RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
70-ГОДИШНИ ГЕНИЈАЛЦИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ЧЕТВРТВЕКОВНА КРИЗА?!
Петок, 19 Август 2011
Слика
КАРАКТЕР И СЛИКИ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
РЕИНКАРНАЦИЈА: МЕМОРИСКА ГРЕШКА?
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
МОМЧЕ ИЛИ ДЕВОЈЧЕ?
Вторник, 06 Декември 2011
Слика
СМИРУВАЧКИ БАКНЕЖ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
КАКО СЕ СПРИЈАТЕЛУВАМЕ?
Вторник, 30 Ноември 2010

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


СРЕЌНИ ПО НАВИКА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7778 пати
Сабота, 01 Октомври 2011 17:15

Среќата може да ви стане навика – научно докажано...

среќна девојка

Постојат многу причини зошто едни луѓе се посреќни од други и овие причини се различни кај различни луѓе. Основните фактори кои ја предодредуваат среќата се психолошките, физиолошките, емоционалните и генетските фактори како и самата ситуација. Меѓу нив, има и фактори кои конкретно се ефективни при подобрување на менталната добросостојба.

Изберете да бидете среќни

Иако делува премногу едноставно на луѓето да им кажете "да изберат" да бидат среќни, во една статија од 2007 година со наслов Клучот до среќата и причините зошто не го користиме, Робин Лојд објаснува дека иако психолозите на пациентите им ги покажуваат патиштата кон среќата, повеќето од нив продолжуваат да живеат со нивниот став кој воопшто не придонесува за подобрување на нивната добросостојба.

Исто така, Американците не се посреќни од пред 50 години наназад, иако се подобрил стандардот, се намалил криминалот, воздухот е почист а и животот се продолжил и станал поквалитетен.

среќна девојка во автомобил

Зошто да сте тажни?

Се покажа дека среќата зависи 50% од гените, објаснува истражувачот Дејвид Лукен. Што прават луѓето со останатите 50% зависи само од нивната решителност. Како што рече еднаш Абрахам Линколн: „Луѓето се среќни колку што нивниот ум верува во тоа."

За да доживее среќа, една личност мора секојдневно да ги менува сопствените парадигми и замислени ментални мапи кои го крерираат начинот на размислување и реагирање. Самото менување не бара одрекување на негативните чувства и убедување дека лошите работи се всушност добри – тоа подразбира фокусирање на позитивните аспекти на една лоша ситуација, или пак, ако нема такви, фокусирање на позитивните аспекти на други полиња.

тажен маж

Практикувајте ги советите на црквата – бидете благодарни, простувајте, помагајте и бидете дарежливи

Грег Истербрук, автор на Парадоксот на развојот: Како животот станува подобар додека луѓето се чувсвтуваат полошо (2004), објаснува: „Постојат и себични причини за да се однесувате алтруистички. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се благодарни, оптимисти и знаат да простуваат имаат подобри искуства во животот, повеќе среќа, помалку падови, поголеми приходи." Според Истербрук, „Ако ваквото однесување го прави светот подобар, ова е вистински бонус."

помагање на другите луѓе

Излегувајте на дневна светлина

Луѓето опстојуваат во вештачки, неприродни средини и поминуваат часови во компјутерскиот свет, во канцеларии без прозорци и често без да имаат допир со дневна светлина. Се' поголемата одделеност на луѓето од надворешниот свет значи дека луѓето се постојано изложени на неприродни звуци и слаба ама интензивна вештачка светлина.

Психолозите кои го испитуваат влијанието на вештачките средини врз луѓето сметаат дека тие имаат сериозно влијание врз расположението, сонот и работата на целиот организам. Хроничната изложеност на неприродни услови ја оштетува и когнитивната функција како и долгорочната умствена работа, пишува Роџер Волш во неговиот извештај Животот и менталното здравје (2011).

џогирање надвор

При едно истражување од 2002 година за тоа како влијае природната светлина врз луѓето, доктор От, експерт на ова поле, објасни дека телото ја прима природната светлина и ја користи како нутриент за метаболичките процеси исто како што ја користи водата и храната. Природната светлина ги стимулира неопходните биолошки функции во мозокот со тоа што ја дели светлината на бои кои се витални за здравјето. Ако не прима доволно природна светлина, опаѓа расположението и енергијата.

