RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд


Сваштарник


ТАЖНИТЕ ЛУЃЕ ИЗБЕГНУВААТ КОНТАКТ СО ОЧИТЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3721 пати
Среда, 24 Август 2011 15:05

Според едно ново истражување на еден психолог од Универзитетот Anglia Ruskin, луѓето кои се тажни или депресивни, избегнуваат контакт со очите со другите луѓе.

млади разговараат 

Доктор Питер Хилс, предавач по психологија на Универзитетот Anglia Ruskin, направил неколку експерименти за да открие како расположението влијае врз начинот на кој луѓето гледаат во другите луѓе.

Истражувањето кое е во ко-авторство со доктор Михаел Луис од Универзитетот во Кардиф, покажува дека кај среќните луѓе се забележуваат промени во очите повеќе отколку кај оние кои не се среќни.

дечко со преубав поглед

„Луѓето во депресија избегнуваат контакт со очите во социјални ситуации и во експериментални околности, додека пак среќните луѓе активно воспоставуваат контакт со очите" - вели доктор Хилс кој исто така откри дека несреќните луѓе повеќе ги забележуваат надоврешните промени како на пример промена на фризурата.

Една теорија е дека избегнувањето на контактот со очите всушност може да ја зголеми депресијата кај веќе несреќните луѓе и тоа може да ги натера да се изолираат од другите.

страмежлива девојка

„Тажните луѓе кои избегнуваат контакт со очите можат целосно да го променат целиот социјален однос и да се оттргнат од било какви социјални ситуации," - вели доктор Хилс. „Иако ова може да ја намали анксиозноста што ја предизвикува самата ситуација, може истовремено да ја зголеми социјалната изолација и уште повеќе да ја влоши нивната тага."

дечко со наочарчиња

Една алтернативна перспектива од нашите податоци покажува дека испитаниците кои чувствуваат тага, избегнуваат контакт со очите и ги регистрираат луѓето според нивните надворешни особини, како што е косата на пример. Позатворените особини, како што се очите и носот се баш оние особини според кои ги препознаваме луѓето.

„Вака, испитаниците кои чувствуваат тага подеднакво реагираат на сите лица, исто како сите лица да им се познати, што исто така го зголемува ризикот од социјална изолација"

страмежлива девојка

Доктор Хилс и доктор Луис конструираа 12 "прототипни лица" со помош на компјутерски систем. Софтверот дозволуваше одредени особини да се селектираат, како на пример, формата, фризурата, очите, веѓите, носот, устата и формата на брадата. Потоа, секоја форма беше зголемувана, затегнувана, или поместувана во однос на другитеособини.

За да се забележе расположението, испитаниците правеја автобиографски тестови за меморијата додека слушале одредена музика која била изберена откако била тестирана врз студенти по психологија во претходно истражување.

пар кој разговара

Реквием од Моцарт била пуштана за да се предизвика тажно расположение, музика од филмот А-тимот за да се предизвика весела атмосфера и тема од Потрагата по црвениот октомври за неутрално расположение.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.