RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО РЕИНКАРНАЦИЈА?
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
ЛОШИТЕ СОНИШТА СЕ ДОБРИ ЗА ВАС
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
КУЛТУРАТА Е САМО ЗА МАЖИТЕ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
БЕЗ РЕПРИЗИ, МОЛАМ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
ДАЛИ ЕТИЧНОСТА НИ НОСИ СРЕЌА?
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
САДИЗАМ И МАЗОХИЗАМ
Среда, 06 Март 2013
Слика
ШТО Е ПСИХОКИНЕЗА?
Среда, 05 Јануари 2011
Слика
ТОП 5 ФАКТИ ЗА СПИЕЊЕТО
Четврток, 24 Февруари 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


ЗАРАЗНО СМЕЕЊЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3265 пати
Среда, 30 Март 2011 00:00

Насмевнете се, и целиот свет ќе се смее заедно со вас.

насмеана жена

Една студија на истражувачите од Универзитетот во Лондон покажа дека постои механизам што го прави смеењето заразно. Позитивниот звук на смеата предизвикува реакција во пределот на мозокот кога се смееме што всушност ги подготвува лицевите мускули за смеење.

Доктор Софи Скот, истражувач од Институтот за когнитивна невронаука, вели:

„По се изгледа дека е вистинита реченицата “насмеј се на светот, и тој ќе ти се насмее тебе.” Веќе некое време знаеме дека кога зборуваме со некого, го имитираме неговото однесување, ги повторуваме зборовите што ги кажува и гестикулациите што ги прави. Сега знаеме дека истото се случува и со смеењето – барем на ниво на мозокот.“

насмеан маж

Истражувачите им пуштале различни звуци на доброволците и притоа ги анализирале реакциите на нивниот мозок со помош на скенер. Некои од звуците биле позитивни, како на пример смеа или звук на победа. Другите биле помалку пријатни, бидејќи биле звуци на врисок или гребење. Сите овие звуци предизвикаа реакција во предмоторниот кортикален предел во мозокот што ги подготвува лицевите мускули за да реагираат. Сепак, реакцијата беше поголема за позитивните звуци што укажува дека овие реакции биле позаразни од негативните. Истражувачите сметаат дека ова објаснува зошто реакираме на смеа со несвесна насмевка.

насмеани девојки

Софи Смит вели: „Најчесто се соочуваме со позитивни емоции како што е смеата, особено во ситуации со повеќе луѓе, без разлика дали гледаме комедија заедно со семејството или фудбалски натпревар со пријателите. Оваа реакција на мозокот, автоматски не тера да се смееме и да имитираме однесување на другите, а тоа е нешто што ни помага во социјалната интеракција. Ова игра голема улога при создавањето силни врски помеѓу поединци и групи.“

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.