RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2966 пати
Понеделник, 31 Јануари 2011 20:02

Според ново истражување во Journal of Consumer Research, луѓето се посреќни кога стоката е еднакво дистрибуирана, но поради еднаквоста сакаат да трошат повеќе за бидат пред нивните соседи.

сосетки

Авторите Најлиа Орбадајева (од Ерасмус Универзитетот во Холандија) и Пјер Шандон (INSEAD во Франција) ги испитуваа начинот на кој еднаквоста влијае врз одлуките за трошење кај луѓето од долните нивоа на социјалните групи. Истражувачите открија дека зголемувањето на еднаквоста ја намалува зависта кај луѓето од нискиот слој за тоа што другите луѓе имаат и го зголемува нивното задоволство за тоа што го поседуваат. Но, зголемувањето на еднаквоста исто така ја зголемува можноста за надминување на другите. “Со други зборови, еднаквоста ја зголемува социјалната придобка (унапредување на нечиј ранг во прераспределбата на стоки) овозможена преку потрошувачката,” објаснуваат авторите.

Авторите ги тестираа нивните претпоставки така што ги замолија учесниците да си змаислат дека се на дното на распределба во нивната социјална група. Потоа тие манипулираа со дистрибуцијата така што некогаш беше релативно еднаква, а некогаш нееднаква. Учесниците во истражувањето требаше да одлучат дали да штедат пари или да трошат на производи кои би го подобриле нивниот статус преместувајќи ги на повисоко ниво во распределбата.

пари

Во едно истражување авторите создадоа хипотетичка ситуација каде учесниците се натпреваруваа за статус одреден според количината на цветни грмушки во нивните дворови. “Откривме дека луѓето кои немаа цветни грмушки беа посреќни со тоа што го поседуваа кога дистрибуцијата беше еднаква и разликата со градината на останатите луѓе не беше толку очигледна,” пишуваат авторите. “Но, за овие среќни луѓе е поверојатно дека ќе потршат пари за да ја разубават својата градина кога разликата е мала. Според тоа, еднаквоста ја намали зависта, но го зголеми статусното трошење.”

соседи

Шаблонот беше повторен и во ситуации кога потрошувачите трошеа на брендирана облека и телевизори со рамен екран и кога размислуваа на компетитивен начин. Сепак, еднаквоста ја намали потршувачката кога луѓето бараа продукти кои не влијаат врз статусот или кога размислуваа на кооперативен начин.

“Луѓето не се натпреваруваат со соседите само затоа што се завидливи,” пишуваат авторите. “Некога се натпреваруваат со нив бидејќи тоа им овозможува да се искачат повисоко на скалилото на социјалната дистрибуција на ефективен начин.”

празен новчаник

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.