RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОПШТ АДАПТАЦИОНЕН СИНДРОМ
Понеделник, 18 Ноември 2013
Слика
УБАВИ ЖЕНИ, ГОЛЕМИ БАРАЊА
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ВРЕМЕТО Е ПАРИ?
Среда, 08 Февруари 2012
Слика
АКУПУНКТУРА ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Понеделник, 14 Октомври 2013
Слика
ШОПИНГ ТЕРАПИЈА
Петок, 22 Јули 2011
Слика
ШЕФОТ ШТЕТЕН ЗА БРАКОТ
Вторник, 10 Јануари 2012
Слика
СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 03 Септември 2013
Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ЗАБРАНЕТО ОВОШЈЕ
Среда, 11 Мај 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо


Сваштарник


КОГА ПСИХОЛОЗИТЕ "ГРЕШАТ" PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 8024 пати
Сабота, 15 Октомври 2011 17:13

Неколку неетички психолошки експерименти...

затвореници

Влегува чувар во ќелијата на затвореникот во 3 часот наутро и му вели да ја соблече облеката. Му го зема душекот за спиење, му кажува дека нема да смее да го употребува тоалетот и му дава кофа. Во наредната ќелија, еден непокорлив и гол затвореник го пренесуваат во самица додека тој му се дери на чуварите.

Ова не е ни концентрационен логор ниту пак политички затвор. Чуварите и затворениците се во подрумот на зградата на Универзитетот Стенфорд и се дел од едно психолошко истражување.

апаратот за експериментот

Ова лето одбележа две значајни настани на одделот за психологија на Универзитетот Јеил – затворскиот експеримент на Стенфорд кој пред 40 години бил спроведен од поранешниот предавач на истиот универзитет, Филип Зимбардо, и експериментот Милграм кој оваа година одбележа 50 години и е спроведен од професорот на Јеил, Стенли Милграм. Овие експерименти, кои се сметаат за значајни моменти во истражувањата на социјалната психологија, се познати по нивниот контраверзен пристап кон етиката и по тоа што тие тврдат за природата на доброто и лошото во луѓето: луѓето не се така добри како што мислат дека се.

затвореник

Истражувањата, кои се сметаат за најнеетичките експерименти во историјата на психологијата, се спроведени од истражувачи од Јеил, и многумина се прашуваат дали самата атмосфера на одделот за психологија на Јеил имала влијание врз овие етички и контраверзни одлуки. Како резултат на овие два проекти, правилата за експериментирање кои вклучуваат луѓе биле повторно разгледувани и реформирани.

„Овие две истражувања станаа мит за тоа како психолозите можат да "погрешат."" – рече Наоми Роџерс, професор по историја на науката и медицината. „Сметам дека се добро познати како моќни експерименти и дека се клучни во разбирањето на психологијата и американската историја. "

учесник во експериментот

Експериментот Милграм

Во експериментот Милграм, кој започна во јули 1961 година, истражувачите им дадоа инструкции на учесниците да им даваат се' посилни и посилни електрични шокови на нивните "жртви" кој всушност е актер кој се обидува да оцени колку учесниците знаат да почитуваат авторитет.

Психолозите очекуваа дека неколку учесници ќе продолжат да ги следат наредбите после "врисоците" на "жртвите". Но, како течеше експериментот, околу две третини од учесниците продолжија да ги удираат "жртвите" со максимална јачина на струја.

дел од експериментот

Поранешниот професор по шумарство и зеленило, Херб Вајнер, кој беше учесник во експериментот, беше во малцинството што одби да продолжи со повредување на "жртвата".

„Јас се откажав, и тоа беше навистина стресна одлука затоа што јас свесно бев послушен студент, послушно дете и сосема послушен член на армијата на САД во Втората светска војна, и знам што е послушност и колку е битна." – рече Вајнер. „Потоа, се обратив кај Стенли Милграм и му кажав дека не треба да наметнува таков стрес на луѓе кои претходно не биле ставени под анализа."

келија

На одделот за психологија, мислењата за тоа дали истражувањето е етичко беа поделени.

Само еден од универзитетските претставници на Јеил беше доволно критичен за етичките аспекти на експериментот Милграм за да достави жалба до Американската асоцијација за психологија, рече Елмс.

Елмс рече дека според него, етиката во експериментот Милграм беше испочитувана.

