RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТАТКОВСТВОТО ГИ МЕНУВА МАЖИТЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ХИЕНИТЕ НЕ СЕ СМЕАТ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
НЕАНДЕРТАЛЦИ ГУРМАНИ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ПАРИТЕ И СЛАВАТА СЕ НЕСРЕЌА?
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
НЕПРИЈАТНА ВИСТИНА ЗА СЕКСОТ
Петок, 18 Ноември 2011
Слика
ИСТОРИЈА НА ЧОВЕКОВАТА АГРЕСИЈА
Понеделник, 10 Јануари 2011
Слика
ПЕТ БИЗНИС ГРЕШКИ
Среда, 29 Декември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура


Сваштарник


ПСИХОЛОГИЈА НА КОНКУРЕНЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3967 пати
Вторник, 19 Јули 2011 19:41

Релативно нова област во психолошките истражувања е психологијата на спортот.

фрлач на диск

Сепак, принципите кои ги вклучува се многу стари. Уште од времето на античките Грци  била позната врската помеѓу телото и умот. За сите професионалци од полето на психологијата се зема во предвид научен факт дека емоциите и психолошкото здравје на индивидуата има многу значајно лежипте во нивната физичка состојба. Затоа, тоа е причина поради која физичките натпреварувачи  бараат мала предност, оваа врска треба да биде разгледана и искористена до својот најголем степен.

свесен ум

Состојба на свеста

Постојат бројни начини на кои атлетите го тенираат своето тело. Тренирање со тежина, склекови, трчање се само неколку од физичките активности кои ги користат атлетите без разлика на спортот во кој се вклучени. Постојат разни психолошки вежби кои може да ги користат атлетите насекаде низ светот. Во времето на конкурентност, многуте елитните натпреварувачи изјавуваат дека се наоѓаат “во зоната”. Ова се однесува на потполно фокусирање на поставената задача, блокирајќи ги сите збунувачки мисли и овозможувајќи му на умот способност да работи за време на задачата чекор по чекор. Медитацијата е на некој начин сличен процес. Сама по себе, медитативната работа е алат кој атлетите може да го користат за го тренираат својот ум.

свесност за себе

Навечер, пред спиење, седнете или легнете удобно и дозволете вашиот ум да стане чист. Не се обидувајте да го присилите тоа, бидејќи самата мисла на присилување ќе го прекине процесот на медитација. Наместо тоа, како што ќе ви надоаѓаат мислите, дозволете им да поминат повторно. Не се концентрирајте на нив, но дозволете им да поминат низ вашиот мозок. На почетокот на овој процес, за некои индивидуи ќе им биде од помош да се концентрираат на една мисла. Не се обесхрабрувајте доколку се случи да заспиете за време на медитацијата. На крајот вашиот ум ќе се навикне да биде слободен и буден. Продолжете да вежбате. Како што поминува времето, ќе ја примените оваа состојба на медитација на натпреварувањето, сепак овој пат ќе ги концентрирате вашите мисли на секоја задача која надоаѓа, но не дозволувајте им на другите мисли, вклучувајќи ги напредните мисли за следната задача, да се вмешаат.

медитација

Вашиот внатрешен глас

Разликата помеѓу неуспехот и успехот може да биде резултат на едноставното разговарање со себеси. Секој од нас има внатрешен глас кој ни дава поттикнувачки коментар за настаните во секојдневниот живот. Научете да го слушнете вашиот внатрешен глас. Булвално гласно изговарајте го зборот ‘стоп’ кога ќе почнат да надоаѓаат негативните разговори со себе, потоа имплементирајте позитивни свесни разговори со себе, минувајќи низ методот на чекор по чекор и на сите разни начини во кои сте успешни и позитивноста ќе продолжи натаму и во иднина.

внатрешен глас


Кога не сте на тренинг или на натпревар, тогаш е надоброто време да научите да го контролирате вашиот внатрешен глас. Кога ќе дојде време да отидете на натпревар, вашите внатрешни дијалози треба да бидат потполно охрабрувачки и поддржувачки. Саморазговарањето и потврдувањата се поврзани. Главната разлика помеѓу нив е дека потврдувањето се пренесува во свесниот ум. Пред да одиме на спиење и нешто пред натпреварот, гледањето во огледало и потврдувањето и петте најдобри предности кои ги поседувате во спортот во кој сте вклучени. Ова ќе има ефект при градењето на довербата во вашите сопствени способности.

стрес

Научете да го контролирате стресот кој може да се јави. Стресот може да биде негативен или позитивен, првенствено одреден од ставот кој го имате кон него. Вашето тело не ја сфаќа  разликата помеѓу негативниот и позитивниот стрес, затоа вашите мисли треба да ја утврдат разликата. Наместо страв, научете да го идентификувате чувството како возбуда и ќе добиете нејзината моќ. Постојат многу други психолошки техники кои се базираат на концептите на саморазговарање, медитација и справување со стрес. Доколку можете да ги совладате овие основни техники ќе започнете да движите напред на вистинскиот пат кон добивањето накомпетитивна предност.



Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.