RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВО УМОТ НА ПЕДОФИЛИТЕ
Петок, 26 Август 2011
Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
ВИДОВИ НА СОЦИЈАЛНО ВЛИЈАНИЕ
Вторник, 30 Октомври 2012
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
МАШКИ ДОМАЌИНЛАК
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
СЕКСОТ НЕ ЛЕЧИ ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 1 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
СЕКСУАЛНА АНОРЕКСИЈА
Четврток, 08 Август 2013

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром


Сваштарник


МУЗИЧКИТЕ ЧАСОВИ КОРИСНИ ДОЖИВОТНО PDF Печати Е-пошта
(5 гласови, просечно 4.40 од можни 5)
прочитано 3304 пати
Вторник, 30 Август 2011 11:08

Родителите би требало да се опуштат за цената на часовите по музика на нивните деца, барем според една нова студија која укажува дека обуката би можела да се исплати на постара возраст.

бебенце тропа на тапани

Прелиминарна студија открива дека музичката активност помага да се одржат когнитивните вештини низ годините.

Дури и доколку не свирите на одреден инструмент, обуката во младоста, кога мозокот е најподатлив, се чини дека има бенефиции. Сепак, времетраењето на музичката обука се чини дека прави разлика.

Истражувачите собраа 70 здрави возрасни на возраст од 60 до 83 години кои беа поделени во групи врз основа на нивото на нивното музичко искуство. Музичарите имаа подобра изведба на неколку когнитивни тестови од индивидуалците кои никогаш не учеле инструмент или како да ја читаат музиката.

детенце свири на гитара

"Музичката активност низ животот може да служи како предизвикувачка когнитивна вежба, правејќи го вашиот мозок поподготвен и поспособен за акомодација на предизвиците на стареењето," вели водечкиот автор Бренда Хана-Пледи.

"Бидејќи учењето на инструмент бара години на пракса и учење, може да создаде алтернативни врски во мозокот кои може да надоместат за когнитивните падови како што старееме."

Според експертите, ова е првата студија која испитува дали когнитивните придобивки од учењето и свирењето на музички инструменти за време на детството може да се прошират низ целиот живот.

баба свири пијано

Трите групи на учесници во студијата вклучуваа индивидуи без музичка обука; со една до девет години музичка обука; или со барем 10 години музичка обука. Сите учесниците имаа слично ниво на образование и способност и не покажуваа знаци на Алцхајмерова болест.

Истражувачите открија дека музичарите кои беа најдолго обучувани имаа најдобра изведба на когнитивните тестови, следени од музичарите со ниско ниво на обука и немузичарите, откривајќи тренд кој е поврзан со годините на музичка пракса.

Иако студијата не укажуваше на причините и последиците, музичките способности и обука беа поврзани со силни скорови на когнитивните тестови поврзани со визио-спацијалната меморија, именувајќи објекти и когнитивна флексибилност.

стари луѓе свират

Истражувачите веруваат дека резултатите "укажуваат на силно предиктивно влијание на високата музичка активност низ животниот век на зачуваното когнитивно функционирање во напредната возраст," тврди студијата.

Ова укажува дека траењето на музичкото студирање е поважно од тоа дали музичарите продолжуваат да свират и во постара возраст, вели Хана-Пледи.

стар работно активен човек

"Врз основа на претходните истражувања и нашите резултати од студијата, ние веруваме дека и годините на учество во музиката и возраста на стекнување се клучни," вели таа.

"Постојат критични периоди во мозочната пластичност кои го поттикнуваат учењето, што може да го олесни учењето на музички интрумент пред одредена возраст и според тоа може да има поголемо влијание врз развојот на мозокот."

клавиши од пијано

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.