RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТИМСКИ ДУХ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ШТО НЕ ПРАВИ НАЈСРЕЌНИ?
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
МИТ ЗА ПОЛОВИТЕ
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
ОТКРИЕН ГЕНОТ ЗА ЛУДОСТ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
СЕКС СО РОБОТ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ХИЕНИТЕ НЕ СЕ СМЕАТ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
САМО НЕ ПАРИТЕ
Вторник, 08 Февруари 2011

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд


Сваштарник


12 ЧЕКОРИ ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД РАСКИНУВАЊЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5424 пати
Петок, 15 Јули 2011 14:01

Како да продолжите натаму? Еве 12 чекори за да закрепнете од раскинувањето на врската.

заљубени

1. Направете разлика меѓу заљубеност и љубов.
Роберт А. Џонсон во неговата книга „Ние: како да ја разбереме психологијата на љубовта“, прави разлика меѓу заљубеност и љубов. Кога копнееме за нешто забрането, за страствена романса како во филмот “The English Patient” или “The Bridges of Madison County”, многу често сме заслепени и забораваме на убавата и посветена љубов што ја имаме секој ден и која не’ одржува во живот. Џонсон пишува:
„Секојдневната љубов е скромен акт, не е возбудлив. Меѓутоа, ја симболизира врската која ја приземјува љубовта. Таа претставува волја за делење на еден обичен човечки живот и волја за наоѓање смисла во едноставните, неромантични обврски: заработката за живот, живеење со ограничен фонд на пари, фрлање ѓубре или хранење на бебете среде ноќ.“
2. Распоредете ги вашите опсесии
Понекогаш најдобрата терапија за вашите фантазии е да ги распоредите. Кога ќе сфатите дека сте почнале да фантазирате за некој интимен момент со жената која го поседува вашето срце, немојте да си велите „Престани веќе еднаш!“, туку само речете си „Мисло, благодарам што дојде, меѓутоа сум те закажал за 7 попладне кога можам целосно да ти се посветам.“

скршено срце

3.  Бидете внимателни.
Оваа техника е особено успешна кај католиците затоа што нивната прва лекција за моралот на луѓето вклучува страшни исповедања. Треба ли се’ да ви кажувам? Што ако ме пратат во пеколот? Внимавајте кому што кажувате. Нека постојат само неколку луѓе, како на пример, вашиот терапевт, докторот, родителот, најдобриот пријател, и нека бидат тие ретките луѓе кои точно знаат што ви се случува.
4. Инвестирајте во вашиот брак.
Најдобар начин за да избегнете раскинување е да инвестирате во бракот. И најдобар начин да го одржите во живот е да инвестирате во него. Тоа е само една проста равенка: енергијата и времето што го вложувате во една врска произлегува од самата врска. Тоа значи дека ако не можете да изградите и да одржите една вистинска врска, ако ја расфрлате вашата интимност на премногу страни.
Според Пеги Вон, експерт за брак, во актот на изневерување, процесот на нарушување на довербата е многу позначаен отколку самиот секс – најдобриот начин да се смират работите во бракот е да се потрудите околу малите гестови. Затоа што за повеќето сопруги зборот „извини“ не значи ништо. Потребно е нешто повеќе, како на пример специјална вечера или нешто слично.

кавга

5. Направете замена
Кога и да почувствувате тага поради тоа што сте изгубиле некого во животот – без разлика дали станува збор за пријател или партнер – започнете со нешто ново што вам ќе ви биде интересно и занимливо.
6. Бидете малку осамени.
Не ја сакаме осаменоста затоа што е како дупка во срцето која води кон депресија. Но, има и други ѕверови. Хенри Нувен во неговиот роман „Внатрешниот глас на љубовта“, вели:
„Кога ќе ја почувствувате болката од осаменоста, секако дека прво помислувате на личноста која знаела да ја избрка осаменоста, барем за момент. Кога чувствувате огромна загуба која ги прави сите останати работи во животот сосема бесмислени, вашето срце бара само едно – да бидете со личноста која може да ве избави од вакви лоши мисли. Всушност, вие само треба да имате волја да ја почувствувате таа загуба, таа празнотија, а не да бидете со луѓето кои би ви помогнале да се справите со неа.“

љубовен тријаголник

7. Бидете попаметни од телото.

