RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИНТЕЛИГЕНТЕН АЛКОХОЛ
Среда, 03 Август 2011
Слика
ПЛАЦЕНТА И БЕБЕШКИ МОЗОК
Среда, 02 Март 2011
Слика
СТРЕСОТ ФАТАЛЕН И ЗА ДЕЦАТА
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ЗАБРАНЕТО СОЦИЈАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
Вторник, 06 Септември 2011
Слика
ПОТЕКЛО НА МОРАЛОТ
Петок, 17 Декември 2010
Слика
ДАЛИ ЖЕНИТЕ САКААТ КРЕТЕНИ?
Четврток, 17 Февруари 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


7 ФРАЗИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ СРЕЌАТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 3.00 од можни 5)
прочитано 11755 пати
Сабота, 22 Октомври 2011 09:40

Иако на прв поглед изгледаат невино, и сме ги кажале многу пати, овие фрази може да ги уништат целите кои сме си ги зацртале, надежите кои ги гаиме и соништата кои ги сонуваме...

џогирање

Планирате да заработите повеќе пари? Целта ви е да бидете унапредени на работното место? Имате супер идеја за бизнис кој сакате да го започнете? Планирате да бидете поздрави или да си ги подобрите љубовните односи? Океј. Ако е така, избришете си ги од глава овие седум фрази од речникот уште денеска.

состанок

КОГА ЌЕ

Ова е една грда фраза која се појавува при опишувањето на плановите за подобрувањето на нашите животи, и звучи вака: „Кога ќе ослабам 10 килограми ќе почнам повторно да одам на состаноци со мажи. Кога ќе бидам малку повозрасен, ќе го добијам унапредувањето. Кога ќе завршам со факултетот, ќе си отворам своја фирма". Најчесто, КОГА ЌЕ никогаш не се случува - или, народски, „ЌЕ е турски глагол за НЕ". А, ако некогаш се реализира планот, обично доаѓа предоцна. Дали би било нелегално или неморално сите ваши желби и цели да ги реализирате сега? Ако одговорот е не, што чекате?

успех

ЕДЕН ДЕН

Нема ништо лошо во тоа ако имате своја листа на работи кои сакате да ги направите или места на кои сакате да одите „еден ден", но кога ќе откриете дека вашата „денешна" листа е празна, најдобро би било да почнете да се занимавате со идните цели во сегашноста. „Еден ден" ќе придонесе за да се чувствувате добро затоа што некогаш ќе постигнете нешто, но деновите, месеците, годините, па и децениите може да си поминат „како на шега" и да сфатите дека тој „еден ден" никогаш не дошол и е далеку од вас.

слабеење

СИЛА НА ВОЛЈАТА

Според експертите кои го проучуваат човековото однесување, би било добро да замислите дека силата на волјата не постои. Тоа е првиот чекор за подобра иднина. Проблемот со силата на волјата е што повеќето луѓе или мислат дека ја имаат или не. Колку пати сте слушнале нешто вакво: „Да, нормално дека после ручекот изедов две палачинки, иако си ветив дека нема да јадам благо. Што да правам, имам слаба волја!". Вашите гени ја одредуваат бојата на очите, крвната група или големината на стапалото, а не дали ќе изедете две палачинки или половина пекара.

жена разговара на телефон

СЕ НАДЕВАМ

Доста со надевањето. Престанете да се надевате дека нешто ќе успеете да направите или да чекате нешто да се случи. Ако ви треба поголема контрола над судбината, тогаш ќе мора да преземете поголема одговорност за своите постапки и последиците кои ќе произлезат од нив. Ако си седите и си чекате промените да ви тропнат на врата, ќе се надевате до крајот на животот. Потребно е да донесете некоја одлука и да започнете со нејзино реализирање. Акција, а не пуста желба.

не копче

ЏАБЕ, ЌЕ БИДЕ ПОПУСТО

Оваа фраза ќе ве спречи да направите некој важен телефонски разговор, да излезете со момчето или девојката кои ги запознавте, или да одите на кастинг за некоја филмска улога. Решение? Не чекајте се да биде совршено. Обидете се. Веднаш.

пишување

НЕМАМ ВРЕМЕ

Ова го кажуваат луѓето кои „немаат време" да започнат со посета на фитнес центри. Е сега, ако станува збор за некоја забава која ја организирате, истите луѓе се првите кои ќе ви се појават на врата со шише вино. Да, можеби мислите дека немате време за да направите нешто, но со мала организација и откажување на непотребните обврски (како на пример киснење на facebook или следење на најновите актуелности од турскиот сапунски тв живот), можете да ослободите меѓу 20 минути и два часа секој ден за да го правите она што ќе ви помогне да си го направите животот побогат и поубав.

упорност

СЕГА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ

А, кога е? Ако чекате да ви се наместат ѕвездите како што сакате... ќе причекате многу долго. Е, наместо да чекате на „вистинското време", променете го начинот на размислување и одлучете кога е „најмалку лошото време" за да започнете со она што ви е на ум. Секој успех или цел која сте ја постигнале бил резултат на некоја визија, посветеност и истрајност. А, не на изговори.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.