RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ОД ПОГРЕБ ДО ОПШТЕСТВО
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
ЗАВИСНОСТА ОД КАФЕ ГЕНЕТСКА?!
Четврток, 14 Јули 2011
Слика
СЛАТКА ХРАНА - "СЛАДОК" КАРАКТЕР
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
РЕАЛНО НАСПРОТИ ВИРТУЕЛНО
Четврток, 14 Април 2011
Слика
ПОЛОТ И МОЗОКОТ
Понеделник, 30 Јануари 2012

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура


Сваштарник


ЛУДА СУПЕРМЕСЕЧИНА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3170 пати
Понеделник, 02 Мај 2011 20:20

Како влијае месечината врз Земјата и луѓето? Не полудува...или сепак не?

влијание на месечината

Легендата дека месечината ги полудува луѓето е популарна со векови. Меѓу народот, месечината се поврзува со со пораст на самоубиства и епилептилни напади, меѓутоа, скоро и да не постојат некакви цврсти докази што ги докажуваат овие идеи.

Сепак, месечината е моќна, нејзината сила ги движи океаните и се смета дека има големо влијание врз однесувањето на животните како и врз почетокот на најчудниот секс на светот – размножувањето на коралите.

Еве што треба да знаеме за ефектот на месечината и врз нас и врз планетата:

Човековата природа

Зголемени напади Откако ги ислушал пациентите кои тврделе дека нивните напади биле почести и полоши на полна месечина, доктор Селим Бенбадисов од Универзитетот во Јужна Флорида реши да го истражи овој феномен. При деталното испитување на статистичките анализи од 770 напади во текот на три години, тој открил дека најголем број од епилептичните удари (152) се случиле за време на последната четвртина на месечината, а 94 се случиле на полна месечина.

Општо лудило: истражувачите Џејмс Ротон и Иван Кели анализираа 37 студии за врската меѓу месечевите фази и неколкуте видови на лудило, примањето нови пациенти во институциите за ментално здравје, нарушување на мирот во болниците, итни повици, убиства и други криминални дела. Овие мета-анализи дале многу малку статистички значајни врски меѓу месечината и однесувањето на луѓето.

Ротон и Кели тврдат дека студиите што покажале дека постои врска се непрецизни или поради тоа што многу важни фактори не биле земени во предвид или ваквите настани се чиста случајност и не можат да го потврдат ефектот на месечината.

човек полудува

Недостаток на сон: Пред да се измисли модерното осветлување, месечината играла голема улога во процесот на спиење кај луѓето, бидејќи во тоа време тие ја користеле месечевата светлина навечер, и затоа спиеле помалку.

Девијантно однесување: Едно истражување од 2010 година кое вклучило полициски, астрономски и метеоролошки податоци од Сан Антонио во Тексас, покажа дека не постои  никаква врска меѓу месечевите смени и бројот на криминални дела.

Повреди кај животните: Едно истражување од 2007 година кое испитувало 12 000 случаи на повредени животни во ветеринарниот центар на Универзитетот во Колорадо покажа дека итните случаи за повреди биле зголемени за 23% кај мачките и 28% кај кучињата во текот на деновите на полна месечина. Иако истражувањето не ја откри причината за оваа појава, истражувачите сметаат дека повеќе луѓе се излезени надвор па и заедно и со нивните миленичиња затоа што ноќта е посветла кога месечината е полна, а со тоа се зголемува веројатноста за повреда на животните.

Резултати од операции: Едно истражување од 2007 година покажа дека месечевите фази немаат никакво влијание врз резултатите од операциите на срце. Податоците се потпираат врз анализата на 18 000 пациенти на кои им биле направени операции врз срцето.

операција

Во дивината

Во природата, се’ е нормално. Рутинските активности на животните се случуваат во текот на денот, а брановите на океаните примаат влијание од месечината.

Месечината и сонцето се комбинираат за да предизвикаат плима кај океаните (гравитационен ефект што е толку силен што кората на планетата се проширува поради ваквиот ефект на плимата). Меѓутоа, плимата се случува поради разликата на гравитационата сила која се чувствува на страната на земјата која е најблиску до месечината.

Иако нашите тела содржат 60% вода, разликата меѓу силата на месечината врз нас е премногу мала за да покаже било каков ефект.

Кога станува збор за животните, може да се рече дека ефектот е поголем.

плима и осека

На пример, неколку вечери во годината, после полната месечина, стотици видови на корали синхронизирано се размножуваат и испуштаат јајца и сперматозоиди во водата. Истражувањата покажуваат дека коралите имаат гени кои се чувствителни на ваква месечева светлина. И се смета дека овој фен е најактивен за време на полна месечина.

Исто така, суштествата наречени бивоидни мајмуни, се сексуално многу поактивни за време на полна месечина.

Меѓутоа, кога месечината беше уште нова (и не толку видлива од планетата), мајмуните се сокривале и го чекале утрото пред да почнат повторно да се движат. За време на месечевите еклипси, исто така се повлекувале.

Постојат и докази дека пленовите не се движат за време на полна месечина, затоа што дополнителната месечева светлина прави предаторите полесно да ги забележат.

мајмун

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.