„Јас искрено сум импресиониран од грижата за етичките аспекти во експериментот Милграм," – рече Елмс. „Тој е еден од првите истражувачи кој се осмели да објасне дека поставената "жртва" на електричните шокови всушност останува неповредена."

експериментот

Меѓутоа, Шепс смета дека експериментот Милиграм предизвикува поголема контроверзност на универзитетското тло многу повеќе отколку што смета Елмс.

„Кога се дозна што прави Милграм, сите ги кренаа веѓите и се чудеа дали тоа е етички," – рече Шепс.

Иако имаше различни обвинувања, Милграм на крајот беше чист.

експериментот

Затворскиот експеримент во Стенфорд

Строгите етички прописи не го спречија Зимбардо да го повтори истото 10 години подоцна.

Затворскиот експеримент во кој се испитуваа реакциите на учесниците кога беа ставани во улога на чувар или затвореник, требаше да покажат како тие ќе се однесуваат во дадената улога под дејство на наметната сила од страна на институција, рече Зимбардо.

документи

Претпоставката на Зимбардо беше точна, но резултатите се покажаа побрзо од очекуваното. Само во текот на 36 часа, првиот затвореник, кој Зимбардо го оценил како "нормален" и здрав, падна пред емоционалниот притисок.

За разлика од експериментот Милграм, затворскиот експеримент во Стенфорд ги отвори етичките прашања на психолошко ниво и се појави дури и во медиумите, рече професорот по психологија Едвард Зиглер. Но, додаде тој, значењето на податоците од тој експеримент успеаа да ги засенат етичките проблеми во истиот.

затворски решетки

Властите го одобрија овој експеримент затоа што никој не можеше предвреме да ја предвиде екстремноста на резултатите, рече Зимбардо. Тој рече дека експериментот беше неетички затоа што луѓето страдаа, но никој не можеше да замисли дека играњето на улогата ќе излезе од контрола.

„Милграм беше во публиката во 1971 година кога прв пат го презентирав ова истражување,"- рече Зимбардо. „Тој беше возбуден затоа што му изгледаше интересно, но моето истражување беше помалку етично од неговото, па јас го предев товарот за тоа."

експеримент

Наивни почетоци

Покрај сличните кариери, Зимбардо и Милграм имаа слични идеи за социјалната психологија.

Корените на врската помеѓу овие два психолози се уште од Јеил: тие се дружеле уште од средното школо во Њујорк. И двајцата израснаа во Бронкс, за кој што Зимбардо рече дека имаше големо влијание на тоа како тие двајца гледаа на светот.

„Растев во гето со секакво зло околу мене кое сакав да го разберам," – рече Зимбардо. „Конечно, сфатив дека не е до луѓето, туку ситуацијата во која луѓето се приморани да живеат, а тоа прави голема разлика."

генератор на електричните удари

Раните искуства на Милграм се основале на тоа што тој живеел како евреин само неколку години после холокаустот, рече Зимбардо. Неговата волја да ја разбере психологијата на нацистичка Германија го доведе до неговото истражување, рече Елмс. Милграм, за кого Елмс рече дека е евреин од источна Европа, имаше многу роднини кои умреа во холокаустот. Тој сакаше да сфати како е можно обични луѓе да прават толку злобни работи за време на Втората светска војна.

затвор

Во реалниот свет

Зимбардо и Милграм имаа заедничка цел: да сфатат како луѓето се однесуваат под влијание на една ситуација и надворешни фактори. И, без разлика дали биле почитувани етичките правила или не, резултатите од нивните екперименти ја привлекоа јавноста.

Набрзо после затворскиот експеримент, на пример, еден обид за бегство од затворот Сен Квејтин во Калифорнија заврши со убиство на затвореникот, а три недели подоцна, се крена буна во затворот Атика во Њујорк.

затворска келија

„Одеднаш, затворениците станаа интересни," – рече Зимбардо. „Јас станав експерт зборувајќи за реформи и за тоа како затворот ги дехуманизира и ги оттргнува чуварите од чувството за грижа за затворениците."

Елмс рече дека Милграм беше многу загрижен дека американците се можеби подложни на авторитарни движења, како што беше случајот со нацистичка Германија, но со тоа што јавноста обрна големо внимание на неговиот експеримент, оваа можност се намали.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.