RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО?
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
И ПТИЦИТЕ МОЖАТ ДА ТАНЦУВААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
АХ, ТАА КОЦКА...
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
СРАМЕЖЛИВЦИТЕ УМИРААТ МЛАДИ
Понеделник, 01 Ноември 2010
Слика
НОВОГОДИШНА АФЕРА
Понеделник, 03 Јануари 2011
Слика
ГЕЈ ПИНВИНИ ПОСВОИЛЕ ПИЛЕ
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм


Сваштарник


ЗБОРОВИ И БРОЕВИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3812 пати
Четврток, 24 Февруари 2011 01:00

Научниците од Универзитетот во Чикаго сметаат дека јазикот игра многу голема улога при учењето на значењето на броевите.

броеви

Едно истражување што било направено врз глуви луѓе во Никарагва кои никогаш не научиле некој формален знаковен јазик, покажа дека луѓето кои комуницираат преку гестови кои сами ги измислиле, а се познати како домашни знаци, не биле способни да ја сфатат вредноста на броевите поголеми од бројот 3 бидејќи не го научиле јазикот во кој има симболи што се користат при броење.

Од друга страна, глувите луѓе кои го научиле конвенционалниот знаковен јазик можат да го сфатат значењето на големите броеви. Истражувачите сметаат дека ова се случува бидејќи конвенционалниот знаковен јазик, исто како и говорниот јазик, ја вклучува рутината на броење кај луѓето уште кога се деца.

Истражувањето ја покажува комплексноста на учењето на врските меѓу симболите вклучени во јазикот преку, на изглед, едноставни нумерички концепти. Ова може да им помогне на истражувачите да научат повеќе за тоа како јазикот го оформува начинот на кој децата учат математички симболи и како целиот тој процес може тргне наопаку во предшколската возраст.

„Не се битни само зборовите од речникот, туку и сфаќањето на вркста меѓу зборовите – фактот дека “осум” е поголемо од “седум” а помало од “девет.” Ако немаат скала на броеви по која ќе се водат, глувите луѓе нема да сфатат дека броевите се надградуваат со зголемување на нивната вредност, “ – вели Сузан Голдин-Медоу, професор по психологија на Универзитетот.

број 3

Неспособност при замислување, а не при објаснување на броевите

Научниците претходно открија дека луѓето од изолираните култури не можат да ја научат вредноста на поголемите броеви бидејќи тие броеви не се користат во нивниот локален јазик. На пример, две групи на испитаници од Амазон немаат зборови за броеви поголеми од 5 и не знаат да спојат два реда ако има повеќе од 5 предмети. Во нивната култура нема потреба за користење на поголеми броеви, и затоа овие луѓе имаат проблеми со броевите.

Сепак, луѓето од Никарагва користат точни броеви во секојдневните монетарни трансакции. Истражувањето покажа дека глувите луѓе ја разбираат релативната вредност на некои од парите, меѓутоа, тие сепак не можат целосно да ја сфатат нивната бројна вредност бидејќи никогаш не ги научиле зборовите што ги означуваат тие броеви, објаснува Спаепен.

броење

При истражувањето, испитувачите им дадоа тестови на самоуките глуви луѓе за да увидат колку тие ги распознаваат парите. Им покажаа десетки и дваесетки, и ги прашаа чија вредност е поголема. Кога ги прашаа дали девет десетки имаат помала или поголема вредност од една стотка, сите испитаници можеа да ја утврдат релативната вредност на парите.

„Парите во Никарагва имаат различна боја и големина која зависи од нивната вредност, а со тоа им помагаат на луѓето да ја оценат нивната вредност иако не ги распознаваат броевите,“ – вели Спаепен. Глувите луѓе ја научија вредноста според бојата и формата без да ја знаат точната нумеричка вредност.

дваесет долари

За да воочат дали можат да ја распознаат нумеричката вредност надвор од контекстот на парите, научниците им покажаа анимирани снимки во кои броевите имаа свои улоги. Потоа, глувите луѓе требаше да им прераскажат на другите што виделе со помош на нивните домашни знаци. Кога броевите биле поголеми, тие не биле способни да направат точна гестикулација за да го објаснат бројот со помош на прстите.

Исто така, им покажувале картички со различен број на предмети на нив, и побарале од нив да направат гестикулација со која ќе го покажат бројот. Глувите знаеле да направат гестикулација за да го објаснат бројот 3, но не и броеви поголеми од него. Исто така, не можеле да спојат два реда на кои имало повеќе од три предмети. Нивниот проблем при објаснувањето не беше дека тие не беа способни да комуницираат за големи броеви, туку едноставно не можеле да ги замислат, заклучија истражувачите.

Истражувачите ги направиле истите тестови со необразовани луѓе од Никарагва како и со глуви луѓе кои го научиле знаковниот јазик во училиште. И двете групи биле подобри од самоуките глуви луѓе од Никарагва.

маж брои

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.