RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАРАКТЕР, ШТО Е ТОА?
Среда, 23 Март 2011
Слика
ДЕПРЕСИЈА И ИНТЕЛЕКТ
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ПРОЗОРЕЦ КОН ИНТИМАТА
Петок, 08 Март 2013
Слика
10 ВКУСНИ ЗАНИМЛИВОСТИ
Четврток, 10 Март 2011
Слика
МОЛЕКУЛ ЗА МЕМОРИЈА
Вторник, 08 Март 2011
Слика
4 ЧЕКОРИ ДО БЛАГОДАРНОСТА
Петок, 11 Ноември 2011
Слика
ГОРЧЛИВИ ГЕНИ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ"
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПАРИТЕ НЕ НОСАТ СРЕЌА
Среда, 12 Јануари 2011
Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура


Сваштарник


МРСНАТА ХРАНА СОЗДАВА ГЛАД PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2894 пати
Петок, 03 Декември 2010 23:56

Веќе добро ни е познато дека мрсната храна дебелее, но ново истражување утврди дека таа воедно ни го зголемува апетитот.

фаст фуд

Ново истражување спроведено од Универзитетот во Синсинати, САД, укажува дека хормонот на гладта наречен грелин се активира од мастите во нашата храна (а не од оние во нашето тело) со цел максимално да го искористи хранливиот метаболизам и овозможи складирање на телесните масти.

Според автор на студијата, наодите тврдат дека нов стомачен ензим (ГОАТ) е одговорен за процесот на активирање на грелин. Ова би можело во иднина да најде корисна примена во третманите за метаболитички заболувања.

Лабораториското истражување, предводено од др. Матијас Шоп, помошник професор по психологија и интерна медицина на Универзитетот во Синсинати, е објавено на интернет.

чоколадна торта

Грелин е хормон за кој се веруваше дека се акумулира за време на постите и обично се наоѓа во високи количества во телото токму пред оброците. Наречен е "хормон на гладта" затоа што се покажа дека кога се внесува во фармаколошки дози влијае врз мозокот да создава чувство на глад и го зголемува конзумирањето на храна кај луѓето и животните.

Хормонот грелин е единствен по тоа што му е потребна ацилација (додаток на масна киселина) од специфичен ензим (грелин О-ацил трансфераза или ГОАТ) за да се активира. Во почетокот се претпоставуваше дека масните киселини кои се поврзани со грелинот преку ГОАТ се создаваат во телото за време на постите.

Новите податоци од Шон и неговиот тим укажуваат дека масните киселини кои се потребни за активација на грелинот всушност доаѓаат директно од дигестираните масти во исхраната. Со тоа се напушти претходното гледиште кое беше општоприфатено скоро една деценија. Според Шоп, се чини дека грелин системот е липиден сензор во стомакот кој го информира мозокот кога калориите стануваат достапни – и со тоа дава зелено светло за други процеси при кои се конзумираат калориите, како растењето.

исхрана

Шоп и неговиот тим искористија глувци со цел да видат како ќе реагираат кога ГОАТ ензимот премногу се лачи. "Тие открија дека, кога се изложени на исхрана богата со масти, глувците без ГОАТ акумулираа помалку масти од нормалните глувци, додека пак оние кај кои ГОАТ беше премногу изразен акумулираа повеќе масти од просечните глувци."

"Штом се изложени на мрсна храна, глувците кои имаат повеќе ГОАТ се здебелуваат," вели Шоп. "Глувците без ГОАТ се дебелеат помалку бидејќи нивните мозоци не примаат сигнал од типот : "Мастите се овде, складирајте ги.""

Шоп вели дека иако неговата студија не може веднаш да се спроведе врз луѓе, при неодамнешните истражувања врз луѓе спроведени на Универзитетот во Вирџинија беа изведени одвоени мерења на активни и неактивни концентрации на грелин. Студиите покажаа дека за време на постите, активните концентрации на грелин не беа високи, но штом ќе се појават масти од храната, нивото на грелин се покачува. Шоп вели дека истражувањата спроведени врз луѓето одат во прилог на новата теорија за грелинот.

мрсна храна

"Нашите проучувања на ГОАТ кај глувците нудат објаснување за тоа што би можело да се случи кога луѓето од другото истражување би постеле подолг период," додава Шоп. "Без мастите во исхраната, грелинот останува неактивен и не влијае врз складирањето на истите."

"Особено не интересира како грелинот би можел да биде вклучен во растечките придобивки од гастричните бај-пас операции," вели Шоп. "Оваа моќна терапија за намалување на тежината го редуцира апетитот и го подобрува метаболизмот пред да дојде до значително губење на тежината. Интригирачки, оваа процедура доведува до тоа храната да ги заобиколи стомачните и желудочни делови кои содржат ќелии на ГОАТ/грелин, со што, врз база на новото истражување, би можела да се спречи активацијата на грелин."

стек

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.