RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КОГА ЛАГИТЕ ЌЕ СТАНАТ ВИСТИНА
Среда, 12 Декември 2012
Слика
ОМЕГА 3 ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
МИТ ЗА ПОЛОВИТЕ
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
МАЈКИТЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
САДИЗАМ И МАЗОХИЗАМ
Среда, 06 Март 2013
Слика
СМЕЕЊЕТО Е ЛЕК ЗА СРЦЕТО
Вторник, 16 Ноември 2010

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард


Сваштарник


СУПЕР-ИНТЕЛИГЕНТНИТЕ МАЖИ ИМААТ НАЈКВАЛИТЕТНА СПЕРМА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3725 пати
Петок, 28 Септември 2012 11:17

Високо чело, широка брада и продорни очи и многу, многу памет во главата. Ако сте жена која ги бара најдобрите гени за своето идно дете, и ако сте нашле ваков партнер, не барајте повеќе, тоа е тоа.

интелигентен и привлечен

Како дојдоа истражувачите до ова откритие?

Во 1985 година, американската влада почна со изведување на истражување кое го нарекоа Студија за Виетнамското Искуство, во која ветераните од војната со Виетнам биле тестирани на повеќе начини при што требало да направат тест за интелигенција, батерија од разни психолошки тестови за личноста, а покрај ова и да обезбедат примерок од својата сперма. Собраните податоци, години потоа, ги искористиле Розалинд Арден и нејзините колеги од Кралскиот Колеџ во Лондон. Иако предмет на нивната студија не била врската помеѓу интелигенцијата и квалитетот на спермата, таа била воспоставена и претставувала изненадување за сите. Имено, јасно се утврдило, спермата на интелигентните мажи е поквалитетна од оние со пониска интелигенција.

 сперматозоиди и јајце клетка

Што всушност значи „квалитетна сперма“?

За сперма со висок квалитет обично се смета сперма која содржи доволен број на сперматозоиди кои се добри пливачи. Андролозите вемаат во предвид и некои други фактори. Здравјето на секој поединечен сперматозоид е важно, исто како и неговата способност за интеракција со јајце клетката. Главата треба да има овална форма а опашот да биде долг. Мажите можат да влијаат врз квалитетот на својата сперма со придвижување на работите во позитивна насока за таа цел. Тесна долна облека, долготрајни периоди на седење, лаптоп на колената, алкохол, дрога, стрес, лош начин на исхрана и многу други познати и непознати фактори влијаат врз квалитетот на спермата. Имајќи го предвид бројот на овие фактори за научниците отсекогаш било тешко да го детерминираат влијанието на интелигенцијата во целата приказна.

квалитетен сперматозоид

Интелигенцијата и квалитетната сперма

Авторите на студијата, која всушност проучувала нешто друго, не сакаат да застанат зад тврдење дека интелигенцијата има толкаво влијание врз квалитетот на спермата, но повторуваат дека проучувајќи ги податоците дошле до неоспорна фактичка релација на позитивна поврзаност. Недвојбено, мажите со висока интелигенција имале поквалитетна сперма од другите. Зошто е тоа така?

Многумина ќе речат генетика или еволуција. Идејата зад ова тврдење е дека група на гени која е одговорна за квалитетот на спермата е некако поврзана со групата гени задолжена за интелигенцијата па нивна комбинација овозможува подобар успех во борбата за опстанок на најдобрите. Логично е зошто подобрата сперма е поприкладна за репродукција а со тоа и опстанок на видовите.

Бред Пит

Како и да е, работите не се толку кристално јасни во однос на интелигенцијата. Или барем постои групација од експерти која се труди да не бидат толку јасни. Денес многумина користат различни тестови за интелигенција а струјата која наместо премисата за генерална интелигенција, која беше многу доминантна порано, ја застапува идејата за повеќе типови интелигенција е многу влијателна.

Во крајна линија, информацијата до која несакајќи дошле истражувачите од Лондон, е многу корисна како за идните мајки така и за идните татковци, за последниве особено добар извор на самодоверба доколку спаѓаат во посакуваната група. При планирањето на тоа со кого сакате да направите бебе, другите фактори паѓаат во втор план, главното прашање кое евидентно го стимулира еволуцијата е колку е тој интелигентен. Притоа, имајте во предвид дека знаењето и сировата интелигенција се два различни поими. За биолошки здрави бебиња, очигледно интелигенцијата е факторот кој треба да го земете в предвид при планирање на вашето семејство.

мозок сперматозоид шампион

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.