RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПАРИТЕ И СЛАВАТА СЕ НЕСРЕЌА?
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
ТРЕТО ОКО
Вторник, 12 Април 2011
Слика
ГРУПНО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Четврток, 22 Септември 2011
Слика
МУНЧХАУЗЕН СИНДРОМ
Петок, 05 Август 2011
Слика
НОВ ПЕРСОНАЛЕН РОБОТ
Сабота, 12 Февруари 2011
Слика
СПИЕЊЕ И МЕМОРИЈА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ЛАЖНИ СЕЌАВАЊА
Петок, 02 Декември 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


ДОЛГ ПРСТЕЊАК - ЗГОДЕН ДЕЧКО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3201 пати
Петок, 26 Август 2011 17:40

Доколку сакате да дознаете колку е привлечно некое момче, само погледнете во неговите раце. Растојанието помеѓу неговиот десен показалец и прстењакот е поврзано со фацијалната атрактивност, открива една нова студија.

раката на барак обама

Растојанието, наречено 2Д:4Д бидејќи ја споредува должината на вториот прст со четвртиот прст, е логично бидејќи тој сооднос е управуван од секс хормонот тестостерон, велат истражувачите.

"Откривме дека 2Д:4Д соодносот може да ја предвиди фацијалната атрактивност. Колку помашки е 2Д:4Д, толку поатрактивно е лицето," вели истражувачот од студијата Камил Фердензи од Универзитетот во Женева, Швајцарија. "Количината на секс хормони на која сте изложени пред раѓањето придонесува до начинот на кој се развива вашето лице и колку атрактивно се развива." (Претходните истражувања покажаа дека галите сакаа машки пештерски лица).

убав дечко

Чудно, ова се случува поради количината на тестостерон врз која е изложен фетусот во текот и на крајот од првото тромесечие, кога започнуваат да се развиваат тестисите. Колку повеќе тестостерон, толку поголем е 2Д:4Д соодносот, а и толку поквалитетна сперма продуцира мажот. Ова се разликува од други сексуални и машки карактеристики, како фреквенцијата на гласот и мирисот на телото, кои се регулираат од нивото на возрасен тестостерон.

"Постојат многу нешта кои се регулирани од страна на тестостеронот за време на пубертетот и во зрелоста," вели Џон Менинг, истражувач од Свонси Универзитетот во Велс кој не беше вклучен во студијата, за LiveScience. "Целта на оваа студија е да се открие дали раните фетусни реакции влијаат врз нештата како привлечноста."

подолг показалец од прстењак

Трагање по прстите

Колку повеќе тестостерон, толку подолго расте десниот прстењак на фетусот (да, само еден прст). Показалецот е поосетлив кон нивоата на естроген на фетусот. Доколку овие два прсти имаат иста должина (мерена од дното на наборот), 2Д:4Д соодносот е 1; ако прстењакот е подолг, соодносот е помал од 1. Значи, колку подолг е прстењакот од показалецот, толку повеќе фетален тестостерон треба да се очекува, а на крајот, момче со позгодно лице.

Додека експериментите кои се потребни за да конечно се докаже оваа корелација (земајќи тестостерон in utero за време на бременоста или третирајќи ги некои фетуси со тестостерон и мерејќи ја должината на прстите) би било неетички, многу од истражувачите веруваат во врската. Тестовите кај стаорците покажуваат дека покаченото ниво на тестостерон предизвикува поголем 2Д:4Д сооднос, а одредени хормонски болести кај луѓето покажуваат разлики во овој сооднос.

орландо блум

За да откриеме како ова е поврзано со привлечноста, Фердензи вклучи 49 женски колеги како судии за влошки заситени со телесен мирис, звучни клипови и слики од лицата на 49 машки колеги студенти. Потоа тие ги споредија овие резултати со прецизни мерења на 2Д:4Д соодносот кај машките и забележаа поврзаност помеѓу фацијалната атрактивност и поголемиот 2Д:4Д соодноси.

"Главниот заклучок од студијата е гласен, врската помеѓу односот на прстите и перцепцијата на атрактивноста се вклопува во тоа што веќе го знаеме," вели Менинг, кој во своето истражување минатата година откри врска помеѓу 2Д:4Д односот и талентот за играње рагби-фудбал. "Сметам дека тоа е одлична студија."

дечко со добар изглед

Развојно или возрасно?

По развојот, тестостеронот паѓа на ниско ниво до пубертетот и потоа се задржува во текот на зрелоста. За време на зрелоста, тестостеронот одредува разни карактеристики (како глас и мирис) од оние врз кои влијае во развојот. Нивоата на возрасен тестостерон се менуваат во текот на денот, во разни ситуации.

"Овие хормони пред раѓањето не се причина за се," вели Фердензи за LiveScience. "Постојат и други фактори за луѓето кои ги прават попривлечни - мирисот, гласот, однесувањето, нешта кои не се неопходно однапред детерминирани."

рака

Фердензи одредува дали ова функицонира и кај жените - доколку е пофеминистички 2Д:4Д односот (или оние кои се поврзани со повисоко ниво на естроген во текот на развојот) се во корелација со женската атрактивност. Таа сака да одреди и дали машките гласовни и мирисни карактеристики се всушност поврзани со повисоки нивоа на возрасен тестостерон.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.