RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НОВОГОДИШНА АФЕРА
Понеделник, 03 Јануари 2011
Слика
ЗОШТО ПЦУЕМЕ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СЛИКИ АНАЛГЕТИЦИ
Среда, 09 Март 2011
Слика
ПАМЕТНИ РОБОТИ
Понеделник, 31 Јануари 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром


Сваштарник


ЗОШТО СТЕ СЕУШТЕ СИНГЛ? PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4342 пати
Среда, 07 Септември 2011 12:49

Илјадници мажи и жени секојдневно се прашуваат зошто сеуште се "сингл". Има ли уште надеж? Да, има, ако има волја за себе-преиспитување.

тажна жена

1. Анализирајте ги вашите претходни врски

Ако сеуште сте сами а сакате да продолжите понатаму со животот, започнете со длабока анализа на вашите претходни љубовни врски. Каде била грешката? Овој пат, немојте цела вина да ја префрлувате на вашиот партнер. Погледнете се во огледало и бидете искрени кон себеси. Само со таков пристап ќе научите корисна лекција од вашите претходни грешки.

2. Сфатете дека самите сте одговорни за вашиот живот

Признајте си себеси како функционирале вашите претходни врски. Ако раскинот бил инициран од ваша страна во повеќето врски, сте наишле на рудник со злато. Почнете да копате. Вие сами ги формирате вашите искуства и вие ги донесувате одлуките. Одлуките се основаат врз вашите карактерни особени, и вие сте тие што треба да се соочите со последиците.

тажен маж

3. Бидете она што сте

Не се преправајте. Ако вие не се прифатите себеси такви какви што сте, порано или подоцна самото општество ќе почне да ви го диктира карактерот, и тогаш ќе бидете само една несреќна и нереализирана личност. Ако се преправате, не давате никаков придонес во врската. Бидете свои и спуштете ја маската барем пред личноста што ве интересира. Само ако сте искрени ќе постигнете реален и задоволувачки контакт. Затоа, немојте да го криете карактерот!

4. Размслувајте позитивно

Важноста на вашиот внатрешен монолог излегува и надвор. Мислите што ви поминуваат низ главата во текот на денот всушност ве водат. Запамтете дека негативното размислување ги отфрла луѓето од вашиот живот. На пример, ако себеси се дефинирате како "магнет за чудаци", тогаш, ако се решите за состанок "на слепо", вашиот партнер несвесно ќе го забележи тоа и ќе почне така да се однесува. Навистина сакате да сте магнет за чудаци?

жена јади чоколадо

5. Уживајте во успехот

Паметно е да ја анализирате секоја ситуација посебно. Само тогаш навистина ќе сфатите како стојат работите. Ако сте сами и сметате дека „сите мажи/жени се веќе зафатени", тоа значи дека вие сте тргнале во потрага по изгубено богатство, затоа што барате некакви "остатоци" пред да го најдете самото богатство. Животните не се вакви. Сепак. Луѓето често стануваат жртви на себе-деструктивни тенденции и чувство на немоќност.

6. Нема потреба да задоволувате некоја личност по секоја цена

Најчестата грешка кај луѓето што немаат партнер е спремноста целосно да се променат за да ги задоволат потребите на партнерот. За жал, ова функционира само како бумеранг, се' се враќа.

маж и жена

7. Бидете флексибилни

Ако нешто не функционира, ставете крај. Единствената константна работа во вашиот живот треба да е промената.

8. Живејте во вистинската околина

Ако си формирате околина кадешто најдобро се чувствувате, животот ќе ви биде полесен. Како личност која сака да запознае некого, треба да формирате средина која што е најпогодна за запознавање други луѓе.

скршено срце

9. Набљудувајте го говорот на телото на другите

Помалку од 20% од комуникацијата е со зборови. Ова значи дека вашите мисли се претопуваат во вашата околина преку говорот на телото. Како резултат на говорот на вашето тело, некои луѓе можат да ве сметаат за прекрасни или пак за одвратни личности.

10. Научете да прифаќате комплименти

Можеби делувате недостижно и не ги забележувате реакциите на луѓето околу вас затоа што мислите дека тоа вас не може да ви се случи.

дечко гледа во пар

Да сте "сингл", не значи да сте сами, затоа што најбитната врска во вашиот живот е врската со самите себе. Морате да се запрашате дали сакате сериозна врска или мислите дека "треба да сакате сериозна врска" затоа што тоа е нормално во едно општество. Ако навистина сакате, тогаш имате прилика да уживате во заеднички живот. Втората опција ќе направи вашиот партнер да се чувствува како да ви е товар во животот и обратно.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.