RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТАНЦ ТЕРАПИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ЖЕЛБАТА ВЛИЈАЕ ВРЗ ИЗБОРОТ
Среда, 23 Февруари 2011
Слика
РАБОТНИ МЕСТА ЗА ИНТРОВЕРТНИТЕ
Среда, 12 Октомври 2011
Слика
ФАЛБАЏИСКИ ТВИТЕР
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
КАКО ЗАБОРАВАМЕ?
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
МОЗОК И ИНСПИРАЦИЈА
Понеделник, 21 Февруари 2011
Слика
"ПРОЧИТАЈТЕ" ГИ ТУЃИТЕ МИСЛИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
ИНТИМЕН ГОВОР НА ТЕЛОТО
Четврток, 11 Август 2011

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг


Сваштарник


ДАВАЊЕ И ПРИМАЊЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2883 пати
Сабота, 20 Ноември 2010 20:48

Подарувањето е изненадувачки сложен и важен дел од човечката интеракција, кој помага да се дефинираат врските и зајакнат односите со семејството и пријателите.

 

дете со подарок

Давањето подароци отсекогаш бил еден од најинтересните аспекти на човековото однесување. Психолозите, антрополозите, економистите и маркетинг стручњаците – сите тие ја имаат изучувано оваа проблематика. Притоа открија дека подарувањето е изненадувачки сложен и важен дел од човечката интеракција, кој помага да се дефинираат врските и зајакнат односите со семејството и пријателите. Психолозите тврдат дека давателот има поголеми психолошки придобивки од подарувањето отколку примателот. Не е ни чудо што за време на празниците луѓето заради исфрустрираност од гужвите, сообраќајниот метеж и преголемата искомерцијализираност, се откажуваат од купување подароци. Истражување спроведено 2005 година во САД од страна на Центарот за Нов Американски Сон (кој промовира одговорна потрошувачка)  покажа дека четири од пет Американци сметаат како празниците се премногу материјалистички.

новогодишни празници

Но иако е разумно да се воздржите од прекумерно трошење за време на празниците, психолозите велат дека не е мудро да прекинете со размената на  подароци помеѓу вас и оние кои ги сакате. Луѓето кои не сакаат да примат или купат подарок за време на празниците, пропуштаат да се поврзат со семејството и пријателите.

"Тоа воопшто не ја подобрува врската," вели Елен Џ. Лангер, професор по психологија на Харвард. "Доколку не сакам да примам подарок од тебе, тогаш не те охрабрувам да помислиш на мене и на работите кои ги сакам. Те спречувам да ја доживееш радоста од сето ова. Со тоа што ќе лишите некого да ја спознае радоста на давањето, воопшто не му правите никаква услуга."

дарување

Социјалната вредност на подарувањето отсекогаш била ценета низ целата човекова историја. Со илјадници години, некои примитивни култури како Индијанците во Америка биле вклучени во "потлач", церемонија која го слави прекумерното давање. Иако културните интерпретации се различни, често статусот на водечко семејство во еден клан или село го имало она кое било најдарежливо. Колку "потлачот" бил пораскошен и порасипнички, со толку повеќе престиж се стекнувало највеликодушното семејство.

Некои истражувачи сметаат дека самата еволуција го поттикнала подарувањето. Мажите кои биле највеликодушни имале највеќе успех кај жените (Размената на храна и разни други ситници за секс е евидентирана кај нашите најблиски сродници од животинското царство, шимпанзите). Жените кои беа подарежливи – без оглед дали се работело за храна или крзно – си помогнале да го одржат снабдувачот на фамилијата како и сопствените деца.

подароци

Маргарет Ракер, психолог на Дејвис Универзитетот во Калифорнија, која го изучува однесувањето на потрошувачите, вели дека мажите се попрактични и поштедливи кога подаруваат, додека пак жените на давањето и примањето подароци му придаваат емоционално значење.

Др. Ракер вели дека често ја раскажува приказната за човекот кој се искачил на дрво за да земе птичјо јајце кое имало иста боја како сините очи на неговата девојка. Женската реакција е: "Колку романтично!", додека пак мажите велат: "Не сум слушнал за нешто поглупаво. А што со мајката птица?"

давање подарок

Половите разлики при подарувањето се појавуваат уште во раното детство. Истражувачите од Јојола Универзитетот во Чикаго го изучуваа однесувањето на три и четворогодишни деца, кои беа на иста роденденска забава во игротека. Девојчињата обично одеа да го купат подарокот со нивните мајки и помагаа при изборот и пакувањето на истиот. Момчињата пак, немаа дури ни поим кој им е подарокот. Тие велеа: "Дремев додека мајка ми беше да го купи", изјави Мери Ен МекГрат, помошник на деканот при бизнис училиштето во Јојола.

роденденски подароци

Подарувањето е најочигледен начин партнерот да покаже интерес и да ја зајакне врската. Некојпат дури може да го означи и крајот на романсата. Колешка на др. Ракер вели дека го предосетила крајот на својот брак кога мажот и и дал подарок во кафена торба за пазар.

Луѓето кои престанале да подаруваат губат во друштвена смисла, тврдат истражувачите. "Вашата листа на подароци кажува кој колку ви е важен во животот", вели др. Мек Грат. "Подароците порачуваат кој ви е повеќе, а кој помалку битен."

Но најголемиот ефект давањето има токму врз самите нас. Подарувањето ги засилува нашите чувства кон личностите на кои сме им дале нешто и прави да се почувствуваме пожелно и грижливо, изјави др. Ленгер.

двојка со подароци

Истражувачите од Вирџинија Комонвелт Универзитетот неодамна набљудуваа како се однесуваат сопствениците на домашни миленичиња кога им подаруваат нешто на своите кучиња или мачиња. Можеби ова не ви делува како сериозно истражување, но многу е битно, бидејќи животните не можат да им возвратат на своите сопственици со реципрочен подарок. Давањето во овој случај е мотивирано чисто од желбата да се усреќат домашните миленици  и да се покаже внимание и грижа кон нив.

"Кога подарувате на друга личност, присутен е притисокот на реципроцитет, но тоа не е случај со домашно милениче," вели Трејси Рајан, асистент професор за изучување на пропаганда при Вирџинија Комонвелт Универзитетот. "Тоа покажува дека давањето пружа големо задоволство со самото тоа што знаете дека сте се погрижиле за некого."

милениче

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.