„Кога зборуваме за здравјето, балансот и физиолошката регулација," – пишува доктор Либерман, исто така експерт на ова поле, „мислиме на функциите на најважните одржувачи на здравје во телото – нервниот и ендокриниот систем. Овие главни центри за контрола на телото се под директна стимулација и регулација на светлината многу повеќе отколку што самата наука смета дека е така."

луѓе во пустина

Излегувајте повеќе на сонце и примајте витамин Д

Витамнинот Д го има во храната, но го има и во сончевите зраци, и затоа недостаток на овој витамин најчесто се појавува во зима. Технички и не се смета за витамин, тој е секостероиден хормон кој е клучен за отклучување на пределите на човечкиот геном – генетичката содржина во организмот.

Доктор Џон Канел, извршен директор на советот на витаминот Д, пишува дека ниското ниво на витамниот Д е поврзано со околу 17 видови на рак како и срцеви болести, хипертензија, автоимуни болести, дијабетис, депресија, хронични болки, остеоартритис, остеопороза, слаби мускули, губење на мускулна маса, проблеми со дишењето и многу други болести.

витамин Д

Витамниот Д игра значајна биомеханичка улога во мозокот. „Јадрените рецептори за витаминот Д ги има во мозокот," – пишува Канлел, „а витаминот Д е вклучен во биосинтезата на невротрофните фактори, синтезата на нитро-оксидните синтези и зголемените нивоа на глутеин – сите укажуваат дека улогата на витамнинот Д е значајна за работата на мозокот. Податоците од експериментите на животните покажуваат дека тиросин хидроксилазата, ензим за сите моноамини на мозокот, се зголемува со помош на витамниот Д."

витамин Д лекови

Зближете се со животните

Во едно истражување од 2009 година, доктор Фрома Волш откри дека поврзувањето со миленичињата го прави човекот отпорен на кризи. Животните ја подобруваат добросостојбата и ги лечат луѓето преку намалување на стрес затоа што сакаат да си играат, лојални се, покажуваат љубов, поддршка и безусловна љубов.

„Поврзувањето со животните има навистина големо значење, а сепак се потценува," – вели Волш. Професионалците за ментално здравје ретко укажуваат на важноста на односот меѓу луѓето и животните.

куче и маче

Истражувачите и терапевтите се обидуваат да докажат дека животните навистина можат да бидат лек за луѓето во многу различни ситуации. Односот меѓу луѓето и животните треба допрва да се вградува во општеството и во системот за здравство.

„Луѓето не можат да живеат сами," – објаснува Волш. „Животните како друштво можат многу да им помогнат на луѓето. Тие даваат задоволство и релаксација, се приврзуваат и остануваат лојални, даваат поддршка и безбедност. "

човек и милениче

Зголемување на ГАБА во мозокот

ГАБА, односно гама-аминобутиричната киселина, е амино киселина која се произведува во мозочните клетки од глутамат што функционира како пренесувач на невроните кои ги блокираат импулсите на нервите. Без ГАБА, нервните клетки пукаат почесто и полесно. ГАБА има во изобилство во церебралниот кортекс каде што се случува процесот на размислување.

ГАБА има смирувачки и ритмички ефект врз електричните импулси на мозокот. Иако балансираниот мозок прима регуларни и меки електрични импулси. Недостатокот на ГАБА предизвикува аритмија или дисритмија која целосно влијае врз емоционалното здравје. Еден од четирите клучни невротрансмитери, ГАБА, е особено значаен затоа што има постојан надзор врз останатите невротрансмитери.

јогаПостојат начини за природно зголемување на ГАБА во мозокот, најчесто преку внесување храна богата со ГАБА блокови. Јогата исто така стои како опција. Истражувачите во 2007 година открија дека луѓето кои одат на јога, после 60 минути вежбање имаат зголемено ниво на ГАБА за 27%.

Како што постојат причини за да бидете среќни, постојат и начини како да почнете да размислувате позитивно и сите овие фактори се поткрепени од науката и ја подобруваат добросостојбата.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.