RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МИТОВИ ЗА ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
НЕГОВИОТ ПОДАРОК И ВИЕ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
ХРАНА ЗА ПОМНЕЊЕ
Среда, 07 Декември 2011
Слика
АЈДЕ ДА СИ ИГРАМЕ
Четврток, 14 Април 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТЕНИСОТ
Петок, 25 Март 2011
Слика
СЕКСОТ НЕ ЛЕЧИ ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
6 НАЈТЕШКИ ТИПОВИ ЛУЃЕ
Среда, 15 Декември 2010
Слика
НЕПРИЈАТНА ВИСТИНА ЗА СЕКСОТ
Петок, 18 Ноември 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ИЗБОРЕТЕ СЕ СО СТРЕСОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3020 пати
Среда, 11 Мај 2011 20:26

Кај различни луѓе, различни работи предизвикуваат стрес. Како да се изборите со тоа?

маж под стрес

Со друго зборови, стресот е индивидуален, и дали нешто ќе предизвика стрес кај вас зависи од многу фактори, вели психологот Ричард Блона.

Тој го дефинира стресот како “холистичка трансакција помеѓу индивидуата и потенцијалниот предизвикувач на стрес кој резултира со самата појава на стрес.” На пример, заглавувањето во сообраќаен метеж на пат за на работа може да е потенцијален предизвикувач на стрес. Меѓутоа, опуштено возење во недела воопшто не ве нервира.

Исто така, вашиот одговор кон стресот зависи од вашата психолошка состојба. „Секоја трансакција во која што сме вклучени се случува во еден многу конкретен контекс кој зависи од нашето здравје, сон, психоактивни супстанции, тоа дали сме јаделе од сабајле тој ден и дали физички сме во форма,“ – вели Блона. Недостигот на сон и многуте шољи кафе можат да го зголемат нивото на стрес, додека пак вежбањето и богатиот доручек можат само да го намалат.

Сепак, многу често, ни се чини дека сме немоќни да се бориме со стресот. Мислиме дека немаме избор и мора да се нервираме со сообраќајот, грипот, даноците и сметките. Меѓутоа, имаме контрола врз одговорот на потенцијалните предизвикувачи на стрес, вели Блона. Еве како да се подобриме себеси и да се справиме со стресот.

жена под стрес

1. Реорганизирајте се.

Како едукатор за здравје, Блона ја знае важноста на здравиот живот, особено кога станува збор за живот без стрес. Тој вели дека „реорганизирањето на здравјето“ и “започнувањето здрави навики’ дава повеќе енергија. На пример, вежбањето не само што ја подобрува физичката активност туку ја подобрува и работата на мозокот при полесното процесирање на информациите.

Всушност, можеби нема ни да почувствувате било каков стрес. Блона практикува барем 30-минутни кардио вежби, четири до пет пати неделно. Како што и самиот вели: „физичката активност не е животно осигурување, меѓутоа добро се бори со стресот.“

здрав живот

2. Размислувајте.

Мозокот може да ви каже дали „потенцијалните предизвикувачи на стрес можат да се активираат,“ – вели Блона. Тој дава пример за еден студент кој се вознемирил затоа што мислел дека нема да го положи последниот испит. Тој постојано мислел дека не е доволно паметен и дека нема ништо да напише, наместо да размислува дека учел и дека ќе ги одговори прашањата. Целта е да се надминат препреките. Тоа што нашиот мозок ни го посочува како потенцијален предизвикувач на стрес може лесно да премине во мисла, меѓутоа, можеме и да се обидеме и да размислуваме еве во случајов, дека сме биле добри и дека сме го научиле материјалот.

Нашите мисли од минатото можат да ги претворат потенцијалните предизвикувачи на стрес во реален стрес. Ние носиме ментален и емоционален товар од претходните настани во животот. Кога повторно ќе доживееме слични настани, овие податоци ни наметнуваат негативни мисли. Еве на пример со новата романтична врска. Ова може да е потенцијален предизвикувач на стрес ако изминатите врски не биле добри. Иако сме заинтересирани за личноста, старите слики од изминатите врски, двоумењето, недовербата во самите себеси и негативните мисли ќе почнат да излегуваат на површина.

Ако им дозволиме на овие мисли да стават бариера, тогаш ние “не го живееме животот со она што го цениме,’ – вели тој. Секој од нас носи товар со негативни мисли, ментални слики и дијалози. Притоа, имаме две опции: или ќе им дозволиме на товарот да не уништи, или ќе го исфрлиме. Секако, може исто така да го прифатиме товарот затоа што не можеме целосно да го елиминираме, но исто така не треба да му дозволиме да ни е постојана препрека во животот. Исто така, ако си дозволиме да имаме една позитивна врска, натаму гледаме на идинте врски со позитивна мисла.

размислување

3. Намалете ги активностите.

„Понекогаш сме под стрес само поради многуте активности во кои сме влучени. Кога сме презафатени, дури и забавните активности можат да предизвикаат стрес. На пример, трчањето. Ако постојано трчате некаде помеѓу состаноци и средувања на задачи, ако трчањето ви било хоби, ќе се претвори во измачување. Целта е да се најде некоја оптимална стимулација, за да не ви е премногу досадно но не претерувајте со ништо.“

За да го направите тоа, разгледајте ги сите активности во кои сте вклучени. Запрашајте се дали овие активности се поклопуваат со вашите цели и вредности и дали му даваат значење на вашиот живот. Мора да сте спремни да кажете не на некои активности кои не се важни за вас.

одмор

4. Одморете се

Постојат луѓе кои се толку многу под стрес што не знаат како е да се живее без стрес. Меѓутоа, постојат докажани клинички техники како што се длабокото дишење и систематското опуштање на мускулите за време од 20 минути кои навистина помагаат. Иако можеби нема секогаш да имате време да им се посветите на ваквите техники, навистина е битно да мислите како да се одморите.

5. Ослободете се

Треба само да се ослободите од стегнатоста на мускулите и да ја искористите енергијата која сте ја собрале додека сте биле под стрес. Можете додека ги опуштате мускулите во текот на денот, да тргнете и на прошетка во паркот, само за да се ослободите и да се опуштите.

прошетка во парк

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.