RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НАСИЛСТВО НА РАБОТНОТО МЕСТО
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
10 ДЕЛОВНИ ГРЕВОВИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
ЗИМА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ
Понеделник, 21 Февруари 2011
Слика
ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР - ЛУДОСТ ИЛИ ВИСТИНА?
Понеделник, 26 Септември 2011
Слика
ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ДИГИТАЛНА ТЕЛЕПАТИЈА
Понеделник, 04 Март 2013
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ СРЕЌНИ
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
РАБОТА ИЛИ СЕМЕЈСТВО
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
СЕКСУАЛНОСТА И СПИРИТУАЛНОТО
Вторник, 27 Декември 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


СО КОГО ОДИТЕ НА КИНО? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3036 пати
Четврток, 03 Март 2011 01:00

Филмовите можете да ги доживеете различно, во зависност од тоа со кого одите на кино.

двојка на кино

Според когнитивниот психолог Ричард Херис, “За милиони луѓе, начинот на кој Џеси Ајсенберг ја одигра улогата на Марк Зукенберг стана Марк Зукенберг,” “Без разлика дали тоа се испоставува како вистина или не,” Ајзенберг за многу луѓе засекогаш ќе биде Зукенберг, соосновачот на Фејсбук, вели Херис.

Херис, професор по психологија на Канзас Стејт Универзитетот во Менхетен, проучуваше како филмовите влијаат врз нас повеќе од десет години, но започна со доживување на долготрајното влијание на добра драма многу години порано.

“Го гледав ‘10-те заповеди’ како дете и до ден денес, како и до крајот на животот, секогаш кога ќе се спомне Мојсеј помислувам на Чарлтон Хестон,” вели тој.

Последните студии на Херис, кои вклучуваа повеќе од 400 студенти колеги од неговото универзитетско подрачје, открија дека влијанието на филмот не зависи од содржината, иако тоа е најважниот елемент. Исто така, разлика прави и кого гледате во филмот.

10 Заповеди

Однесете го/ја вашиот/ата љубовник/ца на роматична комедија

Заклучокот е: Не гледајте порно сцени со вашите родители. Понесете го вашиот љубовник/ца кога гледате романтична приказна. Поверојатно е да почувствувате гадење отколку тага при сцени со насилство или секс, но да се биде тажен може да биде покорисно, дури и ако на крајот умира кучето.

Последното истражување на Херис, кое ќе се објави во списанието Applied Cognitive Psychology, признава дека некои од неговите наоди се прелиминарни и се резултат на несовршениот свет каде и истражувачките научници мора да прават компромиси.

За дел од студијата тој мораше да се задоволи со тоа што учесниците мислеа дека ќе се случи, а не со вистински експеримент од реалниот живот.

На пример, во неговата средозападна заедница, не можеше да ги собере неговите студенти да гледаат филм со мали експлицитни сексуални сцени со нивните родители. Доколку се обидеше,  веројатно не би престанал се додека не стигне до Калифорнија.

страшен филм

Мажите  и жените реагираат различно на филмовите

Она што неговите учесници го сметаа за најстрашно доживување при гледање филм би било токму тоа - гледање на порно со своите родители.

“Додека не ја направивме студијата не знаевме дека тоа би била навистина отровна комбинација,” вели Херис. Но, вели и дека тоа е “прилично сигурен заклучок.”

Кој би се сомневал во тоа?

Истражувањето се состоеше од два експерименти. Првиот вклучуваше 338 студенти на психологија. Тие беа замолени да го наведат името на филмот кој им предизвика најголема непријатност. Добија долга листа од 159 различни филмови, вклучувајќи “Brokeback Mountain,” кој ја водеше листата, “Hills Have Eyes,” ” American History X,” “Saw” и други.

American History X

Очекувано, машките и женските реагираа различно на филмовите.

Поверојатно беше жените да дискутираат за своите реакции со останатите после филмот, отколку машките. Машките што побрзо го забораваа.

“Најчестата емоционална реакција кај сите типови на филмови беше гадење,” откри студијата. “Особено за комедија (очигледно не многу смешна) и порнографија.”

Тагата беше второрангирана по гадењето, но повеќето учесници беа подготвени повторно да гледаат тажен наспроти одвратен филм, што го доведе Херис до заклучок дека тие беа поотворени за тага отколку за гадење.

гадење

Вториот дел од студијата вклучуваше 81 студент кои проучуваа пет филмови, еден насилен, еден порнографски и три за кино дистрибуција: “Brokeback Mountain,” за двајца каубои хомосексуалци; “American History X,” насилен филм со брутален расизам и “Notebook”, љубовна приказна.

Секој учесник доби инструкции да замисли дека еден од овие филмови го гледа со брачниот партнер, родители, дечкото/девојката со кого е на прв состанок или со двајца пријатели од ист пол.

“Најнепријатна комбинација беше гледањето на филм со сексуални сцени со еден од родителите,” заклучува студијата. Очекувано, машките во голем дел немаа проблем при гледање на насилен филм, а жените уживаа при љубовна приказна. Поголем дел мразат да гледаат тажен депресивец на прв состанок.

“На првиот состанок одите на кино и велите, ох, не сфатив дека ова беше толку сексуално,” вели Херис. “Не уживате многу при такви околности, а гледањето на тој филм со друга личност би било во ред.”

различни реакции

Некои филмови имаат непосредно влијание, наведува истражувањето

Дури и лошите филмови, или филмовите за лоши нешта, може да бидат корисни, додава тој.

“’American History X’ беше многу, многу мрачен филм за расистичките скинхедси,” вели тој. “Слушнав за него кога излезе, но не сакав да го гледам. Се случи да го гледам подоцна на конференција и беше ужасно мрачно и болно и депресивно, но запомнив дека ми беше мило што го гледав.”

“Ми даде увид за таквото размислување, таа субкултура, но не сакам да го гледам повторно,” додаде тој. “Еднаш беше доволно. Но. сметам дека сум нешто подобра личност бидејќи го гледав еднаш.”

Некои од поранешните истражувања на Херис укажуваат дека некои искуства може да бидат речиси универзални.

мажи плачат на филм

“Речиси пред 10 години замоливме 265 колеги студенти да размислуваат за филм кој го гледале кога биле деца или тинејџери, кој вистински ги исплашил,” вели тој. “Ги запрашавме што запомнија од емоционалното доживување. Не знаев колку луѓе всушност имаат таков вид на сеќавања, но 100 проценти од нашиот примерок можеа да го направат тоа. Сите имаа такво искуство.”

Некои рекоа дека не можеа да заспијат со изгаснати светла, а многу беа преплашени од пајаци откако ги гледаа “Arachophobia.”

“Тие имаа многу јасни и специфични сеќавања,” вели тој.

Некои филмови може да имаат непосредно влијание, осбено ако ги гледате со вистинската личност. Херис вели дека негов пријател, кој пелтечи, отишол на “The King’s Speech” со својот 30-годишен син,  кој исто така пелтечи.

“За нив, тоа беше многу силно искуство,” вели Херис. “Ги зближи повеќе како татко и син. Долго потоа зборуваа заедна за тоа, а таткото рече дека тоа беше едно од најдобрите нешта за нивната врска во еден долг период.”

Значи, филмовите и лицата со кои ги гледаме, може да “поттикнат многу силни емоции.”

The King's Speech

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.