RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВАШЕТО СЕДИШТЕ И ВИЕ
Петок, 28 Јануари 2011
Слика
ПАРАНОРМАЛНА ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
БОЛНИ НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ГЕН ЗА АУТИЗАМ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ШТО Е "НОРМАЛНО"?
Недела, 13 Ноември 2011
Слика
КАКОВ БИЛ СЕКСОТ ПРЕД ТРИ ВЕКА?
Петок, 03 Декември 2010
Слика
ГОРЧЛИВИ ГЕНИ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 2 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
МАЈКИ И ДЕТСКА СОЦИЈАЛНОСТ
Понеделник, 06 Декември 2010
Слика
РЕАЛНО НАСПРОТИ ВИРТУЕЛНО
Четврток, 14 Април 2011

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


Сваштарник


ТЕХНИКИ ЗА ПСИХОЛОШКА МАНИПУЛАЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(9 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 11590 пати
Недела, 18 Август 2013 15:58

Речиси секој од нас бил жртва на манипулација заради нечија себичност.

социјални марионети

Ако ви е смачено тоа да ви се случува, еве неколку објаснувања за техниките на психолошка манипулација кои луѓето ги користат за своја корист а вам може да ви помогнат да ги избегнете замките следниот пат и конечно да ја преземете контролата врз вашиот живот.

Светот понекогаш може навистина да биде валкано место, особено кога ќе паднете во манипулативните стапици на луѓето околу вас. Тоа ви остава непријатно чувство во душата дека сте биле искористени заради нечиј себичен интерес.

манипулативни луѓе

Манипулативните техники се така дизајнирани за да ви го побркаат умот и да ве направат подложни на волјата на манипулаторот. Се протегаат во дијапазон од многу суптилни до неверојатно очигледни. Се разбира, нема потреба да станете параноични, но помага ако ги разбирате „игрите“ што се играат. За да не бидете вие изиграната страна, еве клиничка анализа на најчестите стапици од кои треба да се чувате.

Психолошки Манипулативни Техники

Сите би сакале да веруваме дека светот е прекрасно место преполно со луѓе кои може слободно да ги сакаме и да им веруваме. Да не се разбереме погрешно, постојат луѓе кои опстојуваат на ваквиот идеал, но постојат и такви кои едвај чекаат да ве „зезнат“ ако им го дозволите тоа. Би сакале да го гледаме најдоброто кај секоја личност и да го прифатиме него или неа без задршка, но реалноста не принудува напати да си го преиспитаме ваквиот пристап.

 манипулативен човек

Јасно ни е дека себичноста е природна човекова особина, но еден длабочински поглед врз предавството, манипулацијата и измамата за која луѓето се спремни, ги принудува повеќето од нас да заземеме поинаков, попретпазлив пристап. Повторно, тоа не значи повик за запаѓање во параноја, туку истакнување на потребата за претпазливост во односите со другите луѓе, кои може да ве изиграат за нивни себични цели. Ова се суптилните и не толку суптилните манипулативни методи, на кои сите, помалку или повеќе, паднале во својот живот.

Манипулација преку лажење

Ова е една од највообичаените методи за манипулација на измамниците. Тие креираат една мрежа од лаги која е толку слоевита што практично ви ја извитоперува реалноста и потоа лесно паѓате како жртва на нивните манипулации. Единствен начин да се спасите себеси од ваквата измамничка „пајакова мрежа“ е да знаете да препознавате кога некој блефира и да сте доволно вешти при препознавање на неконзистентните и контрадикторни невистини кои ви се пласираат. Едноставно, не избрзувајте. Бавно градете ја довербата во некоја личност, а не наивно да им ја давате здраво за готово. Се додека не ја запознаете личноста поблиску и во доволна мера, избегнувајте да споделувате било какви лични или финансиски информации.

лажење 

Чувајте се од било какви понуди или бизнис предлози за зделки кои едноставно се предобри за да бидат вистинити. Размислувајте на малку подлабоко ниво, избегнувајќи донесување на одлуки врз основа на мал број или расцепкани информации. Секогаш е најдобра идеја да се провери самиот извор на информациите и да се тестира валидноста на тврдењата пред да се донесе суд за нив. Најдобриот механизам за одбрана од тоа да бидете вовлечени во вртлогот на лагите на измамниците е да си дадете доволно време за размислување, а не да се базирате врз импулсивни одлуки. Ако го почитувате овој совет тогаш би требало релативно лесно да се справите со нив, затоа што неретко нивните лаги се прилично провидни.

провиден манипулатор 

Злоупотреба на вашите емоции

Ова е еден од најлошите начини на манипулација на кој можете да бидете изложени. Многу луѓе се присилени да направат нешто што никогаш не би го направиле, ако им е загрозено она во кое ги вложиле емоциите. Луѓето со психопатски тенденции се склони кон тоа на ваков начин да ги манипулираат другите. Може да се спасите себеси од ваква ситуација ако направете превенција таа да не се случи. Не бидете премногу отворени кон странци за тоа кои нешта емоционално ви значат. Ако ги изложите вашите емоции, беспотребно се ставате во ризик ваквиот тип на луѓе да го искористи тоа како ваша слабост. Отворете си го срцето само кон оние што го заслужуваат тоа. За жал, таквите луѓе се малку, затоа внимавајте.

