RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов


Сваштарник


СУЕВЕРНОТО ОДНЕСУВАЊЕ И СТРАВОТ ОД СМРТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4638 пати
Вторник, 19 Јули 2011 19:26

Истражувањето спроведено од Канзас Стејт Универзитетот го испитува суеверното однесување. Извештајот укажува дека луѓето кои веруваат во судбина имаат поголема веројатност да бидат суеверни, но ја напуштаат суеверноста при критични или животно загрозувачки ситуации.

13

Луѓето кои веруваат дека судбината и можноста го контролираат нивниот живот имаат поголема веројатност да бидат суеверни, но кога се соочуваат со смрт тие веројатно ќе ја напуштат суеверноста во целост, според неодамнешен истражувачки проект на студентите од Канзас Стејт Универзитетот.
Проектот, воден од Скот Флук, се фокусира на личните карактеристики кои водат до суеверност. Флук во 2009 година доби стипендија од 500$ за да работи со тимот составен од Расел Вебстер, дипломец по психологија и Доналд Саусиер, асистент професор по психологија.

црна мачка

За проектот, “Преиспитување на обликот и функцијата на суеверноста,” тимот ја дефинира суеверноста како верба во причинско-последична врска помеѓу акција, објект или ритуал и неповрзан исход. Таквото  однесување може да вклучува активности како носење на среќен дрес или користење на амајлии.
По изведувањето на две студии, истражувачите развија три причини за суеверно однесување: индивидуите користат суеверие за да стекнат контрола над неизвесноста; да го намалат чувството на беспомошност; и бидејќи е полесно да се потпреме на суеверноста наместо да се справуваме со стресот.
“Луѓето понекогаш прибегнуваат кон своите суеверија како хендикеп,” вели Саусиер. “Тоа е како падобран кој тие сметаат дека ќе им помогне.”

подковица

Во првата студија, истражувачите спроведоа прашалник со 200 дипломци, прашувајќи колку се песимистични, дали верувале во шанса или судбина, дали сакаа да имаат контрола и други прашања. Едно од најголемите откритија беше тоа што луѓето кои веруваат дека шансата или судбината ги контролира нивните животи имаа поголема веројатност да бидат суеверни.
Во втората студија истражувачите сакаа да знаат како учесниците реагираа на смрт и побараа да напишат за тоа како се почувствувале за својата смрт. Тимот беше изненаден кога откри дека нивоата на суеверие на учесниците опаднаа кога тие помислија за својата смрт, така што истражувачите ја опишуваат како ситуација на екстремна неизвесност.

вуду кукла

“Ние теоретизиравме дека кога луѓето помислуваат за својата смрт, тие би се однесувале посуеверно во обид да стекна чувство на контрола над тоа,” вели Флук. “Она што не го очекувавме беше дека помислувањето на смрт би ги натерало луѓето да се чувствуваат беспомошни - како да не можат да го контролираат - и дека ова всушност би ги намалило нивните суеверни верувања.”
“Бев заинтересира за суеверието бидејќи ме фрустрира кога луѓето прават работи кои немаат смисла,” вели Флук. “Ме запрепастува тоа што луѓето користат амајлија за да поминат добро на тестот наместо да учат за него. Ние сакавме да дознаеме зошто луѓето речиси активно би се повредувале себеси.”
Истражувањето е дел од целокупниот истражувачки програм на Саусир и сега тимот ги спрема резултатите од студијата за објавување.

детелина

Саусиер нуди неколку совети за да се избегне суеверното однесување:
-    Не верувајте во лоша среќа и превземајте сопственост над контролата која вие ја имате во ситуациите. Понекогаш ние користиме лоша среќа за да се ослободиме од притисокот, вели Саусиер, туку наместо тоа би требало да се фокусираме на тоа што можеме да го направиме за да ги избегнеме тешките ситуации.
-    Бидете одлучни и проактивни. Луѓето кои се понеодлучни повеќе веруваат во суеверие, вели Саусиер, а оние кои се проактивни се помалку суеверни.
-    Не се ставајте во ситуација во која мора да се потпирате на лоша среќа. Лошата среќа никогаш не би се појавила доколку се случуваа само добри работи. Доколку се случи нешто лошо и го наречете тоа лоша среќа, направете го тоа како механизам за справување после тоа, наместо пред настанот, вели Саусиер.


Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.