RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НАЈДЕПРИМИРАЧКИ ПРОФЕСИИ
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
САМОСВЕСНИ РОБОТИ
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
ЖИВОТНИТЕ ПАМЕТАТ, НО ШТО?
Понеделник, 05 Декември 2011
Слика
КАКВИ СТЕ ВО ОДНОС НА ПРАВИЛАТА?
Понеделник, 21 Јануари 2013
Слика
БЕСПЛАТНО! НО ПО КОЈА ЦЕНА?
Сабота, 30 Октомври 2010
Слика
КОЛКУ ТАЖНА Е ДЕПРЕСИЈАТА?
Среда, 21 Септември 2011

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард


Сваштарник


ОТКАЖЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ - ЌЕ БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 6397 пати
Понеделник, 22 Август 2011 14:29

Мислењето дека откажувањето од цигарите прави да се чувствувате полошо не е точно.

девојка ги пресекува цигарите со ножица

Истражувачите од Универзитетот Браун открија дека оние кои почнале со процесот на откажување на цигарите никогаш не биле посреќни. Авторите на истражувањето објаснуваат дека откажувањето од цигарите е добро за физичкото здравје. Сепак, никој не размислува дали целиот процес ги прави луѓето посреќни или подепресивни. Повеќето сметаат дека со откажувањето, им се намалила анксиозноста и депресијата која ја предизвикувале цигарите.

среќна девојка

Кристофер Калер вели дека пушачите кои размислуваат да се откажат од цигарите треба да се мотивираат од двојната придобивка – и физичка и ментална. Откажувањето е далеку од психолошки кошмар. Калер вели: „Се мисли дека луѓето пушат затоа што цигарите делуваат антидепресивно, и ако се откажат од нив, повторно ќе им се врати депресијата. Она што изненадува е дека кога се оценува расположението на пушачите после некое време откако се откажале, се покажува дека тие веќе почнале да покажуваат помалку симптоми на депресија."

отпушоци

Калер и неговиот тим испитувале податоци од 236 мажи и жени пушачи кои сакале да се откажат од цигарите. Меѓу нив исто така имало луѓе кои многу пиеле кога се собирале со друштво. Сите тие биле решени да се откажат од пушењето. На некои од нив им биле давани и совети како да се откажат од алкохолот. Сите тие поминале низ тестови за да се измерат симптомите на депресија седум дена пред да престанат да пушат. Истите испитувања биле направени после 2, 8, 16 и 28 недели откако се откажале од цигарите.

забрането пушење

Од сите 236 испитаници:

- 99 веднаш се откажале

-44 помалку пушеле отколку претходно

- 33 успешно се бореле против цигарите до осмата недела

- 33 целосно се откажале од цигарите

- 29 не покажале ниту едно од горенаведените постапки

среќни луѓе

Помеѓу оние кои успеале да се откажат барем кратко време, се покажало дека биле навистина посреќни за време на прегледите. Сепак, откако сфатиле дека не можат да престанат да пушат, нивното расположение повторно се влошило. Калер вели дека подобреното расположение и периодите на апстиненција имаат директна врска. Оние кои веднаш се откажале од терапијата продолжиле да одат на прегледи, и се покажа дека тие се всушност најнесреќни од сите останати во групата. Оние кои успешно ја поминале терапијата покажале највисоки нивоа на среќа, велат авторите.

девојка кине цигара

Авторите додаваат дека врската помеѓу среќата и откажувањето на цигарите е навистина силна, без разлика дали испитаниците пиеле алкохол или не пиеле. Истражувачите сметаат дека откажувањето од пушењето ги намалува симптомите на депресија и мит е дека пушењето ја намалува анксиозноста. Калер вели: „Ако престанат да пушат, нивните симптоми на депресија се намалуваат, а расположението се враќа. Е така треба да делува еден антидепресив."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.