RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛИДЕРИ ЗА ВОЈНА ЛИДЕРИ ЗА МИР
Среда, 22 Февруари 2012
Слика
БЕЗ СМС-И ДОДЕКА ВОЗИТЕ
Среда, 17 Ноември 2010
Слика
АХ, ТАА КОЦКА...
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК СУДБОНОСЕН
Понеделник, 25 Јули 2011
Слика
ПАРИТЕ И СЛАВАТА СЕ НЕСРЕЌА?
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
МОЌТА НА ИЗВИНУВАЊЕТО
Понеделник, 26 Септември 2011
Слика
ЗОШТО СОНУВАМЕ?
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
4 ТИПА ПАРАЈЛИИ
Четврток, 25 Август 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ФЕНОМЕН НА СТРАВОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3164 пати
Петок, 17 Декември 2010 00:33

Се прашувате ли зошто хорор филмовите и проколнатите куќи привлекуваат огромен број на луѓе?

 

страв

Оваа способност на човековиот мозок да го активира стравот во главата може да биде клучна во лечењето на фобии и пореметувања поврзани со анксиозност, велат научниците.

Кога луѓето се исплашени, нивните тела автоматски го активираат одговорот "бори се или бегај" – срцебиењето им се зголемува, дишат побрзо, мускулите им се напнуваат и нивното внимание се фокусира на брз и ефективен одговор на заканата.

"На тој начин природата не заштитува," изјави клиничкиот психолог Дејвид Руд од Технолошкиот Универзитет во Тексас.

Доколку мозокот знае дека нема ризик од вистинска опасност, ужива во покачениот адреналин, објасни Руд. Клучно за уживање во ваквите возбудувања е правилно да се процени ризикот од вистинска опасност.

"Малите деца можат да го преценат ризикот од опасност и да искусат вистински "страв". Штом се случи тоа, гледате дете кое се прилепува до родителот и плаче, убедено дека постои вистинска опасност и шанса да биде повредено," изјави Руд за "LiveScience." Од друга страна, "возрасните можат исто така да вреснат, но тоа ќе биде проследено со смеење штом сфатат дека не постои реална опасност."

исплашено дете

 

На повисоко ниво

Овој феномен исто така објаснува зошто луѓето можат да уживаат во падобранството, банџи скокањето и екстремните спортови.

"Во овие случаи, оние кои се вклучени во високоризични активности ќе ви кажат дека ризикот кај нив е намален со тренирањето и предострожностите," што им овозможува да уживаат во искуството, вели Руд. Клучната структура во мозокот која е одговорна за овој ефект е најверојатно амигдалата, додаде тој, која е клучна за создавањето и складирањето на сеќавања поврзани со емоции.

Способноста да се ужива во стравот има еволуциона смисла, вели психолог за околината Френк МекЕндру на Кнокс Колеџот во Гејлсбург во Илиноис, САД.

банџи скокање

"Мотивирани сме да бараме ваков вид на стимулација за да истражиме нови можности, пронајдеме нови извори на храна, подобри места за живот и добри сојузници," вели МекЕндру. "Луѓето уживаат во отстапување од нормите – промени на брзината, во рамки на границите."

 

Клуч за терапија

Доколку во повеќе наврати е изложен на страшен стимуланс, мозокот ќе се навикне на него и нема повеќе да го доживува како застрашувачки. Ова е клучот зад когнитивните терапии за анксиозни пореметувања како фобии и посттравматското стресно пореметување, каде системот на личноста во преголема мерка доживува нешто како заканувачко, додека во реалноста не е, вели Руд. Кога ваквите когнитивни терапии ќе се искомбинираат со лекови, нивната стапка на успех во подобрување на симптомите "изнесува 80 проценти," додаде тој.

исплашен маж

Во меѓувреме, МекЕндру истражува што на прво место прави луѓето да чувствуваат дека некои куќи се проколнати.

"Се фокусираме на тоа кои архитектонски елементи прават куќите да се чинат проколнати или не," изјави тој. "Откривме дека тие имаат тенденција да бидат поставени на збунувачки начин, при што не сте сигурни во кој дел на куќата се наоѓате. Тие се поприлично мистериозни – немате прегледност внатре. И постојат секакви видови на звуци и мириси кои обично не се среќаваат во куќа, а кои може да направат таа да се чини морничава."

проколната куќа

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.