RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОЗОК И МУДРОСТ
Петок, 31 Декември 2010
Слика
ЗАБРАНЕТО ОВОШЈЕ
Среда, 11 Мај 2011
Слика
ЗАГРОЗЕНОТО ЕГО ТРОШИ ПАРИ
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО СТРЕСОТ
Среда, 11 Мај 2011
Слика
ЖЕНИТЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА!!!
Среда, 28 Септември 2011
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 2 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


МОЌТА НА ИЗВИНУВАЊЕТО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5573 пати
Понеделник, 26 Септември 2011 11:06

Едно ново истражување покажува дека извинувањето може да ви заштеди многу пари и да ве држи настрана од невољи.

жално смајли

Откако ќе ги прочитате резултатите, ќе размислите уште еднаш за стравот да се извините кога ќе згрешите. Можеби навистина вреди да преминете преку стравот и да се извините.

Една англиска фирма продаваше производи преку интернет и имала голем број на клиенти. Понекогаш правеле грешки со порачките на клиентите но во тие случај почнале да размислуваат како да ги исправат грешките. Како експеримент, овој проблем почнаа да го решаваат на два начини: некои од клиентите добивале и-мејл во кој фирмата се извинувала за грешката, други пак добивале пари како компензација.

детенце плачи

Фирмата откри дека клиентите кои добивале извинување реагирале подобро отколку оние кои добивале пари како компензација. Според критериумот на истражувањето, клиентите кои добиле извинување биле два пати позадоволни од услугата отколку оние кои добиле пари за да заборават на грешката.

Изгледа дека клиентите повеќе почитуваат да добијат писмено извинување затоа што тоа веројатно изгледа поискрено отколку само да добијат пари. Можеби луѓето гледале на извинувањето со пари (кое најчесто чинело 5 а некогаш и повеќе евра) како еден вид на поткуп. Веројатно за луѓето зборовите се "почовечки" и поискрени.

извинување на писмо

Границите на експериментот

Истражувањето некако ја покренува љубезноста со цел да се одржат добрите односи кои, ако се вистински, се доволен резултат дека луѓето повеќе го ценат социјалниот контакт отколку парите. Меѓутоа, како и секој експеримент од полето на социјалната наука, остануваат многу прашања кои не можат да се одговорат само со еден експеримент.

На пример, според експериментот, повеќето од клиентите беа од Англија. Притоа, истиот експеримент ќе мора да се спроведе и во другите држави за да може со сигурност да се тврди дека добиените податоци се точни.

тажно лице

Исто така, не се знае какви производи купувале клиентите. Можеби можат да се помират со писмено извинување ако станува збор за производ со мала вредност, но дали важи истото ако се работи за поскап производ? Цената на производот исто така треба да се разгледа.

Уште еден интересен податок е тоа дека извинувањата беа пишувани од професионални извинувачи. Постојат професионалци и цели фирми кои ви стојат на услуга и можат да ви помогнат да се извините. Во натамошните истражувања, може да се анализира дали искреното и аматерското извинување предизвикуваат ист ефект кај луѓето.

писмо

Когнитивна дисонанца и прифаќање извинувања наместо пари

Терминот "когнитивна дисонанца" потекнува од лабораториите на психолозите но веќе се користи и од секој просечен човек. Една група психолози, во 60-тите и 70-тите години измислиле теорија и направија експеримент за да покажат нешто поврзано со мисловниот процес (когнитивноста) кај повеќето луѓе.

Тие сакаа да покажат дека кога две конфликтни мисли се активен пар во мисловниот процес, луѓето навистина се трудат да најдат начин да се справат со двете мисли. Овој процес често донесувал изненадувачки резултати.

каење

Овие истражувачи направиле многу експерименти за да покажат дека луѓето често можат да се задоволат со мали материјални придобивки за да ја зачуваат нивната споствена проценка. На пример, некогаш ќе се задоволат со помалку пари за да можат да мислат за себе дека се "добри" ,"човечни" и "објективни". Ако прифатат пари за тоа што извршиле некоја задача, тогаш го доведуваат во прашање нивното вреднување на самите себе и не сакаат да мислат дека ја извршиле задачата само за да добијат пари.

Овој експеримент со англиската фирма може да продолжи да ја анализира когнитивната дисонанца. Луѓето можеби навистина преферираат извинување наместо пари, затоа што се чувствуваат поткупени со парите.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.