RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НОВ ЛЕК ЗА ДЕПРЕСИЈА
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ПРОШЕТКА ЗА МЕМОРИЈА
Вторник, 15 Март 2011
Слика
ЧУДНИ МОЗОЧНИ ФЕНОМЕНИ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ЕМОЦИИ И ПРЕДИЗВИЦИ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ГООООЛ!
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ВИСТИНА ИЛИ ПРЕТПОСТАВКА
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
КАЛЕНДАР НА ТАЖНИ ДЕНОВИ!
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА
Четврток, 21 Јули 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг


Сваштарник


КАЗНА ИЛИ НАГРАДА, ПРАШАЊЕ Е СЕГА! PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3796 пати
Петок, 26 Октомври 2012 20:34

Сите ние учиме од нашите искуства кои ни го обликуваат однесувањето.

 казна или награда

Овие искуства се различни во однос на различните дразби, кои лесно може да се искористат за да се промени човековото однесување. На најбазично ниво, се работи за позитивно или негативно условување, преку казна или награда, соодветно. Но, што е поефикасно и функционира подобро во однос на однесувањето?

Повеќе или помалку познат факт е дека однесувањето на некое дете, студент, работник, зависник, домашен миленик итн., може да се обликува, промени или одвикне од некоја навика, преку едноставно условување. Но, прашањето е која патека да се одбере, позитивната или негативната?

 тренирање куче

Повеќето луѓе се учат да се воздржуваат од одредено однесување преку казни кои од друга страна им создаваат негативни чувства. Ова можеби помага да се одржи дисциплината во домот, во училиштето или работните организации, но не ја решава долгата дебата околу тоа дали патот со казни е подобар отколку оној со награди.

Ако сте ревносен поддржувач на казнувањето како начин за обликување на нечие поведение, веројатно ќе треба целосно да си го смените системот на верувања, затоа што поновите истражувања на таа тема, особено студијата направена од истражувачите од Харвард, открива дека повеќето луѓе функционираат подобро во средина која се состои од позитивни елементи кои служат како награди. Б Ф Скинер, еден од пионерите на оперантното условување и голем поборник на радикалниот бихејвиоризам, се обидел да ја разбере врската помеѓу условувањето и модификацијата на однесувањето. Тој исто така ја вовел и новата школа на психологијата наречена „експериментална анализа на однесувањето“ која го проучува ефектот на наградата и казната врз психата на човекот. Оттогаш, случајот „казна или награда“ нашироко се дебатира особено во но и вон светот на психологијата.

Скинерова кутија 

Дали наградата е подобра од казната?

ДА. Една личност е мотивирана да научи одредено ново однесување доколку постои можност за тоа да добие одредена за неа вредна работа. Оттаму, наградата е најдобар начин за изразување благодарност или оддавање признание за напорите на одредена личност во позитивно светло, наградите се подобри од казните!

Но, за наградите да го постигнат ефектот потребно е да бидат исполнети три услови:

  • Субјектот МОРА да биде заинтересиран за наградата
  • Наградата мора да биде дадена ПОСЛЕ остварувањето на посакуваната активност
  • Учинокот мора да ги НАДМИНУВА нормалните стандарди

дете добива пехар 

Неуспехот да се постигне одреден посакуван резултат се појавува заради неисполнување на сите три предуслови. Исто така, мора да се нагласи дека, дадената награда не само што го менува однесувањето, туку исто така води кон создавање на вредности кои го поставуваат трендот на награди кој мора да се почитува при идното наградување за да се одржи насоката на позитивното поткрепување. Иако наградата е ефикасно средство да се промени или обликува нечие однесување, треба да се има на ум дека некои вонсериски резултати надвор од способностите на субјектот не треба да се очекуваат.

куче скока преку пречка 

Аргументи ЗА наградувањето

Приликата да се даде награда може да се искористи исто така како оптимална предност при учењето на одредени вредности кои оставаат траен печат врз однесувањето на одредена личност со што може да бидат набљудувани на подолг рок. Преку ова може да бидете сигурни дека користа од наградувањето нема да биде лимитирана на краток интервал од времето.

 шелдон и пени

На пример, вработениот во фирма работи за награда која е примамлива месечна плата. Се додека таквата награда е од вредност за него, тој ќе се труди да биде што попродуктивен и ќе пружа оптимални перформанси со цел да постигне максимална награда. Меѓутоа, кога платата ќе изгуби од вредност за него, без оглед од која причина, тој ќе почне да забошотува и дури може и да даде отказ. Слично, некои студенти честопати постигнуваат добри резултати заради наградата во вид на врвни оценки, додека просечните и потпросечните студенти можеби и не ги привлекуваат врвните оценки. Во едно вакво сценарио, употребата на наградата како мотивационо средство за постигнување позабележителни резултати е подобрата опција во однос на нивно осудување за постигнатиот неуспех.

