RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
РАКОТ И ОРАЛНИОТ СЕКС
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ВИЕ И ВАШАТА КРИМИ СЕРИЈА
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
НЕПОЖЕЛНИ ВОЛОНТЕРИ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ФАЛБАЏИСКИ ТВИТЕР
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
6 НАЈТЕШКИ ТИПОВИ ЛУЃЕ
Среда, 15 Декември 2010
Слика
УБАВИНА И ПАМЕТ ВО ПАКЕТ
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
САБОТАЖА НА РАБОТНОТО МЕСТО
Вторник, 18 Октомври 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


НОЦЕБО - ЛОШИОТ БЛИЗНАК НА ПЛАЦЕБОТО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4229 пати
Четврток, 20 Септември 2012 05:39

Веројатно сте чуле за плацебо ефектот, но дали знаете дека постои и друга страна на приказната?

спротивности

Плацебо ефектот настанува кога ќе се примени супстанција или процедура која сама по себе нема реално влијание врз состојбата на пациентот или испитаникот но дава позитивни резултати заради психолошкиот ефект кој го предизвикува. Овој ефект е многу реален и мерлив во физиолошка смисла и не се состои само во изјава дека некој се чувствува подобро.

Е сега, како што работата може да тргне на подобро, може и на полошо. Ако ефектот кој се предизвикал оди во негативен правец, тогаш зборуваме за ноцебо ефект. Понекогаш наречен „негативен плацебо ефект“ а ние ќе го викаме „лошиот близнак на плацебото“.

плацебо сина и црвена пилула

Ноцебо ефектот ќе го дефинираме како негативен ефект кој се појавува по добивање на одреден третман (супстанција, терапија, процедура...), дури и кога се работи за целосно инертен третман (неактивен или лажен).

Важно е да се напомене дека негативниот ефект кој се појавува кога ќе се земе некоја активна супстанција, и кој претставува нејзина нуспојава, може честопати барем делумно да се припише на комбинација од ефектот на составот на таа супстанција (специфичен) и ефектот на ноцебото (неспецифичен).

 плацебо ноцебо пилули

Студиите кои се занимаваат со ноцебо ефектот укажуваат на неговиот значителен придонес кон цела лепеза на симптоми, негативен развој на настаните при клинички испитувања и болничка нега, како и случаи на избувнување на „масовни психогени болести“ кои се проблем за јавното здравство. Примарниот механизам на ноцебо ефектот се состои во негативни очекувања или сугестии. Но, постојат и други механизми кои честопати се инволвирани во целокупниот негативен одговор на даден третман.

 доктор пилула

Терминот ноцебо на латински значи „Јас ќе повредам“ и е скован од Валтер Кенеди во 1961 година, во духот на терминот плацебо кој на латински значи „Јас ќе задоволам“ а е воведен неколку години претходно со истражувањата на Хенри Бичер.

Интересно, според Кенеди всушност не постои „ноцебо ефект“ туку само „ноцебо одговор“. Истото важи и за плацебото. Некои автори се сложуваат со него и ги користат овие термини наместо нашироко прифатениот „ефект“, но вреди да се напомене дека се мисли на истата појава и во двата случаи, односно се третираат како синоними.

Кенеди смета дека ноцебо реакцијата е зависна од субјектот и самиот термин ноцебо се однесува на „инхерентен квалитет содржан во самиот пациент а не во лекот“.

 киану ривс плацебо ноцебо

Има и такви кои не се сложуваат со дихотомизација на поимот, односно сметаат дека користењето на плацебото и ноцебото како спротивни термини е контрапродуктивно. На пример, истиот третман кај некои луѓе ќе предизвика аналгезија, кај други хипералгезија. По дефиниција, аналгезијата би била плацебо а хипералгезијата ноцебо ефект. Друго, истиот ефект за една личност може да биде посакуван а за други непосакуван ефект. Сходно на тоа, во првиот случај ќе биде плацебо, а во вториот ноцебо.

плацебо хумор

Плацебо-ноцебо ефектот е запрепастувачки пример за интеракцијата меѓу умот и телото. Со проучување на овие ефекти имаме можност подобро да разбереме како медицинските симболи влијаат врз мозокот на пациентот, или поинаку кажано, како позитивниот или негативниот психосоцијален контекст може да ја промени интеракцијата меѓу мозокот и телото.

позитивно и негативно размислување

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.