RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
И ОСИТЕ ПРЕПОЗНАВААТ ЛИЦА
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ЕГО - ПОТЦЕНЕТО, НАДУЕНО ИЛИ РЕАЛНО
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ЕДИП И ЕЛЕКТРА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ЦИГАРИТЕ СМИРУВААТ
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
ДРУШТВЕНА АМИГДАЛА
Вторник, 01 Март 2011
Слика
КОШМАРИ
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј


Сваштарник


ЛОШАТА РЕПУТАЦИЈА ВЕ ПРАВИ ЗАБЕЛЕЖИТЕЛНИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3306 пати
Вторник, 20 Септември 2011 16:33

Лошата репутација можеби не е посакувана, но може да ви помогне другите да ве забележат – ама навистина да ве забележат. Едно ново истражување покажува дека, луѓето повеќе обрнуваат внимание на лицата за кои слушнали лоши "муабети" отколку на неутралните или луѓето кои за кои знаат дека се зборува се' најдобро.

девојки озборуваат

Истражувањето е дел од една целина која покажува дека не само што нашите перцепции не се објективни, туку се под контрола на потсвесни мозочни процеси кои одредуваат што да "избереме" а што да игнорираме – дури и пред да станеме свесни за тоа. Податоците ја поткрепуваат идејата дека мозокот се развил за да биде особено чувствителен на "лоши момци" или измамници – луѓе кои го живеат животот низ измами, кражби и некооперативно однесување.

дилер со дрога

Под водство на професорката по психологија Лиса Фелдман Берет од Северноисточниот Универзитет, истражувачите направија два експерименти. Во првиот, 61 испитаник гледаа слики од лица. Некои беа поврзани со лошо озборување, како на пример едно лице од сликата фрлило со стол врз својот соученик. Другите пак беа неутрални (му помогнал на еден постар човек да премине улица) или позитивни(и' помогнал на една старица со кесите со зеленчук).

крадец

Потоа, истражувачите искористиле една техника која е позната како "ривалство преку очила" за да откријат како озборувањето влијае врз погледот. Притоа, испитаникот гледал прво со едното па со другото око во различни слики за да се увиди како двете очи ќе се натпреваруваат за внимание – само една од двете слики можела да се виде свесно во даденото време.

На испитаниците им беше покажана слика со лице за едното око, а слика со куќа за другото око. Во споредба со лицата кои беа претходно поврзани со неутрална или позитивна информација, оние кои биле поврзани со негативно озборување биле подолго време набљудувани, велат истражувачите.

затвореник

„Озборувањето има големо влијание врз тоа како се проценуваат лицата – тоа покажува дали едно лице ќе е воопшто забележано при првиот поглед," – велат истражувачите.

И зошто им обрнуваме специјално внимание на луѓето со лоша репутација? Генерално, мозокот им дава приоритет на негативните информации пред позитивните – многу повеќе е веројатно дека ќе преживеете ако за момент си помислите дека еден стап ви заличил на змија отколку обратниот случај. Меѓутоа, низ историјата, луѓето се познати како најголеми предатори, и поради тоа знаците на човечката измама многу полесно ни го земаат вниманието.

разголени на улица

Секако, претходните истражувања покажуваат дека подобрите особини на човечката природа – љубезноста, алтруизмот и сочувстувањето со другите – ја преживеале еволуцијата само заради нашата способност да ги казнуваме оние чие однесување не ни изгледа кооперативно.

Авторите заклучуваат: „Лесно е да се замисли дека тоа што прво забележуваме лоши луѓе може да ни помогне да се заштитиме од лажговци и измамници со тоа што ќе ги набљудуваме подолго и ќе собереме повеќе податоци за нивното однесување."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.