RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
ИДЕНТИТЕТ И КРЕАТИВНОСТ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
ВНИМАВАЈТЕ НА ЖЕНИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ХИЕНИТЕ НЕ СЕ СМЕАТ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
ПСИХОАНАЛИЗА ЗА СПОРТИСТИ
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
СТРЕСОТ ФАТАЛЕН И ЗА ДЕЦАТА
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ПРОЗОРЕЦ КОН ИНТИМАТА
Петок, 08 Март 2013

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард


Сваштарник


ПРЕМНОГУ КАФЕ ПРЕДИЗВИКУВА ХАЛУЦИНАЦИИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4967 пати
Недела, 09 Октомври 2011 13:44

Преголеми количини на кафе можат да предизвикаат слуховни халуцинации...

кафе

Oдносно, лицата кои испиле премногу кафе почнуваат да слушаат работи што всушност не постојат – потврдија истражувачите од Унверзитетот Ла Троб во Австралија откако го измериле ефектот на кафеинот и стресот кај 92 лица. Тие објаснуваат дека и пет кафиња на ден можат да предизвикаат вакви халуцинации.

Професорот Сајмон Кроу од школата за психологија, вели: „Високото ниво на кафеин заедно со високото ниво на стрес предизвикуваат високи нивоа на "халуцинации" кај луѓето, што покажува дека треба да внимаваме при конзумирањето на оваа таканаречена "безбедна" дрога."

мапа од кафе

Кај 92-те лица кои беа дел од експериментот се менуваа нивоата на стрес и кафеин. Некои беа приморани да слушаат "бела бучава" и да реагираат секогаш кога ќе ја слушнат песната White Christmas од Бил Крозби додека ја слушале белата бучава. Белата бучава е всушност звук кој ги содржи сите фреквенции на опсегот на човечкиот слух – луѓето го слушаат како нејасен звук кој не прекинува.

Всушност, истражувачите никогаш не ја пуштиле песната White Christmas.

Според истражувачите, оние кај кои било зголемено нивото на кафеин и на стрес тврделе дека ја слушнале песната. Професорот Кроу вели: „Постои поврзаност помеѓу високите нивоа на стрес и психозата, а самиот кафеин се поврзува со склоност кон халуцинации. Комбинацијата на кафеин и стрес ја зголемуваат веројатноста за појава на халуцинации кај луѓето кои имаа симптом на психоза."

кафе со вкусови

Кроу додава дека нивното истражување помага при појаснувањето на тоа како стресот ги поттикнува симптомите на шизофренија. Податокот дека кафеинот го зголемува ризикот за појава на халуцинации и откриен неодамна. Професорот Кроу појаснува: „Нашите резултати само ја потврдуваат теоријата дека високото ниво на стрес може да предизвика шизофренија и секој човек може да ги почувствува овие симптоми до одреден степен. Ова се покажа со самиот податок дека лицата тврдеа дека слушаат песна која всушност беше слуховна халуцинација."

Стимулативниот ефект кај кафето се појавува поради кафеинот. Количината на кафеин во една шоља кафе зависи од повеќе фактори, а особено зависи од типот на кафено зрно и начинот на преработка. Еве како се движат количините на кофеин кај најпопуларните кафиња:

кофеин во пијалоците

- една шоља вриено кафе (207 милилитри) – 80-135 милиграми кофеин.

- една шоља цедено кафе (207 милилитри) – 115-175 милиграми кофеин.

- една шоља еспресо (45-60 милилитри) - 100 милиграми кофеин.

зрнца кафе

Кофеинот има директно влијание врз централниот нервен систем – привремено помага при будење на организмот. Кофеинот е една од најупотребуваните психоактивни супстанции во светот. За разлика од другите психоактивни супстанции, кофеинот е легален и практично не постои никаква контрола врз неговата употреба. Поголемиот дел од возрасната популација во Северна и Јужна Америка и Западна Европа конзумираат кофеин секојдневно.

Кофеинот е исто така и диуретик (помага при излачувањето урина во бубрегот) кога се конзумира во нормални количини. Меѓутоа, оние кои секојдневно го конзумираат кафето, стануваат имуни на овој ефект на кофеинот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.