RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО Е ПСИХОКИНЕЗА?
Среда, 05 Јануари 2011
Слика
ЗИМА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ
Понеделник, 21 Февруари 2011
Слика
ИЗБРИШЕТЕ ГИ ГРДИТЕ СЕЌАВАЊА
Недела, 14 Ноември 2010
Слика
БИДЕТЕ ЖРТВА
Среда, 02 Март 2011
Слика
ИНФЕРИОРНОСТ, ШТО Е ТОА?
Петок, 01 Април 2011
Слика
ВЕДСКА КУЛТУРА
Среда, 03 Август 2011
Слика
ВАШЕТО СЕДИШТЕ И ВИЕ
Петок, 28 Јануари 2011
Слика
ШЕФОТ ШТЕТЕН ЗА БРАКОТ
Вторник, 10 Јануари 2012
Слика
ТЕ ПРЕПОЗНАВ! НО, КАКО ГО НАПРАВИВ ТОА?
Понеделник, 16 Јануари 2012

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо


Сваштарник


ДЛАБИНСКА ПСИХОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
(7 гласови, просечно 4.71 од можни 5)
прочитано 5639 пати
Вторник, 29 Јануари 2013 18:04

Едноставен опис на длабинската психологија е дека тоа е дисциплина која го проучува пред се несвесното, а веројатно ви е попозната како психоанализа.

несвесното 

Длабинската психологија, иако така може да прозвучи, не е посебна гранка на психологијата, туку таа претставува пристап за справување со менталните болести преку истражување на основните мотиви на човечкиот ум.

Длабинските психолози преку процесот на откривање на основните мотиви се обидуваат да дојдат до начин за оздравување на умот. Разбирањето на когнитивните и бихејвиоралните процеси обезбедува подотворена врата кон длабочините на човековиот ум, а терапијата која ја користи длабинската психологија се служи со средствата на психоанализата.

 Сигмунд фројд

Длабинската психологија може да ја опишеме и како процес на продирање во длабочините на умот и негово будење. Зголемувањето на свесноста е една од примарните цели на овој пристап. Како што може да се претпостави, предметот на длабинската психологија може да се разбере единствено преку негово проучување од различни аспекти, што не е нималку лесна задача имајќи го во предвид неговиот обем.

ум

Ако сакаме да ја разбереме, да се осврнеме најпрвин на еден од основните концепти во длабинската психологија, архетипот. Во основа, тој претставува одреден образец на однесување и замисла. Според Јунг, архетипот е збир на идеи кои се наследуваат несвесно. Тој е своевиден модел на одредени аспекти на личноста.

Јунговата психологија и длабинската психологија честопати се користат како синоними. Ова, се разбира, не е оправдано, но со оглед дека Јунговиот пристап речиси целосно му е посветен на спознавање со несвесното не е тешко тие да се поистоветат. Понекогаш, истото се прави и со Фројдовиот пристап.

 сенката

Според Карл Јунг, несвесното се дели на два типа, колективно несвесно и индивидуално. Второво се состои од сите искуства и сеќавања на одредена личност како единка. Додека, колективното несвесно пак, ги содржи истите нешта но во поголема општост како образец кај поголема група на луѓе, а некогаш се мисли и на сите луѓе. Тоа се на некој начин универзалните вистини на несвесното. Тој посветил многу време на анализата на соништата за да ги разбере архетипите и моделите на однесување кои ги диктираат но и моделите на размислување кои произлегуваат од нив и како лична категорија и како мост за разбирање меѓу луѓето.

Јунг

Постојат неколку видови на длабинска психологија кои секој од своја страна овозможуваат подобро разбирање на целиот концепт на длабокото, несвесното во нашиот ум:

  • Трансперсонална Психологија – е област во длабинската психологија која ги проучува трансперсоналните искуства и феномени. Овие искуства се такви што чувството за идентитет на себството се протега над (транс) индивидуалното и личното со цел да опфати аспекти на човештвото, животот, душата и космосот. Трансперсоналните феномени се однесуваат на причините, последиците и врските меѓу трансперсоналните искуства како и нивниот развој.

    трансперсоналност 

  • Гешталт Психологија – се занимава со суштината или обликот на целосната форма на одреден ентитет. Тоа е пред се холистички пристап каде што целината е повеќе или поинаквост отколку нејзините составни делови. Оваа област се занимава со проучување на законите кои ја овозможуваат нашата способност да се здобиваме со и одржуваме стабилна перцепција во еден сложен, постојано променлив свет. Како таква, стои во директна опозиција на структурализмот. Треба да се напомене дека, иако под влијание, гешталт терапијата не е форма на гешталт психологијата, тоа се две одвоени работи.

     како работи потсвесното

  • Егзистенцијална Психологија – е област која е своевидна синтеза на психологијата и филозофијата на егзистенцијализмот. Според егзистенцијалната психологија внатрешните конфликти во личноста се јавуваат заради судирот со утврдените факти на постоењето. Егзистенцијата и претходи на есенцијата според овој филозофски правец, па смислата на постојното му доаѓа од човекот, кој за разлика од светот на стварите кои немаат смисла по себе, е во постојан процес на менување и развој. Во фокусот на оваа област се наоѓа доживувањето на светот на конкретниот поединец, неговата ситуација, особено испитувајќи ги проблемите на човековата слобода.

    Сартр 

  • Хуманистичка психологија – е област која го проучува човечкиот ум од аспект на неговата уникатност. Според Хуманистичката психологија човечките суштества се поразлични од сите други организми па за да се проучат потребно е да се применуваат поинакви средства. Ја застапува тезата дека луѓето во основа се добри. Во однос на човековото постоење, пристапот е холистички, а особено внимание им се посветува на феномени како креативноста, самоактуелизацијата, човечкиот потенцијал и слободната волја. Своевремено се сметала како трета сила покрај фројдовата психоаналитичка теорија и бихејвиоризмот.

 јинг и јанг во умот

Длабинската психологија е едно од најинтересните подрачја на психологијата по својот предмет на проучување бидејќи се занимава со откривање на случувањата во несвесниот ум и дава длабинско сфаќање за тоа како умот ги создава мислите и концептите кои потоа се преточуваат во различни форми на однесување. Занимавањето со суштинските проблеми кои го чинат и карактеризираат самото јадро на човековото постоење, ја прави една од најважните дисциплини во психологијата.

 длабинска психологија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.