкански танц

Кога на Џин Роуз од Саутингтон, Конетикат, и беше дијагностициран рак на дојката, оваа пензионерка ја преплави чувство дека е предадена од страна на своето тело. Чувството беше уште посилно откако и ги отстранија обете дојки. Тогаш еден пријател и препорача да танцува. Таа реши да се обиде. "Одам да танцувам секоја недела," вели Роуз. "Тоа ве прави да се чувствувате подобро не само физички, туку и емоционално."

Често сме склони да помислиме на танцувачките класови како на еден вид ритуал низ кој поминуваат девојчињата на премин кон пубертетот и адолецсенцијата. Воопшто не ни помислуваме дека танцувањето има некои терапевтски својства. Сепак, огромниот број научни докази укажува токму на фактот дека танцувањето има огромни позитивни ефекти во психолошка смисла, почнувајќи од тоа дека смирува и расположува, па се до тоа што создава чувство на исполнетост и контрола. "Танцот им овозможува на луѓето да се осознаат на начин за кој не биле ни свесни дека можат," вели Миријам Бергер, учителка по танцување и танцувачки терапевт на Њујорк Универзитетот. "Можете да го промените Вашето внатрешно расположение преку надворешни движења."

уметнички танц

Поефективно и од вежбање

Психолозите отсекогаш знаеја дека аеробикот и вежбите од типот "седни-стани" го подобруваат расположението на луѓето. Кај танчерите и обичните смртници, подолготрајното вежбање предизвикува мозокот да започне да ги лачи невротрансмитерите серотонин и норепинефрин, кои се одговорни за добро расположение. Не само тоа, туку и во мозочните ќелии се создаваат протеини кои го поттикнуваат развојот на нови неврони и нови врски помеѓу ќелиите. Физичките активности, почнувајќи од спринтувањето, па се до балетот, го поттикнуваат осолободувањето на ендорфини, мозочни хемикалии кои создаваат чувство на задоволство, еуфорија, и поголема подносливост на болка.

Танцувањето го подобрува расположението повеќе од физичките вежби. Во една студија на Лондонскиот Универзитет, истражувачите им дадоа за задача на пациентите кои страдаа од анксиозни пореметувања, да се вклучат во еден од следниве класови: клас по модерно танцување, клас по физичко, музички клас и клас по математика. Само кај оние кои го посетуваа класот за танцување анксиозноста значително се намали. Според една италијанска студија, пациенти кои се рехабилитираа од разни срцеви заболувања и притоа беа вклучени во класови по валцер не само што имаа поеластични артерии, туку и беа многу посреќни од оние кои возеа точак или трчаа на подвижна лента.

хип хоп

Што се смета за емоционална еуфорија која ја искусуваат танчарите? Општо правило е дека движењето во такт на музиката ги активира мозочните кружни патишта поврзани со задоволство. "На физиолошко и психолошко ниво, луѓето сакаат ред и форми, и ритамот при танцување на музика им го нуди тој задоволувачки образец," забележува Бергер.

Исто така, и мозочната структура може да објасни како танцувањето го подобрува расположението: Танцот ги поврзува луѓето, според Робин Флаум Круз, претседателка на Американската Асоцијација за Танцувачка Терапија. МРИ скенирањата покажуваат дека кога гледате како некој танцува, во Вашиот мозок се активираат неврони како да и вие танцувате. Според тоа, кога некој преку танцот изразува радост или тага, другите го чувствуваат тоа, поврзувајќи се и сочувствувајќи со емоциите.

Круз се присетува на еден клас каде што секој од студентите започна да импровизира сам за себе, а потоа постепено сите почнаа да се движат во ист ритам. "Подоцна," вели таа, "сите тие опишаа чувство дека се поддржуваат, движејќи се и уживајќи во заедничкиот ритам."

балерина

Експресивните аспекти на танцот можат да им помогнат на луѓето да се соочат со некои чувства или проблеми за кои немаат храброст во секојдневниот живот, вели Габриела Кауфман, танцувачки терапевт од Лос Анѓелес. "Една пациентка ми кажа дека нема никаква контрола врз својот живот, и се чувствува како грне во машина за грнчарија, и јас и реков, "Колку моќна метафора. Ајде да го искажеме тоа." Додека пациентката импровизирано танцуваше, се придвижија и нејзините мисли, и "таа започна да размислува, "Како можам да си ја повратам назад контролата? Како можам да се извлечам од оваа ситуација?"".

Традиционалните класови за танцување дејствуваат исто како и терапевтските сесии. Во една студија на Вулверхемптон Универзитетот од Велика Британија, учесниците во класовите за модерно танцување искусија краткотрајно подобрување на расположението. Бергер претпоставува дека чувството на достигнување и добросостојба кое произлегува од проширувањето и усовршувањето на кореографијата може да се пренесе и на другите области во животот. "Една од најважните работи во психотерапијата е повторно да ги научите работите кои не сте ги знаеле добро," вели таа. "Со танцувањето, ви се пружа прекрасна можност тоа да го направите на физичко ниво."

танго

Вашите први чекори

Немојте да бидете девојката која никој не ја поканува на танц, опуштете се и следете го ритамот.

  • Не се замарајте со превисоки очекувања. Немојте да мислите дека некој ќе бара од вас да станете танцувачка ѕвезда. Само забавувајте се, нека тоа ви биде главниот приоритет.
  • Одберете стил на танц кој најмногу ви годи. Нека тоа биде оној кој најдобро ја изразува вашата личност.
  • Не бидете престроги кон себеси. "Толку многу работи може да не наведат да бидеме прекритични кон нашите тела," вели Круз. "Но движењето е нашиот прв јазик и начин на комуницирање, а танцот е можност да се вратиме кон своите корени."

танцување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.