RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕРОТОНИНСКА ПРОЦЕНКА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ЛАЖНИ СЕЌАВАЊА
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ШТО ГЛЕДААТ БЕБИЊАТА?
Сабота, 13 Ноември 2010
Слика
ПРЕИСТОРИСКО СМЕЕЊЕ
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
РАЗЛИКИ МЕЃУ ЗАВИСТ И ЉУБОМОРА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ЖЕНИТЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА!!!
Среда, 28 Септември 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


ПРОБЛЕМИ ПРИ КОМУНИКАЦИЈАТА PDF Печати Е-пошта
(6 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 12531 пати
Недела, 15 Септември 2013 14:21

Речиси и да нема некој кој ќе се пофали дека нема проблеми во комуникацијата со другите луѓе.

проблеми во комуникацијата 

Малкумина се тие што се вистински мајстори во комуникацијата. Неретко ни се случува да не го кажеме она што го мислиме, или заради тоа што е тешко да се објасни, или пак не знаеме како да го кажеме. Честопати не ги разбираме и другите, а за работите да бидат полоши, може да си помислиме дека сме ги разбрале, но тоа да не биде случај. Човечката комуникација е во голема мера невербална, па ако се потпираме само на тие знаци може да реагираме на она што не е кажано, а да ни избегне пред вид она што било кажано.

комуникација 

Другите, „ни го прават истото“ и нам. Тоа води кон безброј расправии а многу често во врските и до хронични проблеми во комуникацијата меѓу партнерите. Не успеваме да чуеме и да не чујат. Не успеваме да се разбереме со другиот. Може да направиме или кажеме нешто кое сме ветиле дека нема да го направиме, како на пример да го подигнеме тонот, да бидеме негативни и слично, или пак се наоѓаме блокирани во даден момент, како да сме парализирани, не успеваме да прозбориме ни збор. Бројни емоции се заслужни за ваквите реакции, како гнев, страв, тага, вина, збунетост, чувство на анксиозност и редица други.

 Ќе седнеме да разговараме „како луѓе“, а набрзо разговорот ќе премине во кавга. Несогласувањата ќе преминат во навреди. Мирната дискусија речиси за миг ќе се претвори во разулавена емоционална борба. Кога се работи за интимни релации, ваквите недоразбирања ја „трујат“ љубовта и водат кон прекин на врската, а кога се работи за несогласувања во светски рамки тие може да се претворат во војни кои ќе предизвикаат несогледливи последици.

кавга

Зошто се случуваат вакви работи? Дали навистина е толку тешко да разговараме еден со друг? Како може да ги исконтролираме емоциите за тие да не ни попречат да оствариме конструктивен разговор со другиот? Кои се чекорите што може да ги направиме кон тоа да бидеме подобри комуникатори?

Проблемите при комуникацијата не се толку лесни за премостување. Нивната генеза може да биде уште во нашето најрано детство. Уште како малечки може да научиме да ги потиснуваме чувствата, да обвинуваме други, да избувнуваме со гнев, да заобиколуваме наместо да кажеме отворено што сакаме и што ни треба, или пак што чувствуваме, да „глумиме“ одредени чувства и низа други контрапродуктивни однесувања кои потоа преминуваат во навики кои и штетат на комуникацијата и кога сме пораснале, а не сме ни свесни како се создале.

дечиња

За многумина е навистина тешко дури и за себеси да си кажат што мислат и што чувствуваат. За таквите луѓе да се изусти гласно она што им е во главата може да биде застрашувачко искуство, нешто со кое имаат голем проблем да се соочат. Долгото потиснување создава притисок и голема потреба за олабавување на напнатоста, но вадењето надвор на овие помисли и чувства знае да биде искуство кое се доживува како целосно соголување.

Стилови на комуникација

Во комуникацијата меѓу луѓето среќаваме низа стилови на комуницирање при што најчести се пасивниот, агресивниот, пасивно-агресивниот и зрелиот начин на комуникација.

  • Пасивните комуникатори се однесуваат како нивните потреби воопшто да не се важни. Да можат би се напикале во глувчја дупка, се чувствуваат мали и понизни и би направиле се само за да избегнат конфронтација. Тие сакаат да им удоволуваат на другите, најчесто на своја штета. Понекогаш, ова создава чувство на одбојност.

    пасивен комуникатор 

  • Агресивните комуникатори пак, сосема обратно, се однесуваат како единствено нивните потреби да се битни. Ништо друго на светот не е поважно од нивните барања. Тоа се луѓе кои обвинуваат, се закануваат, се дерат, не бираат зборови за да навредат и постојано сакаат да доминираат. За да може да си тераат по свое, обично влегуваат во релации со пасивни луѓе.

