RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДАЛИ ЕТИЧНОСТА НИ НОСИ СРЕЌА?
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
ЖИВОТНИТЕ И ЕВОЛУЦИЈАТА
Четврток, 13 Јануари 2011
Слика
КАКО ДА ГИ ПРЕЖИВЕЕТЕ ПРАЗНИЦИТЕ
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
АТЕИСТИТЕ ИМААТ НАЈДОБАР СЕКС
Четврток, 01 Септември 2011
Слика
ГЛАСОВИ ВО ВАШАТА ГЛАВА
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ПОИЗГОВОРЛИВИТЕ ИМИЊА КЛУЧ ЗА УСПЕХ
Четврток, 16 Февруари 2012
Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК НЕ Е ПРЕСУДЕН
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ФАЛБАЏИСКИ ТВИТЕР
Недела, 23 Јануари 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


СРЕЌНАТА ИДНИНА ЗАВИСИ ОД МИНАТОТО PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3151 пати
Четврток, 11 Август 2011 14:56

Едно ново истражување анализира како карактерот влијае врз личната среќа и тоа дека луѓето кои ја гледаат чашата како полуполна се навистина среќни.

девојка од минатото и иднината

Исто така, луѓето кои размислуваат негативно за искуствата од минатото и постојано жалат за нешто не се многу среќни.
Според авторите, истражувањето објаснува како карактерот има силно влијание врз среќата на луѓето. Податоците покажуваат дека луѓето со одредени карактерни особини се посреќни од другите поради начинот на кој гледаат на минатото, сегашноста и иднината.
Истражувачите анализираа какви резултати покажаа луѓето при проверка на нивниот карактер кога станува збор за тоа колку се задоволни од животот и како гледаат на времето.

среќна девојка
Поединците биле испитувани за тоа колку се екстровертни, невротични, отворени, совесни и колку покажуваат согласност. Истражувачите потоа ги рангирале поединците на скала за секоја карактерна особина и не ги сместувале во тип на карактер.
„Откривме дека високо екстровертните луѓе се посреќни затоа што имаат позитивен и носталгичен став за минатото и не размислуваат негативно, ниту пак се каат за нешто.“
„Луѓето кои биле многу невротични пак, имаат сосема спротивен став за минатото и како резултат на тоа се многу понесреќни,“ – вели доктор Рајан Хауел, асистент по психологија на државниот универзитет во Сан Франциско.
„Ова се добри вести затоа што иако е тешко да се промени карактерот, сепак има начин да се промени начинот на гледање на работите за да се зголеми среќата,“ – вели Хауел.

несреќен дечко
Авторите сметаат дека присетувањето на среќните моменти од минатото и фрлањето светлина врз болните искуства од минатото се ефикасни начини за зголемување на сопствената сатисфакција од животот.
Голем број на истражувања од минатите 30 години покажуваат дека карактерот е силен показател за животната сатисфакција на луѓето. Последните податоци ја објаснуваат врската меѓу овие две работи.
„Карактерните особини имаат влијание врз тоа како луѓето гледаат на минатото, сегашноста и иднината и токму овие различни гледишта ја одредуваат среќата на личноста,“ – вели Хауел.

интроверт и екстроверт
При истражувањето, повеќе од 750 испитаници пополнуваа анкета за нивниот карактер, животната сатисфакција и погледот кон времето. Последниот критериум одредува дали една личност е ориентирана кон минатото, сегашноста или иднината.
За да се одреди временското гледиште, испитаниците пополнуваа прашања за тоа дали сакаат да размислуваат за “старите добри денови” или пак сметаат дека иднината е предодредена од самиот човек или пак од судбината.
Како гледаат луѓето на минатото е најголем показател за нивната животна сатисфакција. Екстровертите, кои најчесто се живи и зборлести, сакаа да се присетуваат на минатото и како резултат на тоа беа многу среќни.
Оние кои беа невротични, го менуваа расположението и беа емоционално нестабилни и плашливи, не сакаа да се присетуваат на минатото а како резултат на тоа беа помалку среќни.

минато сегашност иднина

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.