RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗАВИСНИЦИТЕ - НАЈДОБРИ ЛИДЕРИ
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
ЕФЕКТОТ ЛУЦИФЕР
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
5 ТИПОВИ НА ЖЕНИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО ПАНИКАТА
Среда, 30 Март 2011
Слика
6 ВИДОВИ ШВАЛЕРИ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
УСПЕШНО ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ
Сабота, 01 Октомври 2011
Слика
ЖИВОТНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ПЕТТЕ МЕНТОРИ НА ФРОЈД
Среда, 01 Февруари 2012
Слика
МЕЃУСЕБНА ИНХИБИЦИЈА
Понеделник, 25 Април 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА ПРИВЛЕЧНОСТА PDF Печати Е-пошта
(6 гласови, просечно 3.83 од можни 5)
прочитано 34814 пати
Понеделник, 03 Октомври 2011 15:05

Привлечноста е едно тврдоглаво чувство што е скоро невозможно да се игнорира. Ако ја разбереме нејзината природа, може да се заштитиме од кршење на срцето.

романтика со вино на залез

Без разлика дали сакаме или, без разлика дали сакаме да си признаеме или не, сексуалната/романтичната привлечност е значаен дел од животот и може да има многу големо влијание врз добросостојбата, расположението и самодовербата. Може да не' однесе на едно незгодно патување на кое можеме да доживееме огромен опсег на емоционални состојби, од еуфорија до целосна беспомошност.

Иако 99,9 % од светската популација се справува со привлечноста секој ден, од пубертет до сенилност, некои сметаат дека оваа моќна емоција не е доволно анализирана. За среќа, постојат извори кои ни нудат податоци за вистинската природа на привлечноста. Според Џек Морин, автор на книгата The Erotic Mind, постојат два основни типа на привлечност: страствена привлечност и романтична привлечност.

љубов

Страствена привлечност

Страствената привлечност е најчесто поврзана со психолошкиот апетит за секс. Предметот на страствена привлечност најчесто ги исполнува критериумите за да предизвика возбуда, најчесто во гениталиите. Иако станува збор за сосема нормална реакција на човечкото тело и мозок, во модерното американско општество фокусирано на моногамијата, страствената привлечност се смета за неприкладна. Исто така, строго е осудена од трите водечки религии – христијанството, јуадизмот и исламот.

Иако овие религии гледаат на сексуалната привлечност меѓу мажите и жените како на нешто што е прифатливо и достојно за почит, желбата за странец или пак туѓ партнер се смета за смртоносен грев. Иако љубовта се смета за доблест во трите религии, во христијанството, грешниците во потрага по страст имаат резервирано место во пеколот и ќе горат во вечниот оган.

страст

Во јудизмот, девојките и момците (почнувајќи од 12-годишна возраст) не смеат меѓусебно да се допираат (ниту преку поздравување со рака) и се' тоа е со цел да ја избегнат страста, додека пак муслиманите осудуваат дури и поглед меѓу мажите и жените.

Сепак, страста треба да се прифати и да се почитува како наша природна желба за сексуална возбуда. Ако се поврзува со срам или вина, страста може да стане извор на себе-омраза и нездраво сексуално однесување. Доктор Морин смета дека луѓето кои растат со мислата дека сексот е одвратен се сосема оштетени исто како и оние кои биле сексуално малтретирани во нивното детство.

заводливи очи

Романтична привлечност

За разлика од страствената привлечност која се базира на физички изглед, романтичната привлечност се базира на идеализација на саканата личност. Таа има подлабоко емоционално значење. Предметот на романтичната привлечност станува најфасцинантната личност во универзумот.

Романтичната привлечност е потенцијален извор на емоционална штета затоа што предизвикува опсесивни мисли за саканата личност, хронично фантазирање, сериозна зависност од нејзините/неговите постапки. Иако романтичната љубов ги изострува нашите сетила, ни дава и голема енергија и повремена еуфорија која се споредува со лудило. Една заљубена личност често се граничи со лудилото.

романтична љубов

Најдобриот начин да се справите со овие привлечности е да ги претворите во слатко задоволство – прво да ги прифатите како нормален дел од животот. Посакувањето на некого кој ги исполнува нашите критериуми за привлечна личност е сосема природно како што е и детската насмевка. Привлечноста, пред се', дури и кога е невозвратена, не го прави човекот несреќен, само срамот и вината можат да Ве направат несреќни.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
0 #1 opstomartin 19-01-2012 19:05
mnogu opsto za eden slozen poim
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.