RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАЖ КАКО ТАТО
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
МУНЧХАУЗЕН СИНДРОМ
Петок, 05 Август 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АПОКАЛИПСАТА
Вторник, 03 Јануари 2012
Слика
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА СПЕРМА
Петок, 28 Јануари 2011
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МАШКИ ДОМАЌИНЛАК
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
И ВЕРУВАТЕ ЛИ НА ИНТУИЦИЈАТА?
Четврток, 31 Јануари 2013

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура


Сваштарник


СО СТАРОСТА ДОАЃА МУДРОСТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 5290 пати
Среда, 12 Октомври 2011 16:27

Со годините доаѓа мудроста и колку повеќе мозокот старее, толку подобро знае да располага со сопствените ресурси...

стара жена

Не мора да значи дека стариот мозок е бавен, затоа што мудроста им дава можност на повозрасните да постигнат ниво на мозочна активност еднаква на тоа на младите, велат истражувачите од Универзитетскиот институт за геријатрија во Монтреал.

„Стариот мозок има искуство и знае дека ништо не се добива со брзање. Се знае дека не треба да се поврзува стареењето со намалување на когнитивната активност. Кога станува збор за одредени задачи, мозочната активност на повозрасните може да е сосема блиска до онаа на помладите," – вели доктор Ури Мончи.

зајакот и желката

„Имаме невробиолошки доказ кој покажува дека со староста доаѓа мудроста и дека колку повеќе мозокот старее, толку подобро знае да располага со сопствените ресурси. Во целина, нашето истражување покажува дека приказната на Езоп за желката и зајакот е сосема точна – ако си брз не значи дека ќе победиш на трката – треба да знаеш како да раководиш со сопствените способности."

Истражувачите првично сакаа да ги истражуваат пределите на мозокот кои се вклучени во процесот на планирање и на применување на задачите поврзани со јазикот.

стар бизнисмен

Конкретно, истражувачите беа заинтересирани да дознаат што се случува кога правилата на задачата се променуваа со текот на вежбата.

На пример, учесниците требаше да направат пар од два збора според различни лексички правила, вклучувајќи ги и категориите (животно, предмет итн.), рима или почеток на зборот.

Правилата за парирање се менувале со текот на вежбата без да знаат испитаниците, односно, ако лицето сфатило дека два збора припаѓаат на иста семантичка категорија, од нив било побарано да направат нов пар на зборови според римата.

луѓе со различна возраст околу лап топ

„Чудно е, но младиот мозок повеќе реагира негативно отколку стариот. Кога младите учесници ќе направеја грешка и требаше да смислат нова стратегија за да дојдат до точниот одговор, неколку предели на нивниот мозок се реорганизирале уште пред да започне наредната задача."

„Меѓутоа, кога постарите учесници ќе сфатеја дека направиле грешка, нивните мозочни предели се реорганизирале на почетокот на новата задача, што покажува дека стариот мозок прави приспособувања само кога е потребно. Тоа значи дека стариот мозок е многу посамоуверен од младиот мозок," – вели Мончи.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.