RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДАЛИ СТЕ САЈБЕРХОНДРИК?
Вторник, 13 Декември 2011
Слика
Х-МЕН ЗАБРАНЕТ ЗА МОМЦИТЕ
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
СОНИШТА И ИДНИНА 2
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
ДЕПРЕСИВНО МЕЧТАЕЊЕ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
ИСТОЧНИ И ЗАПАДНИ ЕМОЦИИ
Среда, 03 Ноември 2010

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


5 ПРАШАЊА ЗА ПРЕД РАЗВОД PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 9513 пати
Среда, 02 Ноември 2011 15:09

Несреќни сте во бракот? Не реагирајте брзо пред да побарате развод...

документи за развод

Има неколку работи на кои треба да се обрни внимание. Успорете и осигурајте се дека имате доволно размислено за следниот чекор.

Еве пет прашања кои треба да си ги поставите пред да побарате развод од вашиот партнер.

1. Дали размислувам нормално?

Или мојот мозок е заматен од интересот за друга личност, средовечната криза или слободниот живот? Знаеме дека кај луѓето кои имаат афера постои промена во мозочната хемија. Промената во мозочната хемија предизвикува неверојатни чувства на еуфорија или верба дека конечно е пронајдена сродната душа. Како и кај сите нови врски, оваа промена не трае долго. На крајот смиреноста и нормалноста се враќаат. Само за време на смиреното и нормално мозочно функционирање може да размислувате за развод.

делење на финансиите

Истото важи и за средовечните кризи. Во одредена фаза од животот на возрасните, често се јавува период на запрашување "што ако?" и психичко или реално играње со идејата за истражување за слободен живот и нови врски. Доколку ова ви се случува и вам, промената на брачниот статус може да не е решението на проблемите. Постојат многу разни начини за истражување на промените. Прекинувањето на бракот е прилично драстичен потег.

2. Дали сум направил/а се што можев?

Дали отворено сте разговарале со партнерот? Дали сте побарале советување и сте биле одбиени, па сте тргнале по свое? Дали сте го промениле своето однесување наместо да го повторувате старите одговори и реакции? Повеќето проблеми во бракот обично не се резултат на однесувањето на личноста. Истражувајќи и препознавајќи го вашиот дел во проблемот може да доведе до промената која ја барате од вашиот брак.

пар се разделува

3. Дали ја повторив приказната на нашиот брак?

И свесно одбивам да го осознаам доброто во врската поради бесот и нерешените грижи? Дали пронајдов некој "подобар" поради кој на бракот гледам на негативен начин кој е нереален?

Кога се откажувате од желбата да останете во брак, често се откажувате од позитивните страни на бракот. Мислите и сеќавањата имаат тенденција да се движат само кон негативноста и ги заборавате сите добри причини за да влезете во врската и да останете таму колку што е потребно.

Кога верувате дека ќе поминете низ се, тогаш можете да го пронајдете патот заедно.

развод

4. Дали ги истражив нормалните фази од бракот?

Во однос на тоа каде сум или каде сме сега? Дали го знам вообичаениот тек на бракот и како јас и мојот партнер се вклопуваме во тој тек? Дали имаме проблеми кои се вообичаени за паровите во нашата фаза од животот и бракот? Дали знам што направиле другите за да го најдат својот пат низ кризата?

Има мала вистина во старата поговорка за "7 годишна шуга" и за "синдромот на празно гнездо". Разбирајќи и препознавајќи го феноменот може да направи вистинска разлика во тоа како гледате на вашиот брак.

дете на разведени

5. Дали сум размислувал/a што ќе му кажам на децата за завршувањето на бракот?

Што би сакал/ла да знаат за оваа одлука? Дали ќе сметаат дека сум се откажал/ла? Што сакам да мислат за мене, или за нас, на крајот од бракот?

Размислете да ги напишете вашите одговори на овие 5 прашања. Ставете ги настрана една седмица и потоа повторно извадете ги. Како што ќе ги читате, разгледајте ги длабински вашите мисли за разводот пред да направите таква драматична одлука.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.