RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
7 СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА
Понеделник, 05 Декември 2011
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
ДОПРИ МЕ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
ГЕНЕТСКА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА
Четврток, 18 Ноември 2010

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов


Сваштарник


ВЕЖБИ ЗА ЕКСТРОВЕРТНИ, ИНТРОВЕРТНИ И НЕВРОТИЧНИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7052 пати
Недела, 09 Октомври 2011 13:51

Совети за екстровертни, интровертни и невротични луѓе...

вежбање

Веројатно знаете дека вашата личност директно влијае врз вашето здравје и среќа. Еве неколку совети за екстровертни, интровертни и невротични луѓе што ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели – без разлика дали сакате да ослабнете за 10 килограми или сакате да трчате на маратон.

Она што мора да го направите за да ја намалите тежината е да смислите план за вежбање кој одговара на вашата личност и начин на живот. Јас практикувам 20-30 минути јога неколку пати во неделата и одам на прошетки со кучето три пати неделно. Така јас загубив 10 килограми откако наполнив 40 години.

јога

Зошто е значајно да ги знаете вашите карактерни особини? Затоа што „стресот што се создава за време на вежбите што не сме ги избрале ние може лошо да влијае врз нашето здравје" – пишува доктор Пирс Хауард.

Ако со сила одите во теретана само затоа што вашата сестра е личен тренер а вашиот партнер вежба секој ден, можете само да си наштетите. Наместо да се форсирате, треба да ги следите советите кои се препорачуваат за вашата личност во зависност од тоа дали сте екстровертна, интровертна или невротична личност.

интоверт и екстроверт

Особини на екстровертни, интровертни и невротични лица

Истражувачите од Универзитетот во Флорида испитуваа како петте особини на личноста влијаат врз начинот на вежбање. Еве што открија:

Екстровертите преферираат интензивни вежби во група и сакаат често да вежбаат. Ејми Хаган вели: „Ваквите луѓе сакаат возбуда и голема активност. Екстровертите, исто така, сакаат да слушаат музика додека вежбаат затоа што им помага да ги постигнат целите при вежбањето."

невротичност

Интровертите сакаат да трчаат, да возат велосипед или да вежбаат, но да се сами. За нив, вежбањето во група е исцрпувачко, и затоа претпочитат да вежбаат сами.

Невротичните луѓе пак најмалку сакаат да вежбаат. Иронично е тоа затоа што ним најмногу им треба вежбање за да се ослободат од анксиозноста и депресијата. Невротичните луѓе претпочитаат да вежбаат дома наместо да одат во теретана. Ним им одговараат вежби со послаб интензитет.

шетање со милениче

Совесните луѓе се доволно мотивирани за да си направат свој сопствен фитнес план – и да се држат до него. Хаган вели: „Ваквите луѓе се многу дисциплинирани и се трудат да постигнат нешто во животот. Тие се држат до својот план за да се сигурни дека се' ќе се одвива според планот."

Луѓето пак кои лесно се приспособуваат најчесто вежбаат наутро, само за да ја завршат таа обврска. Бидејќи лесно се согласуваат со другите и се прилично дружељубиви – знаат да им помагаат на другите и да се менуваат според потребите а со тоа се оддалечуваат од нивните цели.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.