RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ФАКТИ ЗА БАКНУВАЊЕТО
Среда, 26 Октомври 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АПОКАЛИПСАТА
Вторник, 03 Јануари 2012
Слика
"ПРОЧИТАЈТЕ" ГИ ТУЃИТЕ МИСЛИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
БОРДЕРЛАЈН
Среда, 16 Јануари 2013
Слика
ЖЕНИТЕ, ВИНОТО И СЕКСОТ
Понеделник, 14 Февруари 2011
Слика
5 ЛОШИ НАВИКИ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА
Четврток, 20 Декември 2012

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром


Сваштарник


ЕМОЦИИ И ДЕМЕНЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4731 пати
Вторник, 15 Март 2011 01:00

Луѓето кои страдаат од деменција ги задржуваат емоционалните сеќавања, дури и кога не ги помнат фактите.

деменција

При справувањето со постарите роднини со деменција, важно е да бидете свесни дека тие ги задржуваат сеќавањата за чувствата, иако нивните капацитет за помнење на неодамнешните факти е речиси непостоечки. За жал, веројатно ќе треба да им го објасните тоа на “експертите” во чии раце ќе паднат.

Постои одбивност помеѓу психијатриската и психолошката професија и Алцхајмеровата заедница во соработката со овој едноставен факт. Насоките на Националниот институт за здравје и клиничко усовршување се уште поддржуваат методи кои може да предизвикаат само подлабока тага кај пациентите болни од деменција.

Замислете дека не можете да запомните ништо што се случило пред 30 секунди. Да претпоставиме дека една минута откако ќе го прочитате овој текст ќе ве тестираме колку добро сте го запомниле. Како мислите дека би се чувствувале кога ќе го сфатите тоа дека не само што не можете да се сетите на ниеден факт од текстов, туку и дека воопшто не знаете дека сте го прочитале?

заборавност

Сепак, насоките на Институтот инсистираат дека практикантите мора да направат детална историја за пациентот и да спроведат тест за нивната когнитивна и емоционална состојба. Тоа мора да биде придружено со барање на согласност за да се направи истражувањето и објаснување на опциите. Никој кој разбира како е да не се задржи новата информација не може да укажува на такво нешто.

Професионалците може да одговорат дека нема проблем бидејќи пациентот не се сеќава, тие наскоро ќе престанат да се грижат. Освен тој добар доказ сега постои и верување дека вознемирувањето на некој со деменција е катастрофално бидејќи тие ги задржуваат емоциите.

Истражувачите им прикажаа на луѓето со амнзија филмски клипови со тажна тема. После тоа, тие сеуште беа тажни некое време, иако често не се сеќаваа дека го гледале филмот. За содржината да не зборуваме. На пример, една жена плачела за време на филмовите, а нејзиното лице одразувало тага. Малку по завршетокот на филмот, таа не можела да се сети на ниеден детал од она што се случувало во филмот. Сепак, нејзината тага траеше 30 минути.

жена со деменција

Интересно, истиот тој резултат се доби кога им се прикажуваа филмови со среќна содржина. Иако не можеа да објаснат зошто, тие се чувствуваа среќно после филмот.

Авторите ги нагласуваат овие наоди како клучни импликации во грижата за луѓето со демнција. На пример, персоналот треба да биде обучен да разбере дека доколку пациентот изгледа несреќен без особена причина, тоа може да биде поврзано со нешто што се случило непосредно пред да го забележите. Можеби телефонски повик од роднините или пак нивна посета ги вознемирила, но тие не разбираат дека тоа е причината.

мозок

Навистина, импликациите од ова и други слични истражувања одат подалеку од деменцијата. Доколку можеме да ги задржиме емоциите кои не се поврзани со фактите кои ги предизвикале, тоа може да објасни зошто понекогаш изгледаме необјаснувачки депресивни. Нашето детство и следствените искуства и понатаму живеат во нас. Доколку нешто ја поттикне емоцијата без поврзаните факти (можеби бидејќи се потиснати), тоа може да ја објасни депресијата.

Медицината ги уважува само генетските причини за емоционалните состојби и не признава никакво гледиште кое се коси со општоприфатеното. Кога се работи за депресија  треба само да продолжиме со делење на пилули или когнитивно-бихејвиорална терапија отколку да навлеземе во причината за проблемот. Во случајот на деменција треба да продолжиме со поставување на прашања кои служат само за растројување и застрашување на пациентот -  тоа е најлесно.

пациент со деменција

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.