RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКСУАЛНА АНОРЕКСИЈА
Четврток, 08 Август 2013
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МАЈКИТЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
(НЕ)УСПЕШЕН ФЕЈСБУК
Сабота, 07 Мај 2011
Слика
ПОЦРВЕНЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ
Среда, 31 Август 2011
Слика
ПЛАТА И СТРЕС
Сабота, 12 Март 2011
Слика
И-МЕЈЛОВИТЕ НЕ ЛАЖАТ (ТОЛКУ МНОГУ)
Понеделник, 01 Ноември 2010
Слика
СПИЕЊЕ СО ЏЕКИ = БОЛЕСТ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
ЗАКОН НА ПРИВЛЕЧНОСТА
Среда, 13 Април 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ПАРИТЕ ДА ВИ ЈА УНИШТАТ ВРСКАТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7171 пати
Вторник, 26 Јуни 2012 23:41

Парите го вртат светот, но несогласувањата околу парите може да ја уништат и најдобрата врска.

двојка се расправа околу пари 

Кај дури 70% од двојките, парите предизвикуваат тензија во нивната врска. Најчест начин за справување со оваа тема им е целосно нејзино избегнување, особено во раната фаза на врската.

Но, како да се почне разговор за оваа тема, а без да се наруши некоја врска која може да биде длабоко исполнувачка од друг аспект. Еве неколку совети.

 пар во кавга за пари

Бидете сигурни дека проблемот е навистина во врска со парите.

Многу често, несогласувањата околу парите имаат малку врска со самите пари а повеќе со одредени прашања околу контрола, сигурност, самодоверба и љубов. Размислете добро пред да се впуштите во дискусија околу парите со вашиот партнер, за да бидете сигурни дека не се работи за некој друг суштински проблем. Бидете искрени кон себеси во однос на тоа каков личен однос имате кон парите. Прашајте се себеси како вашите родители се справувале со парите, што значело тоа за вас додека сте растеле, и како сте се справувале во вашите врски во минатото.

баба и дедо со пари 

Најдете погодно време за дискусијата околу парите.

Двојките обично не разговараат отворено околу парите. Целта е да имате смирена, релаксирана дискусија со вашиот партнер кога нема особено итни проблеми околу парите. Најдобро е да седнете со својот партнер или партнерка и да имате разговор околу парите во кој заедно ќе продискутирате за различни сценарија околу парите (влегување во црвено на банковната сметка, отпуштање од работа особено ако е некоја со висока плата, што доколку ја изгубите кредитната картичка, кои се добрите и лошите страни на имање посебни сметки со партнерот а се наоѓате во сериозна врска, итн.) Ако сте загрижени за потрошувачките навики на вашиот партнер, неговите одлуки во врска со финансиите или улогата во менаџирањето со парите, особено ако се работи за нова врска, изразете ги вашите размислувања токму низ еден ваков смирен разговор.

 пар со финансиски проблеми

Имајте на ум, дека не сите луѓе се чувствуваат удобно во разговор околу парите, особено во почетната фаза на врската. Бидете трпеливи и упорни. Ако и после неколку обиди да се разговара на таа тема на смирен начин, сепак вашиот партнер реагира дефанзивно, тогаш тоа може да биде показател дека тој или таа не може да има искрена комуникација и за ред други нешта.

пар анализира финансии 

Разберете ја перспективата на партнерот.

Многу студии покажале дека кога се работи за парите, мажите и жените имаат различни гледишта. За жените тоа е знак на сигурност и стабилност. Тие сакаат да штедат за некои итни ситуации и стануваат загрижени доколку се појават финансиски проблеми. Мажите пак, од друга страна, се однесуваат многу поризично во однос на парите и на нив прашањата околу парите гледаат како закана кон нивната самопочит. Затоа, обидете се да ја разберете перспективата на својот партнер. Компромисот честопати е есенцијална работа. Не е ништо страшно ако не се согласувате околу некои прашања, но не дозволувајте тие да се испречат пред вашите цели како врска во сите аспекти.

маж и жена со тегла пари 

Поставете си правила и ограничувања.

Кога еднаш ќе станете сериозна двојка, многу е важно да работите заедно на пронаоѓање општи правила за трошење и воспоставување на граници. Ова е прашање на договор кај секоја двојка. На пример, може да се договорите за одредена сума за која не е потребно да го известите партнерот или да се консултирате со него. Се што е над таа сума, мора да го продискутирате со партнерот пред да ги потрошите парите. За некои двојки од голема важност е да одржуваат буџет, кој вклучува и внесување на сите трошења на неделна или месечна база. Продискутирајте ги овие опции со вашиот партнер.

 пари и срце на вага

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.