RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД СЕКСОМНИЈА?
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
ЕСТРОГЕН ЗА ДОБАР СЛУХ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
БИДЕТЕ ЖРТВА
Среда, 02 Март 2011
Слика
НАЈДЕПРИМИРАЧКИ ПРОФЕСИИ
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
РЕЛИГИЈА ЗА САМОКОНТРОЛА
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
8 НАЧИНИ ДА СЕ РАСПОЛОЖИТЕ НАУТРО
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
КАКО ДА ЈА ОЖИВЕЕТЕ СТРАСТА?
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
5 ПРИЧИНИ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 29 Октомври 2012

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


СИНОВИ ПРЕД ЌЕРКИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3316 пати
Сабота, 29 Јануари 2011 01:46

При ситуации на хроничен недостаток на храна, родителите повеќе ги заштитуваат момчињата и покрај тоа што здравјето на нивните ќерки е позагрозено.

мајка дои дете

Ова го покажува истражувањето од Институтот за тропска медицина во Етиопија, објавено во списанието Pediatrics.

Очигледно е дека недостигот на храна влијае негативно врз здравјето, но досега никој не проверил дали тоа еднакво влијае врз сите деца во семејството или пак постојат полови разлики. Во повеќето истражувања за ефектите на недостигот на исхрана, беа испрашувани родителите, не децата. Научниците од Џима Универзитетот (Етиопија), со помош на своите американски и фламански колеги, во текот на пет години набљудуваа две илјади тинејџери од исто толку домаќинства, во урбани и рурални средини.

При недостиг на храна, во просек три од десет девојки изјавија дека биле болни во текот на претходниот месец; а кај момчињата просекот бил два во десет. Во домаќинствата каде има недостиг на храна, двојно поголема е веројатноста дека девојките ќе изјават дека страдаат од болест. Девојките дури седум пати почесто пријавуваа потешкотии при извршувањето на активностите поради слабо здравје, или пак чуство на замор.

ривалство

Во ситуации на недостиг на храна, хуманитарните работници би требало да имаат ова во предвид, велат авторите.

Всушност, девојките би требало да бидат поздрави. Билошки гледано, тие се посилни, во тинејџерството пушат помалку и поретко покажуваат однесување поврзано со превземање на ризик, во споредба со момците. Но, културната дискриминација прави девојките да страдаат повеќе при ситуации на недостаток на храна.

Тинејџерите и нивните семејства беа испрашувани за време на сезоната на глад (врнежлива сезона) и за време на пролетта, кога поретко се јавува недостиг на храна. Научниците забележаа, помеѓу останатото, колку и како варираше исхраната, времетраењето и количината. Тие бараа замор и недостиг на енергија во претходниот месец; бараа проблеми со активностите на училиште, на работа или во домот поради слабо здравје; истражуваа дали испитаниците беа болни за време на претходниот месец. Една четвртина од девојките и 16% од момците беа недоволно ухранети.

храна

Научниците ги зедоа во предвид следните фактори:  Разновидност во исхраната, индекс на телесна маса, место на престојување, место за готвење (соба за спиење, дневна соба, одвоена кујна) и колку истото е блиску до местото каде се фрла ѓубрето и присуство на животни во куќата - со цел да го изолираат ефектот на полот врз болеста. Дури и тогаш, девојките имаа седум пати помалку енергија од момчињата и 7,4 пати повеќе проблеми со извршување на секојдневните активности.

Разликата помеѓу момците и девојките беше поголема во руралните средини отколку во градовите.

Познато е дека жените секогаш го оценуваат своето здравје како послабо во однос на мажите и дека почесто пријавуваат проблеми со здравјето. Исто така, жените повеќе внимаваат на своето здравје отколку припадниците на посилниот пол. Но, во овој случај тоа не може да биде вистинското објаснување за проблемот, бидејќи кога имаа доволно храна, девојките и момците немаа никакви здравствени проблеми.

братче и сестри

Во многу култури синовите се ценат повеќе отколку ќерките. Претходно истражување на Филипините, Етиопија, Непал, Индија и Гватемала покажа дека синовите добиваат повеќе и подбра храна. Но, во Етиопија оваа дискриминација води до здравствени проблеми само  кога нема доволно храна на располагање.

Истражувачите заклучија дека хуманитарните работници кои им овозможуваат на луѓето повеќе и подобра храна, треба да им обрнат особено внимание на девојките кога се соочуваат со недостиг на храна. Тие укажуваат дека добар начин за да се намалат половите разлики е да се отстранат ограничувањата на ресурсите. Тоа може да биде полесно отколку промената на половите норми на популацијата.

дете јаде

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.