RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТАНЦ ТЕРАПИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ПСИХОНЕУРОИМУНОЛОГИЈА
Четврток, 14 Февруари 2013
Слика
РЕАЛНО НАСПРОТИ ВИРТУЕЛНО
Четврток, 14 Април 2011
Слика
ШТО Е ТЕЛЕПАТИЈА?
Сабота, 12 Февруари 2011
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
УТРОТО СЕПАК ПОМУДРО ОД НОЌТА
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ПОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЖИВОТНИ ЦЕЛИ
Вторник, 01 Ноември 2011
Слика
ОЛФАКТОРНО РИВАЛСТВО
Петок, 21 Јануари 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура


Сваштарник


ФАКТИ ЗА СОНОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 7570 пати
Среда, 19 Октомври 2011 00:00

Најчесто применуваната теорија за соништата е таканаречената "теорија на континуитет", а тврди дека нашите соништа се рефлексија на секојдневните искуства.

сонување

Оваа теорија многу често била одбивана. Ернест Хартман во 90тите гофини покажа дека има делови со читање, пишување и аритметика кои практично ги нема во соништата кај студентите (кои по претпоставка, поминале подолго време на читање, пишување и решавање задачи). Иако повеќемина од нив имале секс барем еднаш неделно или месечно, сексот ретко го имало во нивните соништа. Според претпоставката на теоријата, во сонот најчесто се појавуваат луѓе кои ги сретнуваме во текот на денот, а најчесто не е така.

лош сон

Сонот во РЕМ фазата содржи уште две до три лица заедно со сонувачот, а овие лица најчесто се непознати. Според нормите на Хал и Ван де Касл во врска со соништата, околу 50% од лицата во соништата на сонувачот му се непознати. Во некои соништа, процентот стигнува до 80.

Емпириските анализи на својствата и врските на "непознатите ликови" во соништата покажуваат дека тие се појавуваат според одредени правила што укажува дека елементите на сонот се рефлексија на подолготрајни процеси на меморијата. На пример, анализите на изгледот на непознатите покажуваат дека тие се најчесто мажи кои се наметливи и агресивни.

чуден сон

Во едно истражување во кое биле анализирани над 1 000 соништа, Хал (1963 г.) изјавил дека непознатите лица во сонот се најчесто мажи, дека агресивните средби се најчесто со мажи или пак непознати жени, или познати мажи или жени и дека непознатите мажи почесто се појавувале во сонот отколку жените.

Со помош на системот на Хал и Ван де Касл, Вилијам Домхоф ја анализираше улогата на "непријателите" во сонот. Непријателите беа дефинирани како ликови од сонот кои најчесто комуницираат со сонувачот на агресивен начин. Непријателите се всушност непознати машки лица или животни. Контактот со непознатите женски лица најчесто биле пријателски и кај машките и кај женските сонувачи. Домхоф (2003 г.) покажа дека кога непознатите машки лица се појавуваат во сонот, веројатноста дека тој ќе има физичка агресија е многу голема.

кошмар

Накратко, непознатите машки лица често се појавуваат во соништата и најчесто се предзнак за физичка агресија во сонот. Ова е навистина значаен податок затоа што работите добиваат смисла и немаат врска со секојдневните искуства. Непознатите машки лица се појавуваат како код за агресивни импулси кои се обработуваат во меморијата. Овие елементи на сонот можеби го олеснуваат процесот на процесирање на емоционалната меморија. Овие податоци целосно ја побиваат теоријата на континуитет затоа што, по дефиниција, непознати лица се оние кои не му се познати на сонувачот.

Едноставно кажано, соништата не се рефлексија на секојдневните искуства. Тие се однесуваат на нешто друго што нема голема врска со секојдневниот живот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
0 #1 Не се согласувамDDD 21-10-2011 23:01
Погрешно. Што ако „агресивниот странец“ е СИМБОЛ за некоја непријатна средба или прашање кое не’ мачи тој ден или во тој период? Што се случи со симболичкото толкување на соновите (Фројд, Јунг)? Smile

Срамота! Smile
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.