RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АВТОРИТАРНА ЛИЧНОСТ
Четврток, 21 Февруари 2013
Слика
НЕ МЕ ИГНОРИРАЈ!
Петок, 27 Јануари 2012
Слика
4 ТИПА ПАРАЈЛИИ
Четврток, 25 Август 2011
Слика
ПИШТОЛ ЗА ТЕСТОСТЕРОН
Среда, 20 Април 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АПОКАЛИПСАТА
Вторник, 03 Јануари 2012

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно


Сваштарник


СТРАВ ОД МАТЕМАТИКА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4447 пати
Четврток, 01 Септември 2011 15:33

И студентите и професорите се потат од математика, но едно ново истражување укажува на најраните причини за стравот од математиката.

собирање

Експертите сметаат дека "стравот од математиката" предизвикува одбивност кон самиот предмет што предизвикува многу мал број на студенти да продолжат да студираат математика или друга наука како и да покажуваат било каков интерес за финансиските пазари.

„Луѓето се среќни кога ќе кажат дека не сакаат математика," – вели Сиан Л. Беилок, професор по психологија на Универзитетот во Чикаго и автор на книгата Давење од 2001 година во која се зборува за реакциите на мозокот при притисок во функцијата. „Никој не сака да признае дека не знае да чита, но сосема е нормално да кажете дека не сакате математика."

дете решава задача

Стравот од математиката не е само одбивност кон неа – некои луѓе се чувствуваат навистина лошо кога треба да решаваат некакви математички проблеми. Во едно истражување на Беилок, со самото соопштување дека треба да решаваат математичка задача, студентите покажаа знаци на стрес во хипоталамусот.

Беилок и останатите експерти ги откриваа најраните проблеми со математиката кај децата кои подоцна предизвикуваат страв и тешкотии.

Стрес во мозокот

Стравот е доста жестока тема при истражувањара затоа што едукаторите се фокусираа на резултати од тестови и самата работа, а невронауката отвори нови прозорци за тоа како мозокот реагира при страв и вознемиреност.

Вознемиреноста може буквално да ја отсече работната меморија која е потребна за да се научат и решат проблемите, вели доктор Џуди Вилис, невролог од Санта Барбара и автор на книгата Научете да ја сакате математиката.

страв од математика

Кога прв пат се сретнува со еден проблем, студентот ја процесира информацијата преку амигдалата, емоционалниот центар на мозокот кој потоа ја пренесува информацијата до предфронталниот кортекс, пределот одговотен за работната меморија и критичкото размислување на мозокот. Кога организмот е под стрес, има поголема активност во амигдалата отколку во предфронталниот кортекс – самото натажено лице при погледот врз тестот мое да предизвика студентот да ја изгуби способноста да се концентрира и да одговори на задачата.

„Кога започнуваат со решавање на задачата, луѓето кои навистина имаат одбивност кон математиката, страдаат од мисли кои ги преокупираат," – вели Даниел Ансари од Универзитетот во Онтарио. „Притоа, се отсекува нивната способност за процесирање на податоците и самата работна меморија. Тие ја користат целата моќ на мозокот што им е потребна за решавање на задачата само на самата грижа за тоа како ќе ја решат."

Исто така, низ низа на експерименти во лабораторијата за невронаука на меморијата и вниманието на Универзитетот во Њујорк, се покажа дека реакцијата од стресот ги напаѓа студентите кои во други околности би сакале да се занимаваат со математика.

девојче решава задача

Џенифер А. Менгелс, директор на лабораторијата, вели дека анализирале студенти кои биле тестирани или во неутрална ситуација или пак во ситуација кога намерно им бил предизвикан стрес со тоа што им кажувале податоци за тоа кој од двата пола е подобар во математика или пак дека нивните резултати ќе бидат споредувани со резултатите на другите.

Менгелс откри дека студентите кои биле тестирани во стресни ситуации покажале послаби резултати. Таа исто така откри дека стресот особено ги напаѓа учениците кои се навистина солидни.

При тестирањето во неутрална ситуација, оние кои сакале математика имале најдобри резултати. Кога биле под стрес, истите студенти имале послаби резултати отколку оние кои воопшто не покажувале интерес за математика.

математика бројкиДискалкулија и пристрасност

Постојат две главни искуства од детството – една биолошка, една социјална, кои можат да внесат страв кај луѓето уште од мали години, велат експертите.

Низ низа на истражувања, Ансари и неговите колеги од лабораторијата за нумеричка когнитивност открија дека возрасните кои имаат одбивност кон математиката имаат ниска способност за препознавање на разлики на нумеричка магнитуда, или пак да го откријат точниот број на примероци во една група, а оваа појава е наречена дискалкулија.

Како дел од нормалниот развој, децата со тек на време учат кој број е поголем од некој друг, но Ансари вели дека оние со страв од математика покажуваат слаби резултати на ваквите тестови, побавно размислуваат и не се прецизни.

Нумеричката магнитуда е основа за други пресметки, па ако не се разбере на рани години, понатаму може да предизвика тешкотии, фрустрации и негативни реакции во однос на математиката.

учителка по математика

Исто така, стравот од математика предизвикува генерациски проблеми, затоа што родителите кои имаат одбивност кон математиката им предаваат негативни чувства и на децата.

Беилок открива дека наставниците по математика на прво и второ одделение кои имаат одбивност кон математиката, влијаеле врз работата на децата на часовите по математика и нивните верувања во врска со нивните способности за математика. На почетокот на истражувањето, немало разлика во резултатите меѓу момчињата и девојчињата. Со текот на времето, девојчињата чија наставничка имала одбивност кон математиката покажале пониски резултати отколку момчињата.

дете и тешки задачи

Исто така, девојчињата почнуваат да веруваат дека момчињата се добри во математика, а девојчињата во читање. И колку повеќе веруваат во ова, стануваат полоши во математика.

Истражувањето покажа дека е потребен тренинг за родителите и наставниците за тоа како да се справат со сопствениот страв од математиката и да спречат пренесување врз децата, велат Беилок и Ансари.

„Стравот на наставниците од математиката е вистинска епидемија," – вели Ансари. „Мислам дека постои голем број на луѓе кои одлучиле да предаваат во основно училиште само затоа што се плашат да предаваат посложена математика или друга природна наука."

девојче учи

Еуген А. Гајст, професор на Онтарио Универзитетот во Атина и автор на книгата од 2001 година: Децата се родени математичари, работи со наставниците за да обезбеди "безбедна настава" за учениците. Тој ги советува наставниците да ги насочуваат учениците кон учење на математичките процеси наместо да им даваат решенија затоа со тоа се намалува самодовербата при решавање на задачите и кај наставниците и кај учениците.

„Ако ви го дадам одговорот, вие веднаш заборавате на прашањето. Ако не ви го дадам одговорот, ќе ви остане прашањето и ќе размислувате за решението," – вели тој.

Во спротивно, ако секогаш имаат достапни решенија, и учениците и наставниците почнуваат да чувствуваат несигурност при решавањето на математичките задачи.

мало девојче на табла

Исто така, доктор Вилис, невролог од Калифорнија, вели дека наставниците треба да им помогнат на учениците да се справат со стравот од математика со тоа што заедно ќе ги работат задачите.

„Тоа помага затоа што со текот на времето ќе се зголеми активност и ќе се намали стравот од грешење," – вели доктор Вилис. Клучно е да им се помогне на децата да преминат преку стравот од математика, а тоа се прави со давање на најосновното знаење, а тоа се стекнува со активно учество па и правење грешки.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.