RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПО ЖЕЛБА
Вторник, 09 Август 2011
Слика
МОЗОКОТ СУДИ И КАЗНУВА
Среда, 19 Октомври 2011
Слика
КОНТРОЛА НА ЕМОЦИИТЕ
Вторник, 19 Март 2013
Слика
КАКО УТВРДУВАМЕ КОЈ Е ГЛАВЕН?
Вторник, 13 Ноември 2012
Слика
3 ФАЗИ ВО ЉУБОВТА
Вторник, 16 Август 2011
Слика
ОСНОВНИ ОДБРАНБЕНИ МЕХАНИЗМИ
Четврток, 24 Ноември 2011
Слика
ДЕВОЈКИ, САМО НАПРЕД
Вторник, 07 Декември 2010

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд


Сваштарник


КАКО ТИ БЕШЕ ИМЕТО!? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3620 пати
Среда, 05 Септември 2012 02:55

На повеќето од нас ни се случило, да се запознаеме со некого и после неколку секунди да не ни текнува на името. Упорно пребаруваме низ мозокот обидувајќи се да се сетиме, но не ни доаѓа на памет ни првата буква. После тој фрустрирачки процес обично си го поставуваме прашањето: „Зошто ми е толку тешко да запомнам нечие име?“.

безимена етикета

Може да помислите дека тоа ви е „вродена мана“, но не во овој случај, барем не според професорот по психологија на Државниот Универзитет на Канзас, Ричард Харис. Тој вели дека не значи дека е во прашање вашата способност да запомните нечие име, туку нивото на интерес да го сторите тоа.

Според Харис, некои луѓе едноставно се социјално посвесни и позаинтересирани за односите со другите луѓе и полесно им е да ги запаметат имињата на оние што ги запознаваат.

запознавање на забава 

Ова обично доаѓа во израз кај луѓе кои се бават со одредени професии како политичари или професори на пример, каде што знаењето на имињата им е од корист или пак е потреба. Затоа, доколку некој не успева да запамети нечие име, не треба веднаш да се избрзува со заклучокот дека има послаба меморија.

Секој е добар во запомнување на одредени работи, се работи само за нивото на интерес. Тоа е клучниот фактор за нешто да ви се залепи за мозокот. Со други зборови кажано, колку повеќе ве интересира нешто, толку подобро ќе го запаметите. Ако уживате во некоја област, дури нема ни да почувствувате напор при запомнувањето, ќе ви се чини како да не е ни вклучена меморијата во целата работа. Сходно на тоа, ако запознавањето на нови луѓе не ве интересира многу, нема ни да им ги запомнувате имињата, па тоа може да ви стане и непријатна навика.

 забава

Излезот од оваа ситуација може да се најде во користење на стратегии за тренинг на меморијата, како што се на пример мнемоничките техники.

Друга техника е на пример веднаш да го употребите во говорот името кое сте го слушнале, обратете му се по име на соговорникот склопувајќи било каква реченица и веројатноста дека сеуште ќе се сеќавате на неговото или нејзиното име и после 5 минути ќе биде многу поголема. Како и да е, можеби најдобра стратегија од сите е да покажете малку поголем интерес за луѓето, со оглед на тоа дека токму тоа е во основата на проблемот, а не вашата меморија.

 заборавеност

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.