    агресивна комуникаторка 

  • Пасивно-агресивните комуникатори својата лутина ја изразуваат преку разни „суптилни игри“ на манипулација и предизвикување на чувство на вина. Тие внатрешно ја чувствуваат лутината и имаат потреба за агресивно однесување но ја кријат оваа агресивност под плаштот на едно пасивно однесување, како упорно молчење, „заборавност“, одбивање да се слуша, промена на плановите во последен момент, како и голем број други начини со кои ја изразуваат својата лутина, огорченост и гнев без директна вербализација или пак признавање на сопствените чувства.

    пасивно агресивно молчење 

  • Зрелите комуникатори разбираат дека секој си има свои потреби и сечии потреби се важни. Тие се трудат да употребуваат искрен и неутрален јазик во комуникацијата. Зрелоста бара и одреден степен на емоционална ранливост, која не може да се демонстрира доколку не се поседува голема самодоверба, но затоа пак наградата е поздрава релација во која потребите на двете страни се подмируваат, чувствата не се потиснуваат туку слободно се изразуваат, па секоја од страните во најголема мера се чувствува слушнато и поврзано во целината.

зрела комуникација 

Како и да се чувствуваме секогаш треба да тежнееме кон ненасилна комуникација. Таа се фокусира на зборовите и употреба на јазик кој е што пообјективен во однос на нашите потреби, чувства и перцепции. Тоа може да го постигнеме само ако сме во доволна мера свесни за нив и сме си ги расчистиле за себеси. Поинаку, како и би можеле да ги искомуницираме со некој друг? 

При комуникацијата, за да избегнеме недоразбирања, треба многу често да ги употребуваме рефлективните реченици во кои на другата страна и го кажуваме она што сме го чуле или мислиме дека сме го чуле и бараме или да ни го потврдат тоа или пак да не коригираат. Лесно е да се создаде недоразбирање, малку треба, но многу потешко е потоа ситуацијата да се врати во нормала и да се има продуктивна дискусија. Затоа обидете се секогаш точно да утврдите дали нештото што ви било соопштено или покажано од другата страна сте го разбрале или не. Опстојте си на ова барање за потврда дури и кога гледате дека другата страна можеби сака да ја остави ситуацијата во „магла“, односно и одговара работите да бидат нејасни.

недоразбирање 

Други начини со кои може да си помогнеме при воспоставувањето на продуктивна комуникација се внимателното и фокусирано слушање и размислување за она што другата страна го зборува. Избегнете да разговарате во околина во која може да има било какви дистрактори или нешто што ќе ви го одвлече вниманието. Оставете си простор и време секој да си го каже своето. Не генерализирајте, туку разговарајте за конкретните ваши потреби и чувства, односно избегнете да правите „општ муабет" а имате реален, конкретен проблем.

Држете се до фактите, избегнувајте ги шпекулациите. Обидете се тонот на вашиот глас да биде што посмирен а изразите на вашето лице адекватни на она кое е предмет на разговор. Тоа не значи да ги потиснувате своите емоции, туку правилно да ги канализирате и манифестирате. И, секогаш обидувајте се да го гледате проблемот од аспектот на другата страна, така најдобро ќе ги сфатите нивните ставови во однос на темата за која се зборува. Влезете во туѓи чевли, но сепак не заборавајте и на вашиот аспект, туку пронајдете некоја средна вредност, секогаш тежнејте кон компромис. Речиси секогаш постои рационално решение кое ги задоволува засегнатите страни барем во доволна мера ако не целосно, без оглед за каков проблем и да се работи. 

смирен разговор 

Проблемите при комуникацијата се најголем извор на тешкотии во една врска. Неспособнота, или недоволното ниво на способност за комуникација честопати поминува и незабележано, затоа што не се успеало да се увиди дека комуникацијата е патот за решавање на проблемите. По некое време, некомуницирањето станува навика и проблемите се таложат.

Емоционалните и психолошките прашања се најочигледен камен на сопнување во врските и многу често влечат корени уште во нашите први искуства со врските. Со оглед на тоа дека комуникацијата е повеќе од потребна за било која врска да функционира добро, и имајќи предвид дека речиси во секоја врска има некаков тип на проблеми во комуникацијата, од исклучителна важност е да ја сфатиме нејзината значајност и да се оспособиме што подобро да ја остваруваме. Дали ќе побараме професионална помош од терапевт или ќе се обидеме самите да се стекнеме со неопходните вештини за комуникација потребна во една врска, не е ни толку битно, она што е најважно е да ја сфатиме нејзината улога како примарен двигател во една врска кој може и да не исполни со среќа но и да не обземе со тага.

 двојка во кавга

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.