Една мала лекција по биологија. Кога сте опседнати со некого, хемијата на вашиот мозок ви шепоти лаги кои можат да ве натераат да направите глупости. Порастот на допамин и норепинефрин проследени со зголемена сексуална тензија можат да ве натераат да мислите дека животот ќе ви се среди ако само се бакнете со некој ваш пријател кој сте го запознале на facebook, или ако побегнете со згодниот келнер кој ви прави најубаво кафе. Хелен Фишер, антрополог и автор на книгата „Зошто се вљубуваме“, пишува:
„Љубовта е дрога. Љубовта се чувсвтува во регионот на мозокот кој реагира кога во телото се внесува кокаин.“
Значи, самото идентификување на физиолошките компоненти кои ви предизвикуваат возбуда може да е добар пат кон борбата против изневерувањето.
8. Лекувајте ја оваа зависност.
Самото идентификување на неверството како проблем помага на два начина: прво, го деперсонализира самото искуство, со што полесно ќе можете да се ослободите од потребата а со тоа ќе се изнајдат начини за откажување од самата навика. Зависностите предизвикуваат таканаречена состојба на транс што му дозволува на зависникот да се оддалечи од болката, вината и срамот што го чувсвтува. Зависниците се залажуваат со празни ветувања – ублажувачко чувство се’ додека реалноста не излезе на виделина. Потоа, зависникот останува засекогаш кршлив и лесно потпаднува под влијание на искривената реалност, и токму поради тоа емоционалните проблеми никогаш не престануваат а потребна е само една паметна одлука за се’ да престане.
9. Опкружете се со пријатели.
За личноста која неодамна раскинала романтична врска, пријателите не се опција. Тие се задолжителен систем за поддршка. Пријателите особено се значајни ако врската за која сеуште жалите повлекла и заеднички пријатели. Ќе треба да барате нови колеги кои немаат никаква врска со вашиот партнер, или пак ќе се дружите со вашите долгогодишни пријатели се’ додека не стигнете до степен да го продолжите пријателството со заедничките пријатели.

пријател

10. Размислувајте со нов мозок.
Во неговата најпродавана книга, „Како да го добиеме тоа што го сакаме“, Харвил Хендрикс прави разлика меѓу стариот „рептилен“ мозок кој е преоптоварен со несвесен товар од минатото и автоматски реагира на страв, и нашиот нов, „аналитички“ мозок кој се обидува и ги размислува за нашето „јас.“ Харвил вели дека кога почнуваме да пропаѓаме во една тешка врска која носи само штета, нашиот стар мозок го носи шлемот. Тој се обидува да ја игнорира болката и да ги излечи раните.
Па што треба да направиме за да дојдеме до рационални и когнитивни вештини за нашиот нов мозок да ја преземе контролата? Треба само да носиме логични заклучоци. На пример, можете да се замислите да делите кревет со вашиот Ромео што го запознавте на facebook? Не?
11. Пишувајте.
Ако сметате дека на вашите пријатели им се здосадило да ве слушаат како им зборувате за вашата афера, пробајте да пишувате. Резултатите од едно истражување од 2003 година вели дека пишувањето за емоциите помага при побрзото опоравување на физичките рани. Ако пишувањето може да излечи изгребана кожа, замислете што може да направи со скршено срце.
12. Оставете си време за тагување.
Врската без секс може да е исто толку напната како и врската со многу секс. Мора да постои една врска помеѓу две сродни души за која ќе се тагува.
Кога станува збор за емоционалните афери, вината може да го спречи процесот на тагување. Ако некоја личност смета дека е виновна што воопшто почнала да чувствува нешто, таа нема да си даде време за солзи и тага кои се потребни за процесот на лекување. Меѓутоа, ако врската се случила надвор од една врска, не значи дека срцето не треба да заздрави.



Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.