RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕМОТИВЕН РОБОТ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ПСЕВДОЦИЕЗА - ХИСТЕРИЧНА БРЕМЕНОСТ
Понеделник, 26 Декември 2011
Слика
БИОЛОШКИ ЧАСОВНИК
Среда, 16 Март 2011
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 1 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
ТЕЛЕПАТИЈА МЕЃУ БЛИЗНАЦИ
Среда, 06 Април 2011
Слика
КАРАКТЕРОТ И ПРИВЛЕЧНОСТА
Понеделник, 29 Август 2011
Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
И ПТИЦИТЕ МОЖАТ ДА ТАНЦУВААТ
Петок, 12 Ноември 2010

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг


Сваштарник


КАКО ДА ГИ "ЧИТАТЕ" ЛУЃЕТО PDF Печати Е-пошта
(5 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 80409 пати
Понеделник, 26 Септември 2011 11:17

Научете како да ги читате гестовите на луѓето и тоа ќе ви помогне да сфатите кога луѓето се искрени и дали навистина покажуваат интерес за тоа што им го нудите.

два прста

Способноста да го толкувате говорот на телото е една важна вештина која треба да се стекне затоа што реално повеќето луѓе тешко ги искажуваат своите вистински чувства и многумина лажат. Како и да е, со набљудувањето на невербалните знаци кои личноста ги дава преку говорот на телото, можете да направите вистинска процена за неговиот став и вистинитост.

Психологијата на говорот на телото

Според Шерон Брем, Саул Касин и Стивен Фејн, коавтори на книгата Социјална психологија (2002), говорот на телото во суштина се однесува на начинот на кој луѓето седат, одат, стојат и се искажуваат преку одредени гестови. Да ги земеме за пример гестовите на американците:

- тие креваат два прста во форма на латиничната буква В за да покажат победа

- го креваат палецот за да покажат победа

о знак

- ги местат палецот и показалецот во форма на буквата О за да покажат дека се' е "океј"

- ја стискаат тупаницата за да покажат отпор

- го покажуваат средниот прст за да покажат незадоволство

Покрај овие, постојат голем број други гестови што ги користат не само американците туку и останатиот дел од светот за меѓусебно да комуницираат – има гестови кои понекогаш се суптилни и најчесто ненамерни, а самите гестови на телото се најпрецизните показатели за вистинските чувства на некој човек.

среден прст

Начинот на кој луѓето одат зборува многу за нив

Обрнете внимание на начинот на кој луѓето одат, затоа што тоа ќе ви даде претстава за нивната состојба и самодоверба, но исто така и вие внимавајте како одите, затоа што и вас некој може да ве набљудува. Брем, Касин и Фејн велат дека според начинот на одење, се добиваат следните проценки за луѓето:

- оние кои мрдаат со колковите, ги виткаат колената, ги креваат стапалата и мрдаат со рацете се полни со самодоверба и оставаат впечаток дека се среќни и млади, моќни и успешни.

луѓе одат по плажа

- оние кои одат бавно и со пократки чекори, и ги влечкаат стапалата, оставаат впечаток дека им фали самодоверба, дека се несреќни, остарени и неуспешни.

Како да ги читате и токувате знаците на телото

Во книгата Можете секој да го прочитате: Не дозволувајте некој да ве лаже или искористува (2007), доктор Дејвид Либерман ги претстави одредените сигнали кои се показатели за тоа што луѓето мислат и чувствуваат, сепак, Либерман предупредува: „Многу е битно да запаметите дека сите сигнали мора да се анализираат според контекстот на ситуацијата, и секогаш треба да избегнуваме дефинитивен заклучок донесен врз основа на изолирани сигнали." На пример:

говор на тело

- Едно лице кое е погрешно обвинето ќе почне да напаѓа, а лицето пак кое е виновно ќе почне да се брани

- Кога некој верува во тоа што го зборува, повеќе користат заменки во прво лице, на пример јас, ние, нам.

- Кога луѓето се нервозни, трепкаат повеќе.

- Кога луѓето се под стрес, тешко голтаат и гласот им се повишува.

- Ако луѓето се наоѓаат во сериозна ситуација, знаат да се прозеваат, се тегнат, за да покажат дека се чувствуваат удобно, а се чуваат сосема спротивно.

млада жена

- Ако луѓето се смеат и притоа се извинуваат, не го мислат тоа сериозно.

- Иако сакаат да глумат дека не се заинтереситани за нешто, тие обрнуваат внимание и целосно се фокусираат.

- Ако постојано ги менуваат местата, или не се расположени или имаат ниска самодоверба.

- Луѓето најчесто седат блиску до луѓето што ги интересираат.

говор на тело во бизнисот

Секојдневните гестови и нивното значење во говорот на телото

Џерард Ниренберг и Хенри Калеро, коавтори на книгата Како да ги читате луѓето како книга (1993), се согласуваат со Либерман дека луѓето не треба да носат брзи заклучоци кои "се базираат на набљудувањето на изолирани гестови" затоа што гестовите мора да се анализираат во хармонија со останатите гестови. Сепак, постојат неколку чести гестови кои се показатели за одредени работи:

- отворени дланки: искреност

- мрдање со рамената: несигурност и неодлучност

- скрстени раце: одбрана

- скрестени нозе: интерес за личноста пред вас

стапала

- скрстени нозе на страна: одбивање

- скрстени нозе и постојано мрдање со едната нога: досада

- рацете на образот со исправен показалец: интерес или процена

- чешање на брада: донесување одлука или заклучок

- допирање или чешање на носот, очите или пределот позади ушите: сомнеж и обивност.

ликови

- седење на ивицата на столот: спремност

- подкривена глава: интерес

- вкрстени дланки и споени палци: потреба за сигурност

- двете раце позади главата додека се потпирате на столот: агресивност или/и супериорност

На крај, да напоменеме дека има бројни гестови кои луѓето секојдневно ги користат, како што се изразите на лицето, но ако ги научите сигналите кои тука беа објаснети, лесно ќе ги откриете чувствата на другите, ќе научите дали луѓето се искрени со вас или пак ве лажат.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.