RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
„ЗАРАЗНО“ ПРОЅЕВАЊЕ
Четврток, 22 Декември 2011
Слика
УТРОТО СЕПАК ПОМУДРО ОД НОЌТА
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
И ВЕРУВАТЕ ЛИ НА ИНТУИЦИЈАТА?
Четврток, 31 Јануари 2013
Слика
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ?
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
СИНДРОМ НА РОДИТЕЛСКА ОДБИВНОСТ
Вторник, 18 Октомври 2011

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


Сваштарник


ЧЕТВРТВЕКОВНА КРИЗА?! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2923 пати
Петок, 19 Август 2011 13:37

Многу млади луѓе се чувствуваат изгубени и напнати откако ќе завршат средно школо или факултет и тоа многу често го доведува идентитетот во прашање.

дечко слави 25 роденден

Иако многумина знаат што значи терминот “средновечна криза”, мал број знаат што значи “четвртвековна криза”.
Четвртвековната криза ги зафаќа младите во доцните тинејџерски години до раните триесетти – луѓето кои страдаат од оваа криза се чувствуваат премногу разочарани на прагот на “возрасниот живот”. Наместо да заработуваат големи пари работејќи нешто што навистина го сакаат, овие млади луѓе мораат да работат работа за мали пари само за да преживеат, иако имаат диплома. Некои мораат да живеат со цимери или со нивните родители подолг период отколку што планирале.

тажна девојка
За работите да изгледаат уште полошо, дипломираните студенти продолжуваат да ги плаќаат долговите кон факулетот, а немаат никакви пари за живот или за почеток на некаков бизнис. Како и да е, луѓето кои страдаат од четвртвековна криза немаат проблеми само со работата – и нивниот приватен живот е далеку од тоа на што се надевале. Некои од нив се во несреќен брак или тешка љубовна врска, а остатокот се незадоволни самци  - изолација наспроти интимност – тоа е нивното мото. Генерално гледано, тие сфаќаат дека дошол крајот на факултетскиот живот без грижии обврски сега чекаат да започне нивниот “вистински живот” но тешко се снаоѓаат затоа што се свесни дека влегуваат во едно општество кое воопшто не им буди волја за живот.

млад среќен пар

Како да се надмине четвртвековната криза:

Многу научници сметаат дека луѓето мораат да се справат со кризите на идентитетот во нивниот живот: да се порнајде сопствениот идентитет за време на пубертет и истиот да се реоформува за време на средновечна криза се две сосема различни работи. Се разбира дека секој човек има сопствен период на развивање на личноста, сепак, психолозите сметаат дека постои врска меѓу возрасните групи и одредени кризи. За да се надмине четвртвековната криза, младите треба да сфатат дека не се сами, туку дека има голем број на луѓе кои се чувствуваат исто како нив. И, иако се плашат од финансиски кризи, мора да преземат некаква акција и да се фокусираат на позитивните решенија на проблемите. Исто така, би било добро кога би си направиле еден индивидуален животен план: не мора секој на 33 години да е во брак со две деца и да работи од 9 до 5.
Добрата вест е дека никој не треба да живее живот кој бил наметнат од родителите, врсниците или медиумите.

младо семејство

Младите луѓе понекогаш се чувствуваат како самото општество да ги притиска да заземат улога која тие сеуште не се спремни да ја преземат, но сепак, некои од нив се трудат да станат дел од нормата па се споредуваат со другите кои ги “исполниле” стандардите на општеството па пребрзо стапиле во брак, без разлика на фактот дека жените на денешно време можат да раѓаат до кога сакаат. Иако должината на животот се зголемува, многу млади луѓе се чувствуваат остарени на дваесет години. За да се избегне ова, младите треба да почнат да се дружат со позитивни и безгрижни луѓе и да се оттргнат од проблемите со тоа што ќе го користат слободното време за излегување, слушање музика или слично. Во некои случаи, добро е исто така лицата кои се зафатени од оваа криза да побараат и стручна помош за да ги решат сопствените проблеми, особено ако нивните проблеми се поврзани со депресија или вознемиреност.

25 роденден

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.