RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРЕКОГНИТИВНИ СОНИШТА
Вторник, 12 Април 2011
Слика
СПАНКОВЦИ ИЛИ НЕ?
Четврток, 17 Март 2011
Слика
ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ: ДОБЛЕСТ ИЛИ МАНА?
Понеделник, 09 Април 2012
Слика
АЈДЕ ДА СИ ИГРАМЕ
Четврток, 14 Април 2011
Слика
ТОП 5 ФАКТИ ЗА СПИЕЊЕТО
Четврток, 24 Февруари 2011
Слика
СМИРУВАЧКИ БАКНЕЖ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
БОГАТ МОЗОК, СИРОМАШЕН МОЗОК
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
ШТЕТНИ АНТИДЕПРЕСИВИ
Вторник, 26 Април 2011
Слика
НАСИЛСТВО ВО ВРСКАТА
Четврток, 28 Април 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ПОСТОЈАНО ДОКАЖУВАЊЕ НА МАШКОСТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3611 пати
Вторник, 13 Септември 2011 15:20

Јас сум Тарзан. Ти си Џејн.

Не мора баш да значи дека е така, но мажјакот гледал да ги стави работите на место и да ја осигура својата машкост пред англиската дама. Постојат и биолошки и социјални причини зошто мажот мора да ја докаже својата машкост, а жената не мора.

тарзан и џејн

Еден нов обид да се објасни разликата помеѓу половите даде заклучок зошто мажите се поагресивни од жените. Машкоста, според психологот Џенифер К. Босон и Џозеф А. Вандело од Универзитетот во Јужна Флорида, е „статус кој е тежок и мора да се стекне а исто така мора постојано да се повторува преку самите дела."

Значи, мажите постојано мора да докажуваат дека се достојни на нивната машкост со тоа што ќе заминат да заколат некоја дива ѕверка, само ако некој гледа, а жените не треба ништо да прават за да ја докажат нивната женственост, тие си се родени со тоа и така си живеат.

гневен маж

Истражувачите од Флорида се приклучија на глобалното истражување на антропологот Дејвид Д. Гилмор од државниот универзитет во Њујорк, кој откри дека одредени машки особини се присутни во различните култури низ светот. Момчето не станува маж по автоматика. Тој мора да го стекне тоа.

Во старите времиња, пред интернетот, мажите требаше да го добијат нивниот статус со тоа што го заштитувале домот и со тоа докажувале дека се добар материјал за парење, па дури и одвреме на време убивале по некоја ѕверка. Но кога нема да може да убива животни, ќе го изгуби статусот а со тоа ќе му се намали машкоста. Женскоста е биолошка, вели Гилмор, а машкоста е "културолошка конструкција."

За да ја задржи својата машкост, мажот мора да остане агресивен и постојано да докажува дека е достоен за својот статус.

лов

За да ја задржат машкоста, мажите мора да се агресивни

Потребата за убивање животни можеби не е многу актуелна денес, но истражувачите од Флорида покажуваат дека машките сеуште чувствуваат потреба да ја докажат машкоста, што не е изненадување за никого, без разлика на полот. Но тие одат подалеку. И тоа можеби и не е така лошо.

Босон и Вандело покажуваат дека кога мажот чувствува дека неговата машкост е загрозена, почнува да станува поагресивен. Но, агресивноста ја намалува вознемиреноста. Како и многу студии на ова поле, сите учесници се студенти и не може да се каже со сигурност дека ова се однесува на цело население.

Тони Паркер

Во еден од експериментите, машките испитаници беа поделени на две групи. Од некои од мажите беше побарано да сплетат женска коса а од другите да сплетат плетенка со јаже. Потоа, требаше да удираат во вреќа, па да решат сложувалка итн. Како што се очекуваше, мажите кои плетеле женска коса имале поголема волја подоцна да удираат во вреќата отколку оние кои плетеле јаже.

Откако ја поминале оваа вежба, мажите ставија боксерски ракавици и удираа по вреќата на која имаше сензор кој ја мереше силата на ударот. Сите машки удираа во вреќата, но оние кои плетеа женска коса беа посилни отколку оние кои плетеа јаже.

При третиот експеримент, сите мажи плетеа коса наместо јаже. И само на пола им беше дозволено да удираат по вреќата.

дечковци

Агресија за враќање на машкоста

„Мажите кои удирале по вреќата покажале дека се помалку вознемирени отколку оние на кои не им било дозволено да удираат. Ова покажува дека агресивноста ефикасно ја намалува вознемиреноста кај мажите. Со тоа, машкоста се враќа на место, а вознемиреноста ја снемува."

Но истражувачите велат дека ова не се случува кај сите мажи. Особено не кај младите.

„Мажите стратешки ја користат машкоста со тоа што пресметуваат кога би им се испатило да ја покажат агресивноста," – велат тие. „Вака, на пример, ефектите на машките особини на агресијата можат да се различни врз основа на големината и силата на мажите. Всушност, последните истражувања покажуваат дека поголемите, посилните и поагресивните мажи точно знаат кога да ја искористат агресивноста за да си ја докажат машкоста."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.