RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВИДОВИ ТЕЛЕКИНЕЗА
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
ЛАЖНА СРЕЌА
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ГЕНЕТСКО РАСТРОЈСТВО
Петок, 25 Март 2011
Слика
ТИН ФЕЈСБУК ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 19 Април 2011
Слика
СЕНКАТА
Среда, 06 Февруари 2013
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд


Сваштарник


МЕЃУСЕБНА ИНХИБИЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3973 пати
Понеделник, 25 Април 2011 21:57

Mеѓусебната инхибиција е бихејвиорална терапија во која непосакуваната реакција се елиминира или прекинува со користење на друга реакција со која првобитната реакција е инкомпатибилна.

лечење со инхибиција

Меѓусебна инхибиција е поим кој може да се користи како во физиолошка, така и во психолошка смисла. Ви физиологијата, конкретно поврзана со мускулното движење, меѓусебната инхибиција укажува на истовремена контракција и релаксација на спротивставените мускули. Во психологијата, меѓусебната инхибиција е метод кој се користи во бихејвиоралната терапија за да се дојде до промена на непосакуваната реакција на одреден стимул преку учење како да се примени соодветен, инкомпатибилен одговор. За да се разберат двете употреби на овој поим, следи подетално објаснување.

Меѓусебна инхибиција во физиологијата

Мускулите обично се контрахираат во групи кога предизвикуваат движење. Овие групи работат во синергија - едната група мускули се агонисти, се контрахираат (за да доведат до движење) и спротивставена група на мускули, антагонисти, кои се релаксираат (за да се вратат во почетната состојба). Овие мускули се придружени од други мускули (синергисти) кои овозможуваат поддршка за движењето. На пример, виткањето на коленото предизвикува контракција на мускулот на тетивата, додека квадрицепсот се релаксира за да го овозможи движењето. Истовремено, глутеалните и бутните мускули ја поддржуваат тетивата.

Сепак, во одредени случаи, особено во ситуации на движење со висок интензитет, меѓусебната инхибиција може да предизвика и повратна реакција доколку спротивставените мускули се контрахираат истовремено. Истовремената контракција на две мускулни групи кои би требало да се контрахираат и релаксираат, предизвикува кинење на мускулот. Со тоа се создава нешто што е обично познато како истегнат мускул.

мускули

Истегнување со меѓусебна инхибиција: Ова се користи како техника за намалување на појавата на грчеви во мускулите и за подобрување на целокупната флексибилност. Често се употребува од спортистите, атлетите у лицата кои се вклуени во интензивните фитнес програми за тренинг. Овој метод на вежби и техники на истегнување вклучува примена на притисок врз спротивставената мускулна група. Истегнувањето е поефикасно доколку се користи како техника која вклучува издолжување на мускулот кој е во релаксирачка положба, како спротивност на оној кој е во контрахирана положба. Преку разбирањето на движењата каде стандардно се јавува реципрочноста, можете да ги искористите овие движења за да направите поефективни истегнувња. Истегнувњето со меѓусебна инхибиција често се работи во парови каде едната личност применува напор врз мускуланта група која се истегнува, во комбинација со релаксирачки и контрахирачки истегнувања.

Масажа со меѓусебна инхибиција: Ова е техника на масажа која се користи за да доведе до олеснување на мускулите кои страдаат од грчеви. При овој вид на масажа, притисокот се нанесува на спротивставената мускулна група за да се предизвика нејзино релаксирање. Меѓусебната инхибиција е широко распространета во спортските техники за масажа.

масажа

Меѓусебна инхибиција во психологијата

Во психологијата, меѓусебната инхибиција е форма на бихејвиорална терапија во која непосакуваната реакција се елеминира или прекинува со учењето и користењето на друга реакција со која првобитната реакција е инкомпатибилна. На пример, кога личноста доживува напад на паника, меѓусебната инхибиција може да се користи за да вежба релаксациона техника како вежби за длабоко дишење (бидејќи анксиозноста е некомпатибилна со релаксацијата). Исто така, може да укаже на зачестена изложеност на стимул кој предизвикува непосакувана реакција со цел да се постигне посакуван одговор. На пример, личноста која се плаши од темнина ќе биде постоано изложувана на темни простори се цел да се бори со фобијата. Образложувањето позади овој концепт е повторното учење - преку постојана изложеност на одреден стимул, можете да се “одучите” од погрешна или инхибирачка реакција и успешно да ја замените со соодветна реакција.

Овој метод беше истражуван и развиен од Џозеф Волп, јужноафриканси психолог и познат бихејвиорален терапевт. Терапијата со меѓусебна инхибиција се справува со системска десензитација - при што личноста која доживува анксиозност или страв кога е изложена на одреден стимул, постојано се изложува на тој стимул во мали дози додека учи техники за справување со анксиозноста. Кога еднаш стравот од изложеноста на стимулот на одредено ниво се спротивстави со инхибирање на почетниот, непосакуван одговор, дозата на стимулот се зголемува. Ова продолжува во одреден временски период, додека личноста не биде “систематски неосетлива”. Меѓусебната инхибиција е исто така прифатена и како начин на кој се третираат личностите со пост-трауматски стрес пореметувања.

медитација

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.