 шампион

Аргументи ПРОТИВ наградувањето

Не е се позитивно во наградувањето, тие исто така може да имаат и негативен ефект. Додека погорните примери илустрираат појава на пријатен настан со наградувањето на дадена активност, негативните награди се однесуваат на отстранување на негативни објекти или превенција од појава на негативен ефект наместо посакуваното постигнување. Ова се нарекува негативно поткрепување (не казна). За разлика од него, казната единствено помага да се намали појавувањето на некоја активност или однесување преку примена на непосакуван стимул.

 лабораториски стаорец без работа

Ефективноста на казната може да се дедуцира од она што го утврдила една студија направена во однос на оваа проблематика од страна на Универзитетот Тулен. Имено, било откриено дека децата кои биле „потплеснувани“ како казна на возраст од околу 3 години станувале многу поагресивни кога биле набљудувани после 2 години. Ова, веројатно ја објаснува и појавата зошто двојките се расправаат многу повеќе откако едниот од партнерите во врската ќе почне да негодува. Студијата открива дека казната како што е плеснувањето на детето е неефикасен метод за промена на однесувањето кај децата, особено оние што се помлади од 12 години и не би требало воопшто да се користи, затоа што служи го стимулира лошото однесување во подоцнежните години.

 лошо однесување на ученици

Влијанието на казната

Но, ако казната се употребува на деца постари од таа возрасна граница или на младите луѓе, таа носи една анксиозност која се базира врз прашањето „А што ќе се случи ако не употребам казна?“. За да се случи промена на однесувањето со некое ново, изворот на поттик кој се употребува мора да биде константно применет кон субјектот, без оглед дали се работи за казна или награда. Доколку постои неконзистентност, однесувањето може да се промени само привремено или пак воопшто да не се промени. Но, и неконзистентна награда или казна може да биде ефективна доколку се применува од страна на некој моќен и високоавторитативен извор. Во поинаков случај, посакуваниот резултат може претежно да се постигне преку наградување затоа што повеќето луѓе се подложни да научат нешто од позитивните искуства многу побрзо отколку од негативните.

 наставник кара ученици

Казната со себе носи негативни чувства и во најчест случај се покажува како стопроцентен неуспех, особено помеѓу децата. Луѓето најчесто сакаат да се спротивстават на било која форма на контрола. Казната може да донесе само насилна дисциплина која во еден момент тргнува на лошо, особено врз оној кој ја применувал казната, кога веќе одредена личност не може да го поднесе стресот и се вклучува во состојба на „борба или бегство“.

бунтовно дете 

Покрај ова, ако сте еден од оние родители кои користат казни, особено физички тип на казнување за да си ги контролирате децата, треба да знаете дека на тој начин вие го попречувате нивниот ментален развој и развојот на интелигенцијата. Во дебатата награда или казна, наградата се истакнува како посупериорна техника за модификација на однесувањето и наголемо ја носи победата.

Доколку сте родител, треба да знаете дека од детето ќе го добиете она однесување кое го наградувате. Но пред се треба да сте начисто и да ви е недвојбено јасно што сакате да постигнете па потоа систематски да го наградувате таквото поведение.

 мајка кара дете

Математика на наградувањето

Кога се работи за наградите треба да се знае дека тие не се ефективно средство доколку се користат како форма на поткупување. Во тој случај водат кон развој на алчност. Сите промени на однесувањето ќе бидат водени единствено заради привлечноста на наградата и нема да донесат било какво реално менување на однесувањето.

Личноста не мора да се приклони кон казнување за да спречи појава на некое идно несакано однесување. Ова може да се постигне преку едноставна промена на мотивите за даденото однесување наместо да се прави обид да се спречи или заузда самото однесување. Што би се рекло, да се третира причината а не симптомите.

поткуп 

Мора да се води грижа лошото однесување да не се етикетира експлицитно како „непосакувано“ затоа што може да предизвика разгорување на обратна психологија. Бихејвиоралните мотиви може да бидат менувани преку давање на награди за посакуваното поведение, па потоа постапно, да се намалуваат се до моментот кога субјектот веќе не е мотивиран да го манифестира непосакуваното поведение.

Наградувањето пак на позитивното однесување, може да се покаже како меч со две острици, затоа што сигурно не би сакале да создадеме нови генерации кои се заинтересирани единствено за наградите за да се однесуваат добро. Пречестото наградување на некој кој лошо се однесува за да му ја поправиме моралноста исто така не е фер постапка кон оние кои се однесуваат добро без стимулот на наградата.

 учење

Повеќето луѓе имаат склоност кон контролирање и сакаат да го поправаат однесувањето и постапките на другите за кое сметаат дека може да доведе до подоцнежна дисхармонија. Кога нечие однесување ве иритира, обидете се да го игнорирате активно, преку покажување одобрување и почит за неговите или нејзините постапки кои ве воодушевуваат давајќи им до знаење со зборови или подароци. Во секој случај, секогаш имајте на ум дека наградата е многу поефикасен начин да смените нечие однесување отколку казната.

 казна или награда

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.