RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АГОРАФОБИЈА
Среда, 17 Август 2011
Слика
КАКО ДА ГИ "ЧИТАТЕ" ЛУЃЕТО
Понеделник, 26 Септември 2011
Слика
ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
СОНИШТА И ИДНИНА 1
Петок, 25 Март 2011
Слика
ИСТИ ГЕНИ, РАЗЛИЧНИ КАРАКТЕРИ
Четврток, 10 Март 2011
Слика
(НЕ)УСПЕШЕН ФЕЈСБУК
Сабота, 07 Мај 2011

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг


Сваштарник


СТРАДАТЕ ЛИ ОД АВИОФОБИЈА? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2835 пати
Четврток, 09 Декември 2010 20:13

Некои луѓе на смрт се плашат да летаат во авион. Која е причината за овој ирационален страв?

страв од летање

Стравот од летање не е шега. Потните раце и срцебиењата можат да бидат толку јаки што некои патници едноставно одбиваат да се качат на авион.

И вестите за авионски несреќи, како онаа за летот 447 на "Ер Франс" над Атлантикот, го засилуваат стравот кај инаку разумните луѓе кои знаат дека возењето кола е статистички многу поризично.

Луѓето кои се плашат од летање слушаат за авионските несреќи и веднаш ги обземаат грижи.

"Тие не обрнуваат внимание на останатите статистики," вели Барбара Ротбаум, професор по психијатрија и директор на Програмата за Опоравување од Трауми и Анкзиозност при Медицинското Училиште на Емори Универзитетот. Милиони луѓе летаат безбедно секој ден, а сепак оние кои се плашат од летањето на секоја нова авионска несреќа гледаат како на потврда на својата фобија, изјави Ротбаум. "Тие ја преувеличуваат веројатноста за опасност." Всушност, сите фобии, вклучувајќи ги временските фобии и стравот од височина, содржат во себе такви силни, ирационални стравувања.

Барбара Ротбаум

"Летањето е всушност една од побезбедните работи кои ги правиме од аспект на веројатност," изјави Ротбаум. И  истражувањата покажуваат дека летањето стана побезбедно во последно време.

Впрочем, шансите дека ќе загинете во авионска несреќа се 1:20 000, споредено со 1:100 за автомобилска несреќа и 1:5 за смрт предизвикана од срцево заболување (врз основа на статистиките од 2001 година).

Факторите на летање

Околку 25 милиони луѓе во САД страдаат од некој вид на страв од летање, почнувајќи од мала анксиозност па се до огромни стравови (таканаречена авиофобија), кога личноста по секоја цена ги одбегнува авионите, според Ротбаум.

Отприлика половина од 25-те милиони се плашат од авионски несреќи, вели таа, додека пак другата половина се клаустрофобични и ризикуваат да добијат напад на паника кога се стуткани во авионска кабина.

Дури и откако ќе искусат безбедни летови, не можат да го елиминираат стравот. "Луѓето се многу суеверни во врска со нивните стравови," изјави Розенбаум за LiveScience.

авионска несреќа

Таа се присетува на пациенти кои се изјасниле дека не се качиле на авион поради тоа што имале претчувство дека нешто лошо ќе се случи. Дури и кога би дознале дека авионот ќе слета безбедно на одредената дестинација, тие и понатаму цврсто се држеле до претчувствата, со цел да го поткрепат својот ирационален страв.

"Се обидував да објаснам дека тоа не било претчувство, туку преуранета анксиозност," вели Ротбаум.

Оние кои пак се качиле во авион и стигнале безбедно на своето одредиште го сметаа тоа искуство за ризично од друг аспект.

"Кога се симнуваа од авионот изгледаа како да сакаат да се наведнат и да ја бакнат земјата, како да ја избегнале смртта за влакно," изјави Ротбаум.

страв од летање

Летајте низ пријателско небо

Доколку плашливите патници мораат да полетаат, тие често прибегнуваат кон употреба на седативи или алкохол со цел да го отстранат стравот, вели Ротбаум. Некои од нејзините пациенти дури резервирале бизнис летови еден ден порано од предвиденото, за да можат да се опорават од стресот, алкохолот и лековите пред да започнат со бизнис состаноците.

Сепак, третман за страв од летање кој не вклучува пиење и отрпнатост од седативи, е достапен и успешен.

лет со авион

Ротбаум и нејзините колеги применуваа терапија со виртуелна реалност која постигна голем успех по сесиите кои се одвиваа осум пати неделно. Учесниците би научиле да ја проценуваат својата ситуација логички, а не емоционално, а доколку почувствуваат напад на паника треба да применат методи за релаксација како правилно дишење. Потоа, исплашениот патник би требало да се качи на авион во виртуелниот свет и да ги практикува овие научени техники. Виртуелното искуство би требало да биде прилагодено кон потребите на пациентот. Така да за некои летот би можел да биде турбулентен, а за други смирен и релаксирачки.

Општо земено, вели Розенбаум, доколку стравот од летање го попречува нормалниот живот на поединецот, кој пореди него не може да оди на свадба или да прифати унапредување, би требало да се побара стручна помош и да се примени когнитивно-бихејвиорална терапија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.