RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАГНЕТ ПРОТИВ МОРАЛ
Вторник, 08 Март 2011
Слика
СЕЛЕКТИВНА ПЕРЦЕПЦИЈА
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
ИСПИТНА ТРЕМА
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
КУЧЕ ДЕПРЕСИВЕЦ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ШТО Е ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА?
Вторник, 12 Април 2011
Слика
ОГРАНИЧЕН ИЗБОР - ЛОШИ ОДЛУКИ
Понеделник, 12 Март 2012
Слика
ДАЛИ СТЕ ПЕШТЕРСКИ ЧОВЕК?
Недела, 09 Јануари 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс


Сваштарник


СО ГЕСТОВИ ДО РЕШЕНИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3520 пати
Понеделник, 28 Февруари 2011 20:11

Спонтаните движења со рацете можат да ги подобрат вештините за просторна визуализација.

раце

Едно ново истражување објавено од страна на Американската психолошка организација покажува дека ако зборувате и притоа ги користите и вашите раце, формирате ментални слики кои служат како помош при просторната визуализација што е многу важна вештина и за студентите и за професионалците.

Просторна визуализација е способноста за ментално ротирање и придвижување на некој предмет во различна позиција или гледна точка. Контролорот на авиосообраќајот користи просторна визуализација за да може ментално да ги следи авионите на небото само преку еден дводимензионален радарски екран. Еден декоратор на ентериер мора да располага со просторна визуализација за да си замисли како би изгледала дневната соба со кауч во различни позиции без воопшто да го помрдне каучот.

гестикулирање

„Гестовите со рацете се спонтани и не се учат, а можат да ја подобрат просторната визуализација,“ – вели психологот Мингуан Чу кој го правел ова истражување заедно со психологот Сотаро Кита, професор доктор на Универзитетот во Бирмингем, Англија. „Уште од времето на Галилео и Ајнштајн па се до Да Винчи и Пикасо, влијателните научни откритија и уметнички ремек дела можеби никогаш немало да постојат ако не постоеја вештините за просторна визуализација.“

Податоците од истражувањето беа објавени до февруарското издание на Journal of Experimental Psychology: General. Три истражувања ја испитуваа врската меѓу гестовите со раце и просторната визуализација со помош на ментални ротациони тестови:

  • Во првиот експеримент, 132 студенти од Универзитетот во Бирмингем беа индивидуално тестирани. Со помош на скриена камера, истражувачите снимија голем број на гестови со рацете и открија дека спонтаните гестови се зголемуваа кога се објаснуваа посериозните проблеми.
  • Во вториот експеримент, 66 студенти беа поделени во 3 групи. На членовите од првата група им беше дозволено да користат гестови со раце, тие од втората група не добија никакви инструкции, а третите беа принудени да седат врз рацете за да не прават никакви гестови. Првите се покажаа многу добро на првите тестови а и подоцна, кога и тие мораа да седат врз нивните раце, повторно беа подобри со што покажаа дека претходно употребените гестови веќе влегле во внатрешна употреба.
  • Последниот експеримент вклучуваше 32 студенти, и од нив, само групата што користеше гестови имаше добри резултати, што покажа дека гестовите помагаат при решавање на проблеми со просторната визуализација.

гестови со раце

Гестовите со раце ја подобруваат просторната визуализација со што им покажуваат на лицата како да создадат предмет во нивниот ум и да го ротираат во нова положба. Гестовите во денешно време многу помагаат - можат да прикажат како еден објект би се движел во просторот ако го држиме во рака, вели Чу.

Просторната визуализација е значајна за сите науки, особено за математиката, физиката и инженерството, но исто така помага и на другите полиња каде се употребуваат слики и дијаграми. Ова истражување треба практично да се внесе во образованието, велат Чу и Кита.

Студентите по физика треба да практикуваат гестови со рацете за да си ги објаснат невидливите сили, како на пример, силите на магнетните полиња. Студентите по уметност можат да ги користат рацете при цртање на мртва природа за да си претстават една чинија со овошје или гол модел од различни агли и да создадат пожива слика што ќе дава илузија за тродимензионална фигура нацртана на платно.

визуализација

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.