 прекинување на манипулацијата

Провокација на вашето его

Една од најзначајните манипулативни техники во политиката, спортот но и во речиси сите области на човековото дејствување е провокацијата. Некој може да биде присилен да направи некоја глупава постапка само затоа што бил испровоциран, исмеан или јавно понижен. Повреденото его може да биде многу опасна работа, плодна почва за манипулации. Кога сте испровоцирани на овој начин и сте во искушение да направите нешто многу глупаво, подзапрете се малку и помислете дали е вредно да се впуштате во одговор на таквите провокации. Лесно е да му дозволите на вашето повредено его да ве излуди. Почекајте, ставете се на пауза, промислете, затоа што може да направите нешто многу глупаво што ќе ве стави во поголема неприлика. Запаметете, вистинската провокација секогаш има заднина, затоа не реагирајте доколку не сте ја сфатиле точно целта со која ви е упатена. Ако постапите поинаку, тогаш слепо влегувате во стапица и тогаш единствен виновник сте си вие самите.

Спин провокација 

Намамување во искушение

Од дамнешни времиња, една од најголемите причини за уништување на сопствениот живот е моменталното искушение и алчноста. Кога нешто посакувате до степен во кој сте зависни од тоа, таквото нешто станува ваша слабост. Чувајте се од искушенијата, затоа што тоа се манипулативни замки кои само чекаат да влезете во нив. Наместо да се концентрирате на краткорочна добивка, проценете ги долготрајните последици од прифаќање на примамливата понуда која некој ви ја дава. Ако некој ги знае и ги потхранува вашите искушенија или потреби, може да го контролира вашиот живот и да ви ги диктира условите. Како последица на ова, вие ја губите слободата. Било каков тип на зависност, како што е зависноста од дрога, алкохол, секс или пари, може да ве уништи. Ако доволно пораснете како личност и достигнете соодветен степен на зрелост и се ослободите од зависноста за материјални нешта и опсесивни желби, вие им ставате блок на вашите манипулатори, ги оневозможувате да ви го контролираат животот.

дечко со две девојки 

Обично перење на мозокот

Оваа манипулативна техника многу често ја користат огласувачките и маркетинг агенциите, но и фундаменталистите. Им повторувате и повторувате нешто до бесвест на некоја личност или на маса луѓе, што во еден момент тоа им го поматува рационалното размислување. Единствен начин да се спасите од ваквиот тип на манипулација е она што ви се повторува да го ставите под филтер на разумот. Не ги прифаќајте работите само затоа што некој ви ги рекол. Проверувајте и истражувајте пред да поверувате во нешто. Покажете дека имате самостоен мозок, употребете го.

тв манипулација 

Суптилна емоционална уцена

Суптилното емоционално насилство доста често се случува во врските. Ова е една манипулативна техника која се случува во врските, а честопати останува незабележана. Сакате некоја личност и тој или таа ги злоупотребува вашите чувства за да си истера нешто по свое. Ваквата практика во врската може да трае се до моментот кога жртвата на оваа манипулација рече стоп. Понекогаш им дозволуваме на луѓето да ни го уништуваат животот и да ни ги злоупотребуваат емоциите кои ги имаме за нив. Саможртвата, кога ќе премине одредена граница, повеќе не вреди. Морате да мислите веќе и на себе.

емоционална болка 

Депривација

Депривацијата е уште една од класите на емоционални манипулации со која луѓето се присилени да прават нешта против своја волја. Овој тип на манипулативна психологија е присутен во семејниот и социјалниот живот. Депривацијата се употребува, или поточно злоупотребува, за да принуди некого да се однесува послушно и да прави работи што не ги сака. Оваа ситуација е доста тешка за справување. Да се биде независен и да се создаде сопствен извор на средства е всушност најдобриот начин да се победи оваа безмилосна и понижувачка манипулација.

заробена девојка 

Потхранување на егото – суетност

Една од најнеконтролираните техники за емоционална манипулација е потхранувањето на егото, нешто што може да ја руинира врската. Ве хранат со лаги кои толку многу ви го зголемуваат егото што манипулаторот може да ги повлече конците кога сака и да ве управува како марионета. Накратко, суетата е вашиот крај. Ова може да го избегнете ако сте поскромни за себеси а добар проценувач на другите луѓе.

суетност

Ова се неколку техники за манипулација и махинација на кои мора да обрнете внимание. Но, мора да напоменеме дека манипулацијата може да се искористи и за позитивни цели. Луѓето може да бидат изманипулирани и за добра цел, но тоа е многу ризичен потфат кој ќе го отвори прашањето за тоа дали целта може да ги оправда средствата или не.

Многу е важно да се има свое независно мислење за нештата во вашиот живот и способност да се носат свои судови за да се спасите себеси од ситуација во која би станале жртва на некоја од овие манипулативни техники. Со други зборови, не дозволувајте некој да мисли и одлучува наместо вас, направете го тоа вие самите.

преродена девојка

Обидете се да не дозволите лутината, бесот, страста, алчноста и лагите да ви ја замаглат здраворазумската логика. Тенок е работ по кој се оди, но трикот е во тоа да сослушате секого, разговарате со малкумина а им верувате само на внимателно одбраните неколку или можеби само еден. Независното, трпеливото и дискретно размислување, како и здравото расудување ќе ви се најдат како незаменливи орудија за избегнување на манипулативните стапици поставени насекаде околу вас.

 мамење во искушение

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.