RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АПОКАЛИПСАТА
Вторник, 03 Јануари 2012
Слика
БРЗА МУЗИКА = БРЗО ВОЗЕЊЕ
Среда, 05 Октомври 2011
Слика
237 ПРИЧИНИ ЗА СЕКС
Среда, 03 Ноември 2010
Слика
ВНИМАВАЈТЕ НА ЖЕНИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
УБАВИ ЖЕНИ, ГОЛЕМИ БАРАЊА
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ЖЕНСКА МЕМОРИЈА
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
4 ПСИХОЛОШКИ ЗАБЛУДИ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
ПРАИСТОРИСКО КИНО
Сабота, 15 Јануари 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ГЕШТАЛТ ПСИХОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 15505 пати
Понеделник, 07 Март 2011 20:15

Откријте што е гешталт психологија.

психологија

Зборот гешталт се користи за опишување на феноменот/концепт во кој ‘целината’ се смета за повеќе од само збир на сите нејзини делови. Овој концепт е јадрото на Гешталт психологијата; може да се користи и како дефиниција за Гешталт психологијата. На германски јазик, зборот ‘гешталт’ се користи за опишување на терминот ‘поим’. Структуалистичката теорија на Вилијам Вунт доби опозиција со појавата на Гешталт психологијата. Проучувајќи ги структурните елементи со цел да се дојде до идеја за целосниот ентитет/феномен се покажало како корисно само во неколку случаи. Во поголемиот дел, не се добива претстава за интринзичната природа на специфичниот концепт/феномен. Кристијан вон Еренфелс од ‘Школата во Брентано’ ги претстави концептот на Гешталт, а оние филозофи и мислители кои имаа влијание на нејзиниот развој беа Јохан Волфганг вон Гете, Ернст Мах и Имануел Кант.

Имануел Кант

Што е теорија на Гешталт психологијата?

Со зборовите на Макс Вертејмер, “Постојат целини, чие однесување не е одредено од нивните посебни елементи, туку каде посебните процеси се самите одредени од интринзичната природа на целината. Гешталт теоријата се стреми да ја одреди природата на таквите целини.” Оваа изјава на Макс Вертејмер дава поголема важност на природата на целината наместо да додели поголема вредност на збирот на нејзините составни компоненти.

Закони кои се базираат на Гешталт психологијата

Постојат разни закони кои беа развиени од Гешталт психолозите. Овие закони се претставени во наредните параграфи и помагаат за подобро разбирање на основните концепти на гешталтот од разни агли. Примерите на Гешталт психологијата инкорпрорирани во овие параграфи  овозможуваат подобро објаснување на овие закони.

блискост

Закон на блискост

Според законот за блискост, објектите/елементите кои се во меѓусебна непосредна близина би требало да се јават или да се перцепираат како да се поврзани. На пример, доколку елементите се поставени во непосредна близина, во една хоризонтална линија, целосната структура изгледа како да е еден ред.

Закон на континуитет

Според законот на континуитет, воспоставувањето на одреден правец на група на елементи предизвикува човечкиот мозок да ја продолжи таа специфична шема. На пример, луѓето генерално имаат тенденција да повлечат континуирана линија кога имаат пенкало или молив.

Закон на сличност

Законот на сличност тврди дека неколку различни елементи во специфична група или шаблон на елементи се спојуваат во целината и се јавуваат како дел од нејзината структура.

мозок

Закон на концизност

Концептот на овој закон е многу интересн за проучување. Одреден стимул од умот се трансформира на таков начин што изгледа како да е едноставен, симетричен и нормален. ( или поедноставно, со правилна форма).

Закон на затвореност

Заоконот на затвореност тврди дека човечкиот ум генерално ги игнорира празнините во одреден шаблон. Создавајќи вештачка контура, се цел да го загради дадениот простор или празнина во образец е активноста во која се впушта нашиот мозок.

Закон на фигура

Според законот на фигура, даден стимул се перцепира на начин што изгледа како да е одвоен од фигурата на шаблонот кој е засегнат. Површинските пресврти се користат за создавање на примероци кои ги изненадуваат сетилата.

двојна слика

Методолошки принципи на Гешталт психологијата

Вообичаената методологија за проучување на научните концепти е преку кршење на дадената цел на повеќе делови за да се намали нејзината комплексност. Овој начин на истражување беше комплетно редефиниран од претставниците на теоријата на Гешталт психологијата. Методолошките принципи кои беа развиени од страна на Гешталт психологијата се претставени подолу.

Биотски експерименти

Биотските експерименти се оние во кои не се следи класичната методологија на лабараториите. Ваквите експерименти се спроведени во природни/реални услови. Целта на спроведувањето на експерименти во реални услови е да се разбере одреден феномен од перспектива на реалниот живот отколку да се создаваат вештачки сценарија/ситуации.

Експериментални анализи на феноменот

Методолошкиот принцип на гешталт психологијата индицира дека проучувањето на психологијата треба да биде изнесено на начин на кој нема да се земаат во предвид само сензорните квалитети.

Во овој артикл е објаснет предметот на гешталт психологијата преку теоретски концепти и соодветни примери. Гешталт психологијата отвара нов канал преку кој може да биде проучуван човековиот мозок на многу подобар начин.

гешталт скица

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.