RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИЗГЛЕД ЗА ЛИДЕРСТВО
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ФАКТИ ЗА СОНОТ
Среда, 19 Октомври 2011
Слика
ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 03 Септември 2013
Слика
ШОПИНГ ТЕРАПИЈА
Петок, 22 Јули 2011
Слика
ШТО Е СИНЕСТЕЗИЈА?
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
ПОЛОТ И МОЗОКОТ
Понеделник, 30 Јануари 2012
Слика
СИТЕ СМЕ МУТАНТИ?!
Вторник, 12 Јули 2011
Слика
ЕФЕКТОТ ЛУЦИФЕР
Вторник, 09 Ноември 2010

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд


Сваштарник


ЦРВЕНАТА БОЈА ПРЕДИЗВИКУВА ПОБРЗА РЕАКЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3294 пати
Недела, 11 Септември 2011 12:45

Која е врската помеѓу брзината, моќта и црвената боја? Помош: не е спортски автомобил.

црвена кола

Тоа се вашите мускули.

Едно ново истражување покажува дека кога луѓето гледаат црвена боја, реагираат побрзо и посилно, а не се свесни за интензивниот ефект на бојата.

Овие податоци се битни за спортот и други активности каде е потребна брзина и сила, како што е на пример дигањето тегови. Меѓутоа, авторите предупредуваат дека енергијата што бојата ја ослободува е краткотрајна.

кревање тегови

„Црвената боја ги подобрува нашите физички реакции затоа што се перцепира како опасност," – вели коавторот Ендру Елиот, професор по психологија на Универзитетот во Рочестер и главен истражувач на полето а психологијата на бои. „Луѓето поцрвенуваат кога се бесни и се спремаат за напад," – објаснува тој. „Исто така, полесно ја забележуваат црвената боја и кај другите луѓе и точно знаат како да реагираат."

гневно смајли

Меѓутоа, опасноста е меч со две острици, вели Елиот и коавторот Хенк Артс, професор по психологија на Универзитетот во Утрехт, Холандија. „Освен што генерира дополнителна енергија, опасноста предизвикува грижа, оттргнување од задачите и преокупираност, и сите овие работи имаат влијание врз менталното здравје." Во претходните истражувања за боите се покажало дека изложеноста на црвена боја е контрапродуктивна за моторните и менталните задачи: атлетичарите кои се натпреваруваат против некого кој носи црвена боја многу често губат и студентите кои гледаат во црвено лошо се покажуваат на испитите.

македонска репрезентација кошарка

„Бојата влијае врз нас на многу начини во зависност од контекстот," – вели Елиот, чие истражување документирало дека мажите и жените несвесно се привлечени од црвена боја кога луѓето од спротивен пол ја носа на себе. „Ние не сме свесни за влијанието на оваа боја." – вели тој.

црвена свеќа

При истражувањето се мереле реакциите на студентите во два експерименти. Во првиот експеримент, студентите држеле отворена метална алка. Пред да го направат тоа, тие ги читале броевите на учесниците напишани или со црвена или со сива боја. Во вториот, 46 студенти ја стегале сопствената тупаница колку што можат посилно кога го читале зборот "стискај" на компјутерскиот монитор. Зборот се појавувал со црвена, сина или сива позадина.

жена во црвено

И во двата случаи, црвената боја значително ја зголемувала силата, со тоа што учесниците кои гледале црвена боја покажувале повеќе сила отколку оние со сива боја. Во вториот експеримент, не само што биле посилни тие што гледале црвена боја, туку и побрзо реагирале.

Истражувањето се фокусирало на изометричките и не-насочувачките физички реакции, со што им се овозможило на истражувачите да ја измерат енергијата на испитаниците, но не и нивното однесување, кое варирало кај